Минчев ги повика македонските студенти - умови да се вратат во својата татковината

Минчев ги повика македонските студенти - умови да се вратат во својата татковината и да станат двигатели на промените.

На покана на Претседателот на управниот одбор на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место, Словенија, проф. д-р Борут Рончевиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, одржа предавање каде ја истакна клучната улога на образованието, иновациите и меѓународната соработка во поттикнувањето на општествениот напредок во регионот.

Обраќајќи се пред професорите и студентите, министерот Минчев ја поздрави програмата на Факултетот „Информатика во современото општество“ како водечки пример за подготовка на студентите за предизвиците на современиот свет.

Во своето обраќање, министерот Минчев се осврна и на тековните реформи и напорите за модернизација во јавната администрација во Република Македонија.

„Нашата цел е да го промовираме владеењето на правото, да ја намалиме корупцијата и да ја обновиме довербата на граѓаните во институциите, преку колективни, транспарентни и системски реформи.

Министерот Минчев ја искористи можноста да им се обрати и на македонските студенти кои студираат на Факултетот, повикувајќи ги да се вратат во својата татковина и да бидат идни лидери на промените и реформите.

„Вие сте амбасадори на промените, архитекти на напредокот и идни лидери кои сакаме да ни помогнат да го обликуваме патот на нашата држава.

На Македонија и требате.

Затоа што Македонија не е само место на мапата, таа е наш идентитет, наше наследство и наша колективна одговорност.

Очекувам дека по завршување на Вашето студирање, по завршување на Вашиот образовен пат надвор од татковината, стекнатите знаења и вештини ќе ги искористите на вистинското место, дома, и ќе придонесете кон развојот на Република Македонија.

Македонија Ве чека.

Вашата приказна не завршува кога ќе дипломирате, таа започнува кога ќе се вратите таму каде што припаѓа Вашето срце, во Вашата родна земја“ - заклучи Минчев.

Се раситнува ли Европскиот фронт во Собранието?

Мендух Тачи се одвоил од Европскиот фронт поради Зијадин Села–според извори на Канал 5 лидерот на ДПА веќе не сакал да биде во исто друштво со неговиот поранешен сопартиец, кој во 2015 година излезе од партијата и ја формираше Алијанса за Албанците.

Сепак, неофицијално Тачи и понатаму ќе ги поддржувал политиките на лидерот на ДУИ Али Ахмети во рамки на Собранието. Официјална потврда од него се уште нема, а од Собранието одговорија дека досега нема доставено ниту допис до спикерот Гаши дека во иднина ќе делува како самостоен пратеник. Од Европскиот фронт тврдат- пратеничката група е функционална и во полн состав со 18 пратеници.

-Европскиот фронт го има истиот број пратеници како и претходно, за друго треба да се обратите до господинот Ахмети и до господинот Тачи. И во другите активности отстутвувал некој од претседателите на ЕФ, со ова сакам да кажам дека и верувам тоа е нормално секој ден, со своите обврски, протоколарни средби, може да отсуствува на некоја од средбите и никогаш тоа не било тема,- Блерим Беџети - Координатор на ПГ на Европски фронт.

Од владејачката коалиција Вреди оценуваат дека со овој потег на Тачи се докажала нивната теза- дека немаат заедничка идеологија, туку единствена цел им било да стигнат до власт. Вицепремиерот Изет Меџити вели дека досега немал комуникација со лидерот на ДПА за да премине во нивниот табор.

-Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстојат на политичката сцена. Сега бидејќи не се во влада, нема политичка кауза за фронтот,- Изет Меџити – вицепремиер.

На иста линија за амбициите на ДУИ и коалицијата е и премиерот Мицкоски. Синоќа во Само Интервју тој изјави дека за да стигнат до целта се обидуваат да создадат раздор во власта преку националистички теми.

-Се сеќавате на онаа шарада кога се претворија во зелена партија, кога џогираа на Водно во зелени дресчиња, за денеска после неколку години кога сме во опозиција вратиме повторно теми затоа што нема таму друг терен за играње. Нема реформи, нема политики, економија, образование, нема ништо. Ова е теренот на којшто тие се јаки, и таму го чекаат вистинскиот партнер – ВМРО-ДПМНЕ, со нас сакаат да имаме фрикција затоа што мислат дека така ќе мобилизираат луѓе- Христијан Мицкоски – претседател на Влада (Само Интервју 03.10).

Според најавите од ДУИ, мобилизацијата на опозиционерите ќе почне наскоро со средби во партиските ограноци, а очекуваат да резултира со протести кон средината на ноември.

ВМРО-ДПМНЕ ќе гради став околку повикот на Филипче за затворена собраниска седница за ЕУ

Премиерот Мицкоски не го отфрла ад хок барањето на лидерот на СДСМ Филипче, за да се свика собраниска седница на која власта ќе ги презентира понатамошните чекори за евроинтегративниот процес на земјава. 

Во краток одговор денеска од Криволак, Мицкоски кажа дека прво ќе го анализирале предлогот на Филипче, па ќе донеселе одлука дали ќе ги вкрстат аргументите со опозицијата во законодавниот дом.

-Мора Венко Филипче и нешто да каже. Сега тој одбрал тоа да го каже. Во ред еве ќе го анализираме предлогот на г-динот Филипче и брзо од денеска ќе дадеме одговор на овој предлог, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ во телевизиско интервју синоќа го повика премиерот да свика затворена седница доколку има, како што рече сензитивни информации околу преговорите со ЕУ. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ и целото владејачко мнозинство имаат обврска пред јавноста да го кажат планот како понатаму по европскиот пат. Доколку не го направат тоа, Филипче најавија дека пратениците од СДСМ ќе иницираат таква седница.

-Не е ултиматум, туку тоа е јасен став на целата ЕУ и не е билатерално прашање. Треба Владата јасно да го каже планот како ќе продолжиме. Но, тоа не е екслузивно право на власта. Премиерот кажува дека има земји кои го разбирале неговиот став, наводно давале поддршка, и го повикувам да свикаме собраниска седница. Ако треба да биде и затворена. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ и целокупната власт има обврска да каже како по тој пат понатаму. Доколку тие тоа не го направат, таква седница во Собранието ќе иницираме ние од СДСМ, изјави Филипче за ТВ 21.

Силна поддршка за македонските интеграции и стреташките цели на државата уште еднаш изрази и американската амббасадорка во земјава Анџела Агелер која заедно со премиерот Мицкоски и министерот за одбрана Мисајловски присуствуваше на денешната вежба на армискиот полигон „Криволак“. Како што изјави, Македонија нема поголем поддржувач и партнер во остварување на нејзините цели од САД, а тоа според неа, било потенцирано и на средбата меѓу претседателите Џо Бајден и Гордана Сиљановска Давкова во Њујорк.

Ризова: Попладне и вечерва не очекуваат обилни врнежи од дожд

Од УХМР велат дека циклонот кој од Италија се префрли на Балканот ќе ја погоди и Македонија.

Дали обилните врнежи од Босна можат да дојдат и кај нас?

Од УХМР велат дека циклонот кој од Италија се префрли на Балканот ќе ја погоди и Македонија.

притисни ентер