Мицкоски жали што Ахмети ја споредил својата партија со гума за спасување

Ахмети се навикнува во  опозиција, и му треба адапатација, ова е одговорот на министерот Таравари на повикот на Ахмети ВЛЕН да излезе од Владата .

Таравари утринава со премиерот Мицкоски го промовираа новиот апарат за магнетна резонанца.

Мицкоски рече дека жали што Ахмети ја ја споредил својата партија со гума за спасување и и порача на Демократската унија за интеграција да се реформира.

Двајца доктори и рендген техничар од Прилеп загинаа на пат кон клиника во Битола

Катастрофална загуба за Македонија и македонското здравство, во трагична сообраќајна несреќа утрово изгубивме двајца врвни лекари, пишува во објавите на социјалните мрежи.

Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа.

Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.

Менаџерскиот тим и целиот персонал на Болница Плодност со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги. објавија од битолската клиника Плодност..

Трајчулески: За ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните

Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот, па место да ја продолжи постапката за носење закон за основање Агенција за безбедност на патиштата, ним поважни им се кадровските промени во составот на советот, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница.

- За какви реформи зборува ДПМНЕ, кога законот за изменување и делување на безбедност во сообраќајот на патиштата, кој го предлагаат, има единствена цел-промена на персоналниот состав на советот. Овој начин на кадровски промени стана пракса и мантра на владејачката коалиција. Во образложението на законот е наведено дека една од причините за оваа измена е уредување на бројот на членови на советот како и условите за именување на претседател, без притоа да се наведат соодветно образование или пак, работното искуство од областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата, рече Трајчулески.

Јасно е дека за власта поважни се политичките калкулации одошто безбедноста на граѓаните во сообраќајот. И со донесувањето на вакви законски решенија, објасни Трајчулески, се прави опасен преседан со големи последици.

- Ако зборуваме за безбедноста на сообраќајот на патиштата, зборуваме за човечки животи и тука најмалку тука треба да тераме политика. Она што очекував од новата влада е да ја продолжи постапката на СДСМ, за носење на законот за основање на Агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата. Реформски закон кој долго време беше работен во рамките на министерството за транспорт, каде беа вклучени сите релевантни институции и со поддршка на експерти од ЕУ и за кој остана да се завршат финалните усогласувања. Тоа е реформата за која сите треба да се залагаме. А, не главна цел да бидат кадровските промени во составот на советот за безбедност на сообраќајот на патиштата и политичките интереси и калкулации на власта“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, се наведува во партиското соопштение.

Лефков: Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не работеле

Владата на СДС и ДУИ ангажирала лица на авторски договори иако работите кои се вршени не се авторско дело и не подразбираат таков вид на работа.

Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на владата и буџетските трошења за 2021 година, објавен во 2023 година констатира дека владата ангажирала лица со авторски договори преку агенција за интелектуална сопственост, иако работите и работните задачи не подразбираат креирање на авторско дело согласно законската регулатива.

Владата на СДС очигледно е дека ги заобиколувала постоечките законски процедури и сакале преку авторски договори да исплаќаат лица блиски до нив, без да има потреба да ги вработуваат или ангажираат преку системот на АВРМ.

Лицата кои ги ангажирала власта добиле само авторски договори, без да има реална потреба од тоа.

Самоволието на власта на СДС и ДУИ се глада на секој чекор. Затоа велиме дека наследивме ограбена држава. Но неспособноста завршува со нив. ВМРО-ДПМНЕ сега работи 100% одговорно за твојата иднина, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер