Во Техеран е уапсена италијанска новинарка- ја затвориле во озлогласениот затвор Евин

Иран ја уапси италијанската новинарка Сесилија Сала, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение за медиумите.

Како што пишува Блумберг, Ил Фољо, еден од медиумите за кои работи, објави дека се наоѓа во „озлогласениот“ затвор Евин во Техеран.

„Сесилија беше во Иран со соодветна виза да ја раскаже приказната за земјата што ја знае и ја сака, земја во која информациите се задушуваат со репресија, закани, заплашувања, насилство и апсења - често на штета на самите новинари“, објави Ил Фољо.

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сала била уапсена од полицијата во Техеран на 19 декември и дека италијанските власти го следат случајот со „максимално внимание“. Тие додадоа дека римскиот амбасадор во Техеран ја посетил Сала и дека ѝ било дозволено да оствари два телефонски разговори со семејството.

Иранската влада се уште не го коментирала случајот.

Нејзините неодамнешни објави на Инстаграм и платформата Х покажуваат дека таа пристигнала во Техеран околу 13 декември.

Ова не е прв пат Иран да приведе странски новинар или италијански државјанин. Алесија Пиперно била уапсена во октомври 2022 година, а исто така извесно време била задржана во истиот затвор во Техеран. Таа била ослободена по приближно 40 дена, кога Исламската Република била зафатена од масовни протести предизвикани од смртта на Махса Амини во полициски притвор.

Иран е едно од најлошите места во светот за новинарите. Според Индексот на слободата на печатот на Репортери без граници за 2024 година, Иран е на 176-то место од 180 оценети земји.

Како што пишува Il Foglio, од 2022 година, кога започнаа протестите „Жени, живот, слобода“, уапсени се 79 новинари, а некои се осудени на тешки казни. Само во првата половина на 2024 година, иранските власти уапсија или осудија најмалку 34 новинари.

Во средината на декември, непосредно по апсењето на американскиот државјанин и новинар Реза Вализаде, кој беше осуден на десет години затвор под обвинение за „соработка со непријателска влада“, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер потсети како иранската влада постојано ги задушувала медиумите со закани, заплашување, притвор, присилно признание и употреба на насилство врз новинари.

Видео конференциска врска со македонските мировници, пакетчиња за децата на припадниците на АРМ

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално се одржаа предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата.. 

„Сакам да се врати тато дома“. Ова е најчестата желба што денеска ја посакаа дечињата, чии татковци се на мировни мисии во странски земји.

Тие за момент во касарната „Страшо Пинџур“ ги видоа своите татковци кои преку видео-врска се обратија до претседателката Силјановска Давкова и министерот за одбрана, Мисалјовски, посакувајќи весели празнични денови.

Најмладите пак пред камерата на Канал 5 ги кажаа и другите нивни желби за 2025 година.

На дечињата на мировниците им беа подарени новогодишни пакетчиња од претседателката Давкова и министерот Мисајловски. (атмосфера пакетчиња)

Претседателката Давкова која се обрати до мировниците, им посака професионално завршување на мисиите и здрави и живи да се вратат кај своите најблиски.

Децата покрај со претседателката и министерот, се дружеа и со Дедо Мраз и други херои од цртаните филмови.

Главниот настан, барем за децата, беше дочекот на Дедо Мраз, кој од хеликоптер им фрлаше бонбончиња, а потоа се спушти на земја.

Македонските мировници, во чија чест се одржаа денешните настани, извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.

Муртезани: Мора да го штитиме процесот од натамошна билатерализација

Мора да го штитиме процесот на пристапување кон ЕУ од натамошна билатеризација, бидејќи таа станува проблем и за самата Европска Унија, вели во интервју за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани..

Според него, нема никаква смисла ако овој процес се води врз основа на одредени историски случувања во 11, 12 или 13 век..

Втор протестен марш против аерозагадувањето во Скопје

Од смогот не се гледа иднината..

Екоактивистите и граѓаните повторно го кренаа гласот.. Протестен марш за чист воздух и попладнево се одржа во Скопје, поради како што соопштија организаторите, индиферентноста на надлежните институции кон барањата на граѓаните..

Протестот почна пред Министерството за животна средина, а овој пат, заврши пред Град Скопје..

Таму е Елизабета Дамјаноска Спасеновска која го следеше маршот.. Бети, кои се пораките од маршот?

притисни ентер