Панкс Бекјард Ултра - атлетска трка на издржливост, сила и волја кај Негорски бањи

Организаторите на Панкс Бекјард Ултра, здружението ТРЕКС од Скопје и АК 7 Ноември - Гевгелија, соопштија дека се пријавени се 70тина натпреварувачи од пет држави.

Гевгелија и Негорските бањи втора година по ред овој викенд ќе бидат домаќини на Панкс Бекјард Ултра - уникатна атлетска трка којa бара од учесниците да ја завршат патеката долга 6,7 километри во временскиот период од еден час, но трчајќи повторно и повторно следен круг се додека не остане само еден учесник, кој ќе се смета за победник на трката со истрчани најголем број на кругови.

Организаторите на Панкс Бекјард Ултра, здружението ТРЕКС од Скопје и АК 7 Ноември - Гевгелија, соопштија дека се пријавени се 70тина натпреварувачи од пет држави, а очекувањата се дека неколкумина од нив ќе истрчаат најмалку 24 круга односно 24 часа и околу 170 километри. Ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдат во Негорски бањи и да се придружат во бодрење на натпреварувачите.

Официјалниот старт е денеска и е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје во соработка со АК 7 Ноември - Гевгелија.

Новина оваа година е што Панкс Бекјард Ултра ќе биде домаќин на Националното првенство во ултрамаратонски трки во бекјард како дел од Светското првенство. Секоја држава одбира репрезентација од 15 луѓе кои ќе трчаат на бекјард организиран во својата земја, како дел од светското сателитско првенство кое ќе се одржува истовремено во 64 држави од светот.

Организацијата на Punk's Backyard Ultra ги замолуваат возачите на моторни возила да бидат внимателни и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на регионалниот пат Р1102 помеѓу Негорци и Мрзенци кај (јужната) крстосница за влез и излез во Негорските бањи поради тоа што учесниците на натпреварот ќе преминуваат на патот на тоа место.

Во прилепскиот регион константен е проблемот со малолетнички бракови

Останува проблемот со малолетничките бракови во Прилеп и општините Кривогаштани и Долнени, а целата заедница треба да ги зајакне превентивните мерки.

Иако бројките на регистрирани малолетнички бракови последните три години се исти, секоја година по 10 малолетнички брака, голем е проблемот што не се знае колкав број малолетници живеат во вонбрачна заедница, смета Јасминка Митреска, социјален работник, раководител на служба за социјална заштита при Центарот за социјални работи во Прилеп.

Анализирајќи ги состојбите, вели таа, оние што склучиле малолетнички брак од муслиманската националност немаат завршено деветто одделение, а оние од ромската националност немаат ниту почнато образование.

- Во нашава и уште во другите две општини, Кривогаштани и Долнени, последниве три години бројот е константен. Единствено што се менува за малолетничките бракови е според националноста. Во 2022 и во 2023 година, 70 насто од малолетничките бракови се од муслиманската националност, додека, пак, оваа година 60 насто се од ромската националност, вели Митреска.

Според законот, во брак може да стапат малолетници од 16 години, но покрај сета документација, треба да имаат и согласност од родителите. Во Центарот советодавно работи тим од социјален работник, психолог, педагог и правник. За состојбата со малолетничките бракови, Митреска како главна причина го посочува семејството.

- За оваа појава сметаме дека родителите се недоволно насочени кон децата дома. Се преокупирани, можеби, по други обврски, по работа, обезбедување егзистенција и не обрнуваат доволно внимание каде им се децата, што прават во слободното време, дали се на училиште. Пред сѐ, сите проблеми почнуваат од семејството. Анализирајќи ги состојбите, оние што склучиле малолетнички брак од муслиманската националност немаат завршено деветто одделение, а оние од ромската националност немаат ниту почнато образование. Тоа се огромни пропусти зашто кај нас се задолжителни и основното и средното образование, објаснува Митреска.

