Лазаревска за 100 дена Влада: Прекинат е растот на платите во образованието

По само 100 дена, новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и коалицијата покажа дека образованието не им е приоритет. 

ВМРО ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата за поголеми плати туку и ги урна и надежите за развој на образованието. Наместо конкретни мерки, сведоци сме на скратување на постојните.

Дури ниту Мицкоски во обраќањето по повод 100-те дена не спомена конкретни мерки за развој на образованието. Единствената мерка што ја спомена беше набавката на учебниците, но намерно не кажа дека ресорното министерство започна со набавка и докомплетирање на учебниците уште од почеток на 2024 година, со што се овозможи печатењето на учебниците да се случи уште во мај 2024 година, односно пред конституирање на новата влада.

Ја прекинаа планираната низа на раст на платите и донесоа одлука за дегарадирачко, срамно усогласување од само 0,7%, што е минимални 200-300 денари.

Толку ли за ВМРО-ДПМНЕ вредат наставниците?

Од овој септември, платите на наставниците требаше да се зголемат за 12%, односно дополнителни 4.300 денари. Ова зголемување беше дел од новиот колективен договор за основно и средно образование. Но, благодарение на неспособноста на министерката Весна Јаневска, наставниците сега губат повеќе од 4.000 денари секој месец.

ВМРО ДПМНЕ лаже дека нема пари за повисоки плати, бидејќи средствата беа проектирани во буџетот на Министерството за образование за 2024 година. Но, со ребалансот, ВМРО ДПМНЕ одлучи да ги прераспредели парите за свои приоритети, што резултираше со кратење на средствата за инвестиции во образованието, подобрување на инфраструктурата, програми за децата од социјално ранливите категории.

Ова е уште една од низата лаги на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи во нивната програма стои раст на плати и подобрување на инфраструктурата. Но, затоа има пари за зголемување на платите на директорите на училиштата за 40-50%.

ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува спирата на раст на плати во образованието што Владата на СДСМ ја започна и ја спроведуваше со долгорочен план.

Така, обезбедивме наставниците во основно образование денеска да имаат плата од 33,646 денари + минат труд за разлика од 2016 та кога имаа 21.100 денари, а во средното образование платите на професорите се 35.200 денари + минат труд за разлика од 2016та кога беше 21.950 денари.

Во овие 100 дена, ВМРО ДПМНЕ покажа дека е ненародна власт, која не работи во интерес на квалитетното образование и наставниот кадар.

Нема нови мерки за студентите, туку во нивни стил ВМРО излажа дека започнуваат со реновирање на 9-те студентски домови во државата, нешто што беше започнато уште пред две години од Владата на СДСМ.

Почитувани,

Нашите просветни работници заслужуваат почит и поддршка од секоја влада. Образованието не е само буџетска ставка, туку инвестиција во нашата иднина, и затоа мора да биде приоритет. Како конструктивна опозиција, силно ќе се спротиставиме на политиките на оваа влада, која свесно сака да го маргинализира овој важен сектор, рече Жаклина Лазаревска, членка на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

.

По ден и пол изгаснат пожарот во Чаир, ќе се утврдува дали зградата е безбедна за живеење

По ден и пол, пожарот во зградата во скопски Чаир конечно е изгаснат... Од Центарот за управување со кризи велат дека во текот на ноќта, на терен биле три противпожарни возила.

По скоро 30 часа борба со пожарот во скопската населба Топанско поле огнот во ставен под контрола. Денеска мирисот на изгорена пластика се уште се чувствуваше. Саѓите по ѕидовите на зградата и соседната куќа сведочеа за големиот пожар од подрумските простории. Станарите од зградата се уште се раселени кај роднини и пријатели. Дел од нив ноќта ја поминале во автомобил.

„Ние гасевме до 4.30. Имаше висока температура до 600 степени и гореше и топеше пластика. Огрмона површина е“, Ерол Лали заменик командир на противпожарна бригада Скопје.

Во клиниката за токсикологија вчера пристигнале нови пацинети, станари од зградата. Денеска се очекува пациентите кои вчера беа хоспитализирани да бидат , откако ќе ги добијат сите потребни лекарски анализи. На токискологија ќе остане само пожарникорот. Според последните информации нема пациенти на Клиниката за детски болести.

„Засега останува пожарникарот мора да се направат плус испитувања зошто тој имал повреда на работно место“, вели д-р Андон Чибишев, директор на Клиника за токсикологија.

