Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон.

На средбата се разговарало за можностите за зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор, со акцент на исполнување на заедничките цели за енергетска стабилност, независност и зелена енергетска транзиција.

Министерката Божиновска го истакнала значењето на британската поддршка и посочила дека цели на државата се модернизација на енергетската мрежа, подобрување на капацитетите за складирање електрична енергија и унапредување на обновливите извори на енергија. Од британска страна, како што информира Министерството за енергетика, била потенцирана подготвеноста за вложувања и поддршка на реформите во енергетиката, како дел од заедничките заложби за намалување на емисиите на штетни гасови и обезбедување на одржлива енергија.

- Г. Бартон, кој ја посети Македонија по трет пат, ја нагласи важноста на партнерството меѓу двете земји, додека амбасадорот Лосон истакна дека Велика Британија и Македонија веќе успешно соработуваат во неколку клучни области, а енергетиката е стратешки приоритет за понатамошно продлабочување на односите, се посочува во соопштението.

Од Министерството за енергетика ја оценуваат оваа средба како значаен чекор кон отворање нови можности за инвестиции и зајакнување на билатералните односи меѓу двете држави со цел градење стабилна, независна и зелена енергетска иднина.

ВМРО-ДПМНЕ:Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.

Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија.

Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.

За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен.

Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска.

Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне.

Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа, се наведува во партиското соопштение.

Индиските авиокомпании годинава добиле илјада закани за поставени бомби

Оваа година, речиси 1.000 лажни закани за бомби биле испратени до авиокомпании во Индија, пренесува Anadolu.

Индискиот министер за цивилно воздухопловство Мурлидар Мохол објави дека добиле 122 лажни закани за бомби во 2023 година, а тој број се искачил на 994 во 2024 година, објави Hindustan Times.

Според официјалните податоци, 680 од овогодинешните извештаи биле во септември.

Изјавувајќи дека лажните закани за бомби негативно влијаат на летовите, Мохол рече дека подготвиле итен план за да го спречат овој проблем.

Инцидент во Монтреал: Боинг 737 слетал без тркала (ВИДЕО)

Боинг 737-400 на авиокомпанијата Нолинор слета на аеродромот во Монтреал без дел од опремата за слетување.

И покрај предизвикувачките и опасни услови за слетување, екипажот успеал да ја задржи контролата над леталото и безбедно да го приземји.

Инцидентот се случил вчера. Боинг 737-400 (C-GGWX) на канадската авиокомпанија Nolinor Aviation требало да го изврши летот од Квебек Сити (до аеродромот Ла Баи Баготвил-Сагуенеј. Како подготовка за слетување на последниот аеродром, екипажот ја започнал редовната процедура на повлекување на опремата за слетување и наеднаш се соочиле со сериозен проблем.

Од сè уште непознати причини, во пилотската кабина се појавило предупредување за небезбедна брзина. Пилотите го напуштиле слетувањето на аеродромот Ла Баи Баготвил-Сагуенеј и го пренасочиле авионот во Монтреал, оддалечен повеќе од 370 километри, објави Аеро Тајм.

И покрај невклучувањето на опремата за слетување, екипажот успеал да го приземји авионот на пистата 24. Бидејќи левиот дел од опремата за слетување не бил целосно излезен, Боинг 737 се навалил на едната страна при контакт со пистата.

Патниците, пилотите и екипажот во кабината излегле од авионот користејќи тобогани за итна евакуација. Ниту еден од 87-те патници не е повреден. Канадскиот одбор за безбедност на транспортот испрати тим истражители на аеродромот, додека авионот беше влечен од пистата за проверка и проценка на штетата.

C-GGWX е Боинг 737-400 стар 34 и пол години, бил испорачан на Icelandair во 1990 година како нов. Авионот оттогаш сменил многу корисници, а од 2020 година лета за Нолинор Авијација, според податоците на Planespotters.

притисни ентер