Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид

Неверојатната кариера на Лука Модриќ ќе го доведе до уште еден голем подвиг во неговиот следен натпревар со Реал Мадрид - без разлика дали тоа е на 19 октомври против Селта, на 22-ри против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите .

Неверојатната кариера на Лука Модриќ ќе го доведе до уште еден голем подвиг во неговиот следен натпревар со Реал Мадрид - без разлика дали тоа е на 19 октомври против Селта, на 22-ри против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите или следната сабота на „Ел Класико“.

Кога следниот пат ќе се појави на натпревар за „кралскиот клуб“, Модриќ ќе стане најстариот играч во историјата на 15-кратниот шампион на Европа. Хрватот во овој показател ќе го надмине Ференц Пушкаш, една од легендите на „белиот балет“.

Во мај 1966 година, Пушкаш одигра четвртфинален натпревар од Копа дел Реј (тогаш Копа генералисимо) на гостувањето кај Бетис на возраст од 39 години и 37 дена. Модриќ ќе има 39 години и 40 дена кога ќе излезе на теренот против Селта во 10. коло од Ла Лига.

Во април оваа година, Модриќ веќе стана најстариот играч на Реал Мадрид на европските турнири, кога влезе во игра место Џад Белингем на првиот натпревар против Баерн Минхен. Тогаш повторно го подобри постигнувањето на Пушкаш од 1965 година.

Мицкоски: До средината на ноември субвенции за околу 20 000 земјоделци

До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20 000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски.

Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.

-Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пчениц, со јаболкото сега засега ситуација е одлична, изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.

Израел изврши нови напади во Либан и Појасот Газа

Израелската армија денеска соопшти дека ги продолжува нападите врз шиитската милиција Хезболах во Либан и палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа.

Во јужниот дел на Либан, Насер Абед ал Азиз, заменик командант на Хезболах во областа Бинт Џбеил во близина на заедничката граница, е убиен во најновите операции, се вели во соопштението на војската.

Копнените трупи поддржани од воздухопловните сили убиле и бројни борци и откопале складишта за оружје на милицијата поддржана од Иран, се додава.

Во Газа, каде што израелските сили во средата го убиле лидерот на Хамас, Јехја ал-Синвар, копнените трупи убиле неколку „терористи“ во јужниот град Рафа и во Џабалија на северот од затворената крајбрежна област, соопшти војската.

Израелската армија извести дека најмалку 115 гранати биле истрелани денеска од јужниот дел на Либан. Целите на нападот беа претежно во северниот дел на Израел, каде во текот на утрото се слушаа сирени за воздушен напад.

Еден човек загина откако беше погоден од остатоци од ракета истрелана од Либан, која падна во близина на градот Акра. 50-годишниот маж, кој беше тешко повреден во својот автомобил во експлозијата, подоцна почина, соопшти израелската служба за итни случаи.

За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице

За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

На наплатната рампа Кадрифаково, вчера околу 13.00 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запреле и извршиле контрола на автобус марка „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З.(42) од Свети Николе.

Како што денеска соопштија од МВР, во рамки на контролата било утврдено дека тахографот не бил баждарен, односно возачот не поседувал потврда за проверка. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

притисни ентер