Засега се уште не се познати причините за пожарот. Пожарот почнал во раните утрински часови во средата од подрумските простории што бил магацин за лустери, ламби и други производи направени на база на пластика. Околу 40 граѓани од зградата побрале помош во болница поради гушење од силниот чад.

СДСМ: Николовски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

Во првите 100 дена од мандатот на владата на Мицкоски и ДПМНЕ нема ниту еден нов започнат проект.

ВМРО-ДПМНЕ единствено работи на проектите кои ги наследи од СДСМ, ниту започна ниту заврши голем проект.

Оставивме два експресни патишта со над 90% прогрес за кои ДПМНЕ блокираше Закони во Собрание а сега сеуште не може се уште да ги заврши. Оставивме завршени со изградба социјални стабени згради во Кочани, Велес, Бутел и Дебар кои треба само да се сликаат и да ги распределат. Оставивме проекти во делот на водоводите и канализациони системи во Струмица, Кичево, Штип.

Николовски потврди дека нема 100 милиони евра за општините оваа година, продолжуваат единствено проектите во општините започнати од СДСМ.

Единствено што направи Николоски беше промовирањето на трет мобилен оператот од Унгарија, и кредит од 500 милиони евра.

Потсетуваме дека кредитот за поврзување на локални патишта кои две години ДПМНЕ го блокираше во собранието беше земен со под 1 % камата за разлика од сегашните 3,2%. Ова се фактите.

Но најчудно на денешната прес конференција на Николовски е што ја молеше Бугарија, откако се искара. Го стопираше проектот за железничка пруга а сега бара од Бугарија заедничка градба на истиот.

Очигледно, Николовски ниту има резултат ниту знае каде тера, се наведува во партиската реакција.

Мицкоски: ДУИ полека но сигурно се навикнува да биде во опозиција

ДУИ полека но сигурно се навикнува да биде во опозиција – вели премиерот Христијан Мицкоски прашан за пораките од интегративците... 

„Вреди“ ја одби поканата на Али Ахмети за да преминат во опозицискиот табор со Европскиот фронт. И премиерот Мицкоски и министерот Таравари едногласни со порака дека ДУИ се навикнуваат на опозиција, откако самите кажаа дека не се заинтересирани да станат дел од власта бидејќи не биле резервна гума.. Овие одговори ги дадоа ден по повиците на лидерите од фронтот кои ги поканија нивните опоненти, како што рекоа, заеднички да му ги исцртаат црвените линии на премиерот Мицкоски.

„ДУИ полека, но сигурно, се навикнува да биде во опозиција. Жалам што Али ги споредува својата партија и членовите со гума за спасување, очекував поголема креативност. Им посакувам опозициски денови во кои ќе се реформираат, ќе може да го пронајдат својот програмски идентитет, кадровски да се реформираат со нови свежи кадри, па можеби на некои следни избори ќе се појават со поинаков пристап од оној што го гледавме повеќе од 20 години.“

„Ахмети полека се навикнува да биде во опозиција, се надевам дека ќе се навикне уште подобро, само треба адаптација, ништо друго.“

По тврдењата дека планот на ДУИ е да протестираат, но не и да ја дестабилизираат државата, премиерот вели дека нивните првични обиди се осуетени и сега ја омекнале реториката. Мицкоски го искоментира и тоа што Ахмети повторно повикува да се спроведе ветинг на функционерите.

„Ја мислев дека со одењето на ДУИ во опозиција таков вид на сатира и хумор е завршен. Но, тие еве продолжуваат и понатаму. Ќе слушаме во периодот што следи ваков вид на сатира и хумор, па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија.“

Да го спроведеме, па да ги видиме резултатите- возврати Ахмети за ветингот, кој вели дека е предложен во Собрание пред 4 години и во него е предвиден мониторинг од Брисел и Вашингтон.

„Да го пробаме хуморот да видиме како ќе испадне. Ајде да видиме како ќе оди расположението. Овде не снимам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Тие нека нарачаат, ние ќе направиме сѐ.“ Од ДУИ веќе најавија дека нивните забелешки кон власта ќе ги нотираат секојдневно преку медиумите, потоа ќе излезат на терен меѓу членството, а на крај очекуваат да се мобилизираат и кон средината на ноември да излезат на протести.

притисни ентер