Мурал и награда во чест на актерската легенда Мето Јовановски

Во Кинотеката на Македонија денеска беше претставен новоизведениот монументален мурал на актерот Мето Јовановски.

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм преку езерото во соработка со Кинотеката на Македонија освен муралот, ја претставија и единствената награда Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот.

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора, Мандиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.

На средбата беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји кои ги карактеризира традиционално силно пријателство, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план, при што, остварената соработка е пример за добрососедски односи во регионот.

На средбата беа потврдени и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработката и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на динамизирањето на парламентарната соработка со којашто двете земји ја покажуваат својата посветеност на демократскиот развој и регионалната стабилност поставувајќи пример за успешна соработка во Западен Балкан.

Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во кои ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави, соопштуваат од кабинетот.

Украина ги повика партнерите да ја забрзаат воената помош

Украина денеска ги повика своите партнери да ја забрзаат воената помош, велејќи дека побрзата испорака на клучната опрема на бојното поле е поважна од распоредувањето повеќе луѓе.

„Сега сме во ситуација кога ни треба повеќе опрема за вооружување на сите луѓе кои се веќе мобилизирани и мислиме дека приоритет е побрзо да се испрати воена помош“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхи Тихиј.

Тој го изјави ова на прес-конференција во Киев, еден ден откако висок американски функционер изјави дека Украина не мобилизира доволно нови војници и го повика Киев да ја намали старосната граница за мобилизација од 25 на 18 години. Официјалниот претставник изјави дека Украина не обучила и мобилизирала доволно нови војници за борба против руските сили.

Тој посочи дека на Украина и се потребни сили за борба бидејќи Русите постојано напредуваат на истокот на Украина, како и ги потиснуваат украинските трупи во областа Курск во Русија. Официјалниот претставник изјави дека мобилизацијата во Украина и повеќе сили на фронтот би можеле да направат значителна промена на бојното поле во споредба со сегашната ситуација.

Грузија ги прекина преговорите за прием во ЕУ поради уцени и манипулации од Брисел

Грузија ги прекина преговорите за нејзиниот прием во Европската унија на четири години поради „уцени и манипулации од одредени европски политичари и бирократи“, изјави денеска премиерот Иракли Кобахиџе.

Тој го објави ова неколку часа откако членовите на неговата партија Грузиски сон го реизбраа за претседател на владата.

Кобахиџе рече дека неговата земја, иако сака да биде примена во Европската унија, „нема да се занимава со отворање на пристапните преговори до крајот на 2028 година“, а дотогаш ќе одбива и средства од буџетот на ЕУ.

Партијата Грузиски сон победи на изборите, чии резултати беа оспорени од опозицијата и кои доведоа до масовни протести и одлука на опозицијата да го бојкотира парламентот.

притисни ентер