Муцунски престојува во работна посета на Вашингтон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Вашингтон, САД. Посетата, како што соопшти министерството, претставува значаен чекор кон продлабочување на билатералните односи помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски остварил значајни средби со заменик-помошникот државен секретар во Стејт департментот, Брендон Јодер, потпретседателот на Атланскиот совет на САД, Метју Кроениг, како и лица вклучени во транзицискиот тим на претседателот Трамп. Дополнително, тој имал средби со претставници на водечки компании од бизнис секторот, стои во соопштението.Фокусот на политичките средби бил ставен на унапредување на билатералната соработка, заедничките заложби за глобалната безбедност и трансатлантската соработка.

Возачите во Формула 1 го избраа Верстапен за најдобар во 2024 година

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) е беше прогласен за најдобар во 2024 година во изборот на неговите колеги.

На второто место се најде Ландо Норис (Мекларен), додека трет е Шарл Леклер (Ферари).

Топ 10 ги вклучува истите спортисти како и во поредокот на крајот на сезоната, но редоследот е малку поинаков. Така Луис Хамилтон, кој го напушти Мерцедес, стана само десетти, а лидерот на Алпин, Пјер Гасли, се искачи на седмото место.

Осум возачи го ставија Верстапен на првото место, сите останати го ставија во топ 4.

Во гласањето учествуваа 17 пилоти - сите кои се натпреваруваа во 2024 година, освен Верстапен, Хамилтон, Серхио Перез, Џек Духан, Даниел Рикиардо, Оливер Берман и Логан Сарџент. Тркачите можеа да гласаат за себе, но, како што забележува веб-страницата на Ф1, многумина не се вклучија во првите 10. Повеќето од пилотите не се ставија на прво место./МИА

Ристов: Во Конче во изминативе 3 години инвестиравме во неколку илјади метри локални патишта

Во Конче во изминативе 3 години инвестиравме во неколку илјади метри локални патишта, фекална канализација и енергетска ефикасност на училиштата преку фотоволтаични панели.

Почитувани,

Изминатите 3 години Општина Конче го добива вистинскиот израз на модерна општина со очекуван квалитет кој ќе биде се поизразен во иднина. Гаранцијата за успешна работа е потврдена преку изградбата на општината во секој сегмент од секојдневното живеење , преку создавање на чиста и здрава животна средина.

Приоритет ни преставува зачувувањето на средината како дар од природата преку хорти културно уредување на повеќе локации во населените места и поставување на урбана опрема за уживање на секој граѓанин и добронамерен посетител.

Зимското одржување на улиците и локалните патишта се врши редовно со соодветна механизација од ЈП „Лакавица“ од Конче.

Редовно се врши чистење на дивите депонии и континуирано собирање на комуналниот отпад на секое домаќинство во општината.

На кровот на училишна зграда од ООУ Гоце Делчев поставени се фотоволтаици со моќност од 40kw, а исто така се изготви проектна документација за поставување на фотоволтаици на општинската зграда.

Во делот на водоводните системи:

Обезбедени се нови количини за вода за населеното место Габревци, преку изградена пумпна станица со потисен цевковод.

Извршивме реконструкција на каптажи за доводен цевковод за систем за водоснабдување за с.Ракитец.

Обезбедени се нови пумпи за водоводните системи за с.Дедино с.Ракитец.

Исто така се изврши реконструкција и проширување на дел од водоводната мрежа во с.Долни Липовиќ и с.Ракитец,

Моментално се подготвува техничка документација за реконструкција на водоводните системи за с.Конче, с.Лубница, и с.Долни Липовиќ, каде се направени пробни бушотини за обезбедување на нови количини за вода за потребите на сите граѓаните.

Во делот на канализационите системи

Во изминатиот период се изврши доградба на систем за фекална канализација во с.Конче со вкупна должина од 2100м., се изврши реконструкција односно доградба на систем за фекална канализација во с.Дедино и с.Долни Липовиќ.

За потребите на прочистување на отпадните води во с.Ракитец е изградена прочистителна станица за преработка и испуштање на отпадните води.

Во делот на транспортот и патната инфраструктура:

Извршена е реконструкција на локалниот пат с.Долни Липовиќ-с.Горни Липовиќ, со вкупна должина од 3,6км.

Реконструирани се и изградени улици во сите населени места во општина Конче со вкупна должина од 3500м.

Исто така извршено е партерно уредување на јавни површини на 12000м2, каде буквално се промени лицето на секое населено место со уредување на центрите, тротоарите , пристапните патеки и другите јавни површини.

Се изврши уредување, санирање и одржување на полските патишта на територијата на сите населени места од општина Конче.

