Морисон: Не го лажев Макрон за подморниците

Австралискиот премиер Скот Морисон негираше дека го лажел францускиот претседател Емануел Макрон додека тајно преговарал за договор за купување подморници со САД и Велика Британија.

Обвинението доведе до ескалација на спорот во односите меѓу двете земји поради ненадејното откажување на договорот со Франција.

Австралискиот вицепремиер Барнаби Џојс сугерираше дека Франција претерала. – Па, ние не украдовме остров, не ја уништивме Ајфеловата кула, тоа беше договор, изјави денеска Џојс. – Договорите имаат услови и еден од тие услови и предлози е да можете да го напуштите договорот. Го напуштивме тој договор, додаде Џојс.

Австралија го повлече петгодишниот договор со државна француска компанија Навал Груп во септември за производство на 12 конвенционални дизел-електрични подморници.

Макрон синоќа рече дека австралискиот премиер Скот Морисон го излажал.

„Дали мислите дека Скот Морисон ве излажал?", праша австралиски новинар на маргините на самитот на Г-20 во Рим, мислејќи на тајните разговори меѓу САД, Велика Британија и Австралија за одбранбениот договор што доведе до распаѓање на договорот меѓу Париз и Канбера за купување 12 подморници во вредност од 55 милијарди евра.

„Не мислам туку – знам", рече францускиот претседател, кој веќе изрази гнев поради пропаѓањето на договорот. „Ќе разговараме, ќе видиме што ќе направи", додаде Макрон, мислејќи на можноста Морисон да си ја врати довербата.

„Имам голема почит за вашата земја и многу почит и пријателство за вашиот народ", рече францускиот претседател, но истакна дека „кога има почит, тоа мора да биде обострано и да се однесуваме на начин што ги исполнува овие вредности". Макрон го опиша самитот на Г-20 како успешен и плоден, „и покрај многуте поделби" меѓу земјите.

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

притисни ентер