Потребно е превентивно да се делува. Во реоните каде има малолетнички бракови, но и на вонбрачни малолетнички заедници, а некаде веќе имаат родено и дете, треба да се организираат трибини, да се делат флаери, во училиштата да се посочува значењето на образованието.

-Но, останува ситуацијата дека родителите кои потпишале согласност за малолетнички брак, никаде не одговараат и никој не ги повикува пред законот. Малолетниците Центарот ги води како деца во ризик и преземаме мерки за помош и заштита, вели социјалниот работник Јасминка Митреска.

Директорката на прилепското средно училиште Жанета Видевска признава дека се соочуваат со проблемот малолетнички бракови. Но, нема ефекти советувањето кај оние кои решиле да го сторат тоа.

- Многу често се случува малолетни ученички во средното училиште „Ѓорче Петров“, како во нашето така и во другите училишта, да влезат во малолетнички бракови пред полнолество. Реагираат родителите, пријавуваме во Центарот за социјални работи, пријавуваме и во МВР кои ја преземаат работата. Но, за да ги спречиме малолетничките бракови, често организираме работилници. Вклучени се професорите, педагошко-психолошката служба. Ученичките се повикувани на разговор, се советувани, но за жал, речиси никогаш не наидуваме на разбирање и го прават тоа што го наумиле, вели Видевска.

За зголемување на појавата, од својата непосредна работа со учениците говори Билјана Тинтоска, професорка во средното училиште „Ѓорче Петров“

-Во генерацијата каде предавам, и во прва и во втора, па и во трета година се случи девојчиња да се омажат. Бројките се зголемуваат, вели Тинтоска.

Средношколката Исидора Николски од училиштето „Ѓорче Петров“ вели дека нејзина другарка уште на 13 години се омажила.

- Мојата другарка од основно, уште на 13 години се омажи. Нејзините родители ја омажија во Битола за 24 годишно момче. Таа потоа роди дете, но по една година се разведе, ама поради тоа што е малолетна, има проблеми со старателството врз детето. Ова е тажна приказна и се надевам ќе се сфатат последиците од малолетничките бракови, вели средношколката Николоски.

Според Светската здравствена организација, секојдневно околу 39.000 млади девојки ширум светот се мажат пред да наполнат полнолетство. Повеќе од една третина од нив се помлади од 15 години. /МИА.

Мицкоски: До средината на ноември субвенции за околу 20 000 земјоделци

До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20 000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски.

Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.

-Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пчениц, со јаболкото сега засега ситуација е одлична, изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.

Израел изврши нови напади во Либан и Појасот Газа

Израелската армија денеска соопшти дека ги продолжува нападите врз шиитската милиција Хезболах во Либан и палестинската екстремистичка група Хамас во Појасот Газа.

Во јужниот дел на Либан, Насер Абед ал Азиз, заменик командант на Хезболах во областа Бинт Џбеил во близина на заедничката граница, е убиен во најновите операции, се вели во соопштението на војската.

Копнените трупи поддржани од воздухопловните сили убиле и бројни борци и откопале складишта за оружје на милицијата поддржана од Иран, се додава.

Во Газа, каде што израелските сили во средата го убиле лидерот на Хамас, Јехја ал-Синвар, копнените трупи убиле неколку „терористи“ во јужниот град Рафа и во Џабалија на северот од затворената крајбрежна област, соопшти војската.

Израелската армија извести дека најмалку 115 гранати биле истрелани денеска од јужниот дел на Либан. Целите на нападот беа претежно во северниот дел на Израел, каде во текот на утрото се слушаа сирени за воздушен напад.

Еден човек загина откако беше погоден од остатоци од ракета истрелана од Либан, која падна во близина на градот Акра. 50-годишниот маж, кој беше тешко повреден во својот автомобил во експлозијата, подоцна почина, соопшти израелската служба за итни случаи.

притисни ентер