Моќен еликсир кој ги чисти цревата и го регулира варењето додека трепнеш

Но едно правило мора строго да се почитува

По 40 дена, овој вреден препарат е спремен за употреба.

Наједноставните природни лекови обично се најефикасни. Еден од најстарите рецепти кој се користи за зајакнување на имунитетот, а истовремено е одличен и за темелно чистење на организмот, се базира на комбинацијата од суви смокви и маслиново масло. Важно е да се следи упатството за негово консумирање за да се добие максимален ефект.

Состојки:

15 суви смокви

250 мл екстра девствено маслиново масло

Подготовка:

Сувите смокви измијте ги под млаз ладна вода и оставете ги да се исушат. Смоквите ставете ги во стаклен сад/тегла со капак.

Потоа прелијте ги со маслиново масло така што д бидат целосно покриени. Затворете го садот и оставете го на темно и суво место. Идеално би било еликсирот да отстои најмалку 40 дена.

Употреба:

По 40 дена, еликсирот е подготвен за употреба. Земајте по една смоква дневно и пијте малку маслиново масло од истиот сад.

Здравствени придобивки

Зајакнување на имунитетот: Смоквите се богати со витамин Ц и антиоксиданси, кои играат клучна улога во зајакнувањето на имунолошкиот систем и заштитата на организмот од инфекции и болести.

Детоксикација на телото: Маслиновото масло е познато по своите детоксикациски својства. Тоа помага да се елиминираат токсините од телото и ја поддржува работата на црниот дроб, клучниот орган за детоксикација.

Подобрување на варењето: Смоквите се одличен извор на влакна, кои помагаат во регулирање на варењето на храната и спречувањето запек.

Енергија и виталност: Комбинацијата од смокви и маслиново масло обезбедува долготрајна енергија и ја подобрува општата состојба на организмот.

Антивоспалителни својства: Маслиновото масло содржи олеокантал, природно соединение кое има антиинфламаторни својства кое помага во намалувањето на воспалителните процеси во телото.

Расте популарноста на „насмеаниот убиец“- распродаден е џемперот, што го носел во судница

Популарноста на Луиџи Манџоне, познат и како „насмеаниот убиец“, продолжува да ја фасцинира јавноста во САД.

Манџоне, кој ладнокрвно го застрела извршниот директор на UnitedHealthcare Брајан Томпсон на 4 декември, се појави пред судијата во понеделникот кога се изјасни за невин.

Неговиот настап пред судијата привлече големо внимание во јавноста, а колку е популарен говори и тоа што џемперот во бордо боја што го носел во таа прилика е распродаден. Во судницата, како што пренесува Baltimore Sun, Манџоне бил придружуван од неколку десетици обожавателки, од кои некои носеле маски и плачеле.

Еволуцијата на Манџоне од непознат вработен во технолошка компанија и поранешен студент на Гилман до осомничен за убиство од висок профил, па дури и херој за некои, поради неговите наводно критички ставови за поларизираниот систем на здравствена заштита во Америка, збуни и запрепасти многумина.

Неговата транзиција кон статус на модна икона и инспирација за производи од чаши до постери е уште еден знак за широка и разновидна база на обожаватели.

Подоцна идентификуван како џемпер од волна Нордстром во „Бургундија Ројал“, облеката е распродадена набргу по неговото појавување на суд.

Внимателните набљудувачи на судската постапка забележале дека адвокатката на Манџоне, Карен Фридман, исто така носела слична боја и стил на облека во судницата, каде што го опиша својот клиент како „човечко пинг-понг топче“ со кое играат големите компании.

Продавачите на платформата Etsy, исто така, ја искористија контроверзната популарност на Манџоне, создавајќи производи со неговиот лик на маици, чаши, па дури и саксии, што ја поттикна платформата за малопродажба да испрати известувања за отстранување на некои продавачи за содржина поврзани со осомничениот за убиството.

