Мицкоски со честитка по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани, дозволете ми во мое лично име и во името на Владата, да го честитам 28 Септември ‌ Меѓународниот ден на Бошњаците.

Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот.

Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина.Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка.

Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат.

Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!, порача премиерот Христијан Мицкоски во честитката.

Стапи во сила законот за нефер трговија, се очекува намалување на производите

Стапува во сила законот за нефер трговски практики, кој дополнително треба да ги намали цените на прехранбените производи... 

Од денеска стапува на сила законот за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, кој дополнително треба да ги намали цените на производите и според најавите да стави ред во трговијата. Со него се опфатени 2.500 производи, меѓу кои се речиси сите видови на млечни, месни и сувомеснати производи, јајца, бројни видови на риби и тестенини, како и овошје и зеленчукот, на кои профитната маржа им е ограничена до 10 %, па се очекува иститите толку и да бидат намалени. Се ограничува и рабатот, а покрај тоа трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и истакнување на одреден производ на полица.

„Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со лие наметнвуање се искористува значителна преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување на нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над приомената на нефер трговските практики.“

Дел од граѓаните со поделени мислења за мерката. Некои сметаат дека цените пред да се направи овој потег биле покачени па очекуваат и платите да пораснат за да има некаков ефект, други пак велат дека ќе почекаат да видат што овој закон ќе значи за нивниот џеб.

Спроведувањето на законот ќе биде под лупа на комисијата за заштита од конкуренција која ја назначува Собранието. Инаку и натаму останува на сила времената владина мерка со која до крајот на октомври се ограничува бруто профитната маржа на 73 производи. Вакви мерки според најавите се очекува да се носат и за празниците.

Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.

Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Почина родилка во болницата во Куманово, новороденчето итно пренесено во скопска Гинекологија

Триесет и едногодишна родилка од Куманово синоќа починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово... 

31 годишна родилка синоќа починала во кумановската болница за време на породувањето, а новороденчето е итно префрлено во Клиниката за детски болести во Скопје. Починатата родилка, како што информираше директорот на кумановската болница Стефан Трајановски, била примена завчера со отпочнато породување, но со слаби контракции, поради што гинекололозите до вчера чекале да се добијат спонтани контракции за родилката да се породи по природен пат. Но, бидејќи тоа не се случило, Трајановски вели веднаш и биле дадени стимулации, по кои нагло настанале тешки компликации и жената починала. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

„Чекано е до вчера и вчера отпочнато со стимулации кога се отпочнато со стимулации, нагло е настанато престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестизиолог за реанимација при обид за реанимација не е е добиена срцева акција и притисок крвен. Веднаш е внесено во сала за операција да се извади плодот. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет“

Новороденчето во тешка општа сосотојба веднаш по породувањето е префрлено на интензивна нега и терапија на скопската Клиника за детски болести, информира за Канал 5 директорот Реџеп Мемеди. Тој вели дека во моментов бебето е приклучено на респиратор и неговата состојба е стабилна.

„Дете родено во 40 недела со царски рез кое на раѓањето било без срцева акција и без дишење, реанимирано е само се возвратени витални знаци и веднаш трансферирано кај нас. Кај нас примено во тешка општа состојба примено, веднаш интубирано и поставено на мехјаничка вентилација значи на машина и се презмени сите мерки за деето да се стабилизра. Моментално е стабилно одржува добри витални парамтери и се прима целосната терапиија која е потребна за вакви состојби.“

Причините за смртта на родилката веќе ги истражуваат и од полицијата и од јавното обвинителство, од каде е изадена наредба за обдукција на телото на починатата, кое е предадено во Инситутот за судска медицина.

Од обвинителството велат дека веќе е прибрана и се анализира целосната документација за третманот на родилката за време на нејзината бременост.

притисни ентер