Митинг на Трамп се претвори во концерт, Харис го доведе во прашање неговото ментално здравје

Предизборниот митинг на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во предградие на Филаделфија, беше прекинат откако две лица побараа лекарска помош.

Но, по инцидентот, поранешниот претседател престана да одговара на прашања и ја презеде улогата на диџеј и нарачуваше песни и танцуваше.

Според неговите соработници, сцената потсетувала на приемите во Мар-а-Лаго. Модератор на настанот беше гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем, која забележа дека во салата е премногу топло, по што Трамп праша дали климатизерите работат, пренесе Гласот на Америка.

Кога митингот беше прекинат, 78-годишниот Трамп побара да се пушти песната "Аве Марија", а потоа предложи вечерта да заврши така што присутните ќе останат на своите места и ќе уживаат во неговиот избор на музика, наместо да го слушаат додека одговара на прашања. Голем дел од неговите поддржувачи се упатија кон излезот, но само некои останаа до крај.

Портпаролот на Трамп, Стивен Ченг, објави на мрежата Икс дека „нешто многу посебно се случило во Пенсилванија“ и дека Трамп е „поинаков од сите останати политичари во историјата“.

Меѓутоа, демократската кандидатка Камала Харис, по овој настан, го доведе во прашање менталното здравје на Трамп.

„Се надевам дека е сѐ во ред со него“, напиша Камала Харис на својот профил на Икс.

Кампањата на Харис, која почна да го доведува во прашање физичкото и менталното здравје на Трамп, соопшти дека на митингот во понеделникот навечер по локално време, републиканскиот претседателски кандидат делувал „изгубено, збунето и успорено“. /МИА

Шест моторни возила за сообраќајната полиција во Скопје доби МВР од РСПБСП

Шест моторни возила наменети за сообраќајната полиција му биле предадени денеска на Министерството за внатрешни работи од страна на Републичкиот совет  за безбедност во сообраќајот (РСПБСП). 

Возилата во кругот на МВР на министерот Панче Тошковски му биле предадени од Гордана Кожуваровска, претседателка на РСПБСП.

МВР информира дека се работи за две моторни возила „дачија дастер“ (Dacia Duster) и четири моторни возила „дачија сандеро степвеј“ (Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.

Министерот Тошковски посочил дека РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност, во соработка со МВР, денеска овозможил да се зголеми обемот на возила што го имаат на располагање во Министерството.

-Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост, а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните, истакнал Тошковски.

РСБСП ги набавил возилата и опремата во согласност со обврската дел од средствата да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

-Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, информира МВР.

Средба на првите луѓе на армиите на Македонија и на Турција

 Продолжува стартешкото партнерство и добрата воена соработка.

Висока воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Метин Ѓурак во рамки на официјалната посета на Република Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата.

По пречекот со високи воени почести, генералот Ѓурак оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на која беше реафирмирана соработката која е на континуирано висок ниво со ВС на Република Турција, како еден од нашите најголеми стратешки партнери, соопшти армскиот ГШ.

Тридецениската меѓуармиска соработка и поддршка особено е изразена во доменот на обуката, военото образование, заедничкото учество во меѓународни операции и мисии, каде голем број наши ротации беа под покровителство на турскиот контингент, вклучително и последната во мисијата на ЕУ/АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Генералот Лафчиски рече дека пријателска Турција, како наш стратешки партнер, значајно придонесува за модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, современи средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО, меѓу кои е и последната донација од дронови, средства за врски, ноќни визири и интендантска опрема за потребите на специјалните единици на Армијата.

Генералот Ѓурак се заблагодари за гостопримството и истакна дека Република Турција останува посветена на високото ниво на воена соработка со порака за продлабочување во доменот на обуката, вежбите и едукација на припадниците на македонската Армија во престижните воени образовни институции на турските ВС.

За време на официјалните разговори со делегацијата на ВС на Турција, се презентираа тековните процеси за модернизација и трансформација на Армијата, нашиот придонес и учеството во меѓународните операции и мисии во странство и можноста за користење на капацитетите на АП „Криволак“ за обука и вежбовни активности.

Во рамки на денешната посета, делегацијата на ВС на Република Турција присуствуваше на показна вежба од страна на припадниците на Баталјонот за специјални сили, на која беа прикажани активности со кои се покажа обученоста и подготвеноста на нашата елитна единица.

По активностите во Генералштабот, генералот Метин Ѓурак придружуван од генералот Лафчиски, ќе има средба со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, стои во соопштението од ГШ на Армијата на РСМ.

Министерот Николоски направи увид во новата социјална зграда во Велес

Тој појасни дека становите се од 40 до 50 метри квадратни и се опремени со сите неопходни средства за вселување на семејствата.

Во новоизградената социјална зграда во Велес со 29 станови, а чиј оглас за доделување преку Министерството за транспорт и врски е во тек до 21 октомври, денеска увид направи министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со Марјан Стефановски генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор и градоначалникот Марко Колев.

Како што информира директорот Стефановски оваа нова социјална зграда во Велес се изгради во изминатите две години преку проект на Светската банка, Банката за развој при Советот на Европа. Досега за становите се имаат пријавено некои од социјално загрозените категории на граѓани, а очекува да се јават што поголем број граѓани кои ги исполнуваат условите.

Тој појасни дека становите се од 40 до 50 метри квадратни и се опремени со сите неопходни средства за вселување на семејствата.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека оваа зграда е во вредност од 54 милиони денари.

-Се надевам дека 29 семејства тука ќе се ја најдат среќата. Во една транспарентна процедура да ги доделиме становите и за неколку месеци да ги видиме семејствата кои што среќни ќе живеат тука, најави Николоски.

На новинарско прашање дали се планираат и други вакви социјални згради низ земјава и дали планираат да го сменат системот за распределба, тој информира дека во моментов има оглас за уште една ваква социјална зграда во Кочани.

- Се работи на големо и во Бутел, а секако ќе дојдат и други општини. Во однос на распределбата тоа беше една од дискусиите која што јас ја имав со мојот кабинет и со луѓето кои се задолжени за оваа работа. Мора процесот да е максимално траспарентен и јас лично ќе го набљудувам процесот на распределба. Нема да дозволам никаков скандал затоа што тука треба да дојдат луѓе на кои навистина ова им е потребно, потенцира Николоски.

Градоначалникот Марко Колев ги повика граѓаните кои ги исполнуваат условите да се јават на огласот за да може на транспарентен начин да им бидат доделени на тие што им се најнеопходни социјални станови.

Колев информира дека за ставање во функција на оваа зграда, Општина Велес во изминатите неколку месеци вложи сериозни финансиски средства за снабдување на објкектот со вода, преку ставање нова водоводна линија низ улицата „Луј Пастер“ која води покрај пругата.

притисни ентер