Во делот на образованието:

Посебен акцент му даваме на образованието преку обезбедување на настава во современи услови , а особено би истакнале дека на годишно ниво постојано се врши стимулирање на учениците преку доделување паричен надомест на првачињата и на учениците од деветто одделение.

Се создаваат услови за рекреација и спортување преку опремување и осовременување на спортските терени и изградба на мултифункционални игралишта како што е случајот со ПОУ Гоце Делчев во с.Дедино.

Во делот на социјалната заштита:

Посебно мораме да истакнеме дека од почетокот започнавме со исплата на еднократна парична помош за склучени бракови за лица кои наполниле 35 години со вредносен ваучер од 100 000 денари.

Исто така како мерка спроведовме субвенционирање на новороденчиња и тоа за прво новороденче исплаќаме 10 000 ден ,за второ 20 000 денари, за трето 30 000 ден. и за секое наредно по 30 000 денари.

Во делот на спортот и младите:

Силно сме посветени на развојот на борењето преку БК Бучим –Шампиони од Конче, каде после неколку години почнаа да се нижат резултати како на домашни настапи така и меѓународни каде нашите претставници ја промовираат општината надвор од Република Македонија.

Секоја година традиционално се спроведува турнир во мал фудбал на отворено под рефлектори со значително вредни награди.

Исто така локално се одржуват натпревари од други спортови како што е спортскиот риболов, шахот и други спортски активности.

Во делот на ТУРИЗМОТ се заврши доградбата и уредувањето на конаците во манастирот Свети Стефан во Конче со обезбедени услови за сместување на гости и посетители со посебен амбиент.

Две години по ред се спроведува настанот ВелоФест кој е отворен за сите велосипедисти и авантуристи, лубителите на природата кои ги запознават убавините на езерото Мантово и општина Конче.

Изградени се летниковци на повеке локации, со опремување на урбана опрема и други потреби.

Во делот на културата:

По повод прославата на празникот на општина Конче 12-ти Јули-Петровден, секоја година се одржуваат настапи на културно уметнички друштва и реномирани пејачи и естрадни уметности.

Во изминатите години се одржаа повеке мегународни фестивали со промовирање на културата и традиционалните вредности од општина Конче.

Во населеното место во Лубница се изврши реконструкција на домот на културата, каде се овозможија услови за работа на повеќе НВО и активности на други граѓани.

Почитувани,

Ова беше накратко отчетот за три години работење, продолжуваме посветено чесно и одговорно.

Благодарам.

Златко Ристов, градоначалник на општина Конче

Кина достави информации за истрагата на оштетените кабли во Балтичкото Море

 Кина достави информации и документи за заедничката истрага на двата оштетени подводни кабли во Балтичкото Море и ги повика Германија, Шведска, Финска и Данска да учествуваат во истрагата, соопшти Министерството за надворешни работи на Кина.

Портпаролката на министерството, Мао Нинг, изјави на прес-конференција дека Кина ги информирала сите засегнати страни и е подготвена да соработува.

Истрагата беше иницирана откако во ноември беа прекинати два оптички кабли — еден меѓу Финска и Германија, а друг меѓу Шведска и Литванија. Оштетувањето предизвика сомневања за саботажа и загриженост за безбедноста на критичната инфраструктура.

Шведската крајбрежна стража соопшти дека кинескиот товарен брод „Ји Пенг 3“ по повеќе од еден месец мирување во дански води повторно е во движење. Минатата недела, Кина дозволи претставници од Германија, Шведска, Финска и Данска да извршат инспекција на бродот.

„За да соработуваме со истрагата, бродот беше задржан подолг период. Поради здравјето на екипажот, сопственикот одлучи да го продолжи патувањето по консултации со засегнатите страни“, изјави Мао.

Се верува дека кинескиот брод „Ји Пенг 3“ бил во таа област во времето кога биле пресечени каблите. Пекинг негираше дека е вмешан во саботажите и изрази подготвеност да соработува со Шведска и други земји.

Бродот го напуштил руското пристаниште Уст-Луга на 15 ноември и два дена подоцна бил пресечен кабел меѓу Литванија и шведскиот остров Готланд. На 18 ноември бил пресечен и кабел што оди од Хелсинки до Росток. Податоци од сајтови кои следат бродови покажуваат дека „Ји Пенг 3“ пловел преку каблите во времето кога биле пресечени.

„Вол стрит џурнал“ објави дека истражителите се сомневаат дека бродот намерно ги оштетил каблите така што го фрлил и влечел сидрото по морското дно повеќе од 160 километри.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус минатата недела кажа дека никој не верува дека каблите биле пресечени случајно. /МИА

притисни ентер