Распродадениот џемпер е најнов пример за „лудоста“ на неговите обожаватели. Тетоважите, приказите на Манџоне како светец и локален транспарент на кој пишува „Негирај, брани, оспори“, зборовите кои наводно се најдени на куршумите употребени за да го убијат Томпсон, покажуваат колку е поделена јавноста во врска со 26-годишниот маж од Мериленд.

Во Техеран е уапсена италијанска новинарка- ја затвориле во озлогласениот затвор Евин

Иран ја уапси италијанската новинарка Сесилија Сала, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение за медиумите.

Како што пишува Блумберг, Ил Фољо, еден од медиумите за кои работи, објави дека се наоѓа во „озлогласениот“ затвор Евин во Техеран.

„Сесилија беше во Иран со соодветна виза да ја раскаже приказната за земјата што ја знае и ја сака, земја во која информациите се задушуваат со репресија, закани, заплашувања, насилство и апсења - често на штета на самите новинари“, објави Ил Фољо.

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сала била уапсена од полицијата во Техеран на 19 декември и дека италијанските власти го следат случајот со „максимално внимание“. Тие додадоа дека римскиот амбасадор во Техеран ја посетил Сала и дека ѝ било дозволено да оствари два телефонски разговори со семејството.

Иранската влада се уште не го коментирала случајот.

Нејзините неодамнешни објави на Инстаграм и платформата Х покажуваат дека таа пристигнала во Техеран околу 13 декември.

Ова не е прв пат Иран да приведе странски новинар или италијански државјанин. Алесија Пиперно била уапсена во октомври 2022 година, а исто така извесно време била задржана во истиот затвор во Техеран. Таа била ослободена по приближно 40 дена, кога Исламската Република била зафатена од масовни протести предизвикани од смртта на Махса Амини во полициски притвор.

Иран е едно од најлошите места во светот за новинарите. Според Индексот на слободата на печатот на Репортери без граници за 2024 година, Иран е на 176-то место од 180 оценети земји.

Како што пишува Il Foglio, од 2022 година, кога започнаа протестите „Жени, живот, слобода“, уапсени се 79 новинари, а некои се осудени на тешки казни. Само во првата половина на 2024 година, иранските власти уапсија или осудија најмалку 34 новинари.

Во средината на декември, непосредно по апсењето на американскиот државјанин и новинар Реза Вализаде, кој беше осуден на десет години затвор под обвинение за „соработка со непријателска влада“, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер потсети како иранската влада постојано ги задушувала медиумите со закани, заплашување, притвор, присилно признание и употреба на насилство врз новинари.

Скандал во британски затвор: Чуварка имала интимен однос со затвореник, снимени се

Затворот од категорија „Ц“ во Нортемптоншир, Англија, го тресе скандал, откако беше објавено видео од чуварка како има секс со затвореник.

Надлежните соопштија дека неименуваната вработена е уапсена и суспендирана од должност поради сомнение за несоодветно однесување на работното место, пренесува Метро.

„Би било несоодветно да се коментира дополнително за случајот додека трае истрагата“, беше соопштено.

На видеото кое затворениците го споделуваат меѓу себе, се вели дека се гледа русокоса стражарка со соблечени панталони. На нејзината бела кошула се гледа безбедносната картичка.

Интимниот чин е снимен на телефон од тетовиран затвореник, чие име не се соопштува. Во гореспоменатиот затвор, инаку, се сместени осуденици кои претставуваат умерен ризик за заедницата.

Оваа институција неколкупати беше во центарот на вниманието на јавноста, меѓу другото, откако независниот мониторинг одбор објави дека наркотиците „рутински им се достапни на затворениците“. Дополнително, најмалку 25 отсто од 1.700 затвореници биле позитивни на нелегални супстанци.

Извори блиски до британскиот печат истакнуваат дека чуварката „ризикувала сѐ“ за да има односи со затвореникот, а нејзината кариера е „завршена“.

притисни ентер