Синер повторно на удар на антидопинг комисијата, сепак направи пресврт

Италијанскиот тенисер Јаник Синер повторно е во центарот на вниманието на светската јавност по жалбата на Светската антидопинг агенција до Меѓународниот суд за спортска арбитража и враќањето на процесот во врска со обвинувањата на почеток. 

Среде сето тоа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг.

Роман Сафиулин беше достоен ривал, но успеа да загуби со 2-1, по сетови 3:6, 6:2, 6:3. Јежи Лехечка ќе биде следниот ривал по триумфот над Роберто Баутиста Агут.

Во текот на мечот Италијанецот најверојатно добил нови информации и токму во тие моменти започна неговиот пресврт. Во првиот сет загуби, се врати, па повторно го загуби сервисот, што беше доволно Русинот да ја искористи предноста.

Синер тргна сталожено во вториот сет, Саифиулин се извлече во вториот гем, но не подоцна во шестиот и осмиот, што беше само најава за третиот последователен брејк на стартот од решавачкиот сет.

Јаник на тој начин ја продолжи серијата од 49 последователни победи против тенисери надвор од топ 20, а има и одличен скор од 57-5 на гостувањето оваа година.

Ужас на Крф: Убиен е маж, полицијата ја нашла крвавата облека на неговата 11- годишна ќерка

Грчката полиција се обидува да го расветли убиството на маж (68) на Крф, чија сопруга и ќерка (11) го нашле мртов во својот дом.

Полицијата врши увид на местото на настанот и се обидува да утврди како се случило злосторството. Мажот наводно бил избоден до смрт, објави Катимерини.

Во текот на истрагата, полицијата дошла до шокантно откритие - имено, во реонот околу куќата полицијата пронашла крвава облека во канта за ѓубре, која наводно ѝ припаѓала на неговата 11-годишна ќерка.

Таму бил пронајден и нож.

Полицијата се обидува да утврди зошто облеката на девојчето била крвава и дали убиството е извршено со пронајдениот нож.

Трагедијата била откриена во раните утрински часови околу 3 часот и 30 минути, кога неговата ќерка повикала полиција и рекла дека татко ѝ неодамна се вратил дома и е тешко повреден.

Таа рекла дека се чини дека таткото бил избоден со нож и бил во несвест.

Полицајците излегле на местото на настанот каде пронашле маж како лежи на подот од спалната соба, гол со рана под левата клучна коска.

Покрај ќерката, била и сопругата на 68-годишниот маж, додека парот, како што се дознало од истрагата, во последните две години ги ангажирал властите поради семејно насилство.

АХВ: Светски ден на борба против беснилото, вакцинирајте го вашиот миленик

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото.

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат. Овогодинешното мото нагласува дека концептот „Едно здравје“ се однесува на секого од нас и не насочува да размислуваме надвор од рамката, да ги уништиме бариерите што стојат на патот на елиминација на беснилото. Тука спаѓаат јазлите во меѓународната соработка, недостатокот на пристап до основните ресурси (вклучувајќи квалитетни вакцини) и ограниченото знаење на јавноста за болеста.

Со годинашното мото, Глобалната алијанса за контрола на беснилото ги охрабрува засегнатите страни, организациите и луѓето од секоја сфера на животот да се обединат за да ја постигнат целта од нула смртни случаи од беснило до 2030 година #ZeroBy30.

Беснилото е прекугранична болест која бара прекугранична акција. Заедно, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската организација за здравје на животните (WOAH), Светската здравствена организација (СЗО) и Форумот Обединети против беснило го користат пристапот за Едно здравје за да ги здружат владите, производителите на вакцини, истражувачите, невладините организации и развојни партнери во борбата со болеста.

Со соработка и здружување на силите низ секторите, ангажирање на заедниците и почитување на задолжителнта вакцинација на кучињата, заедно како еден можеме да работиме кон првата цел за елиминирање на една болест за да го направиме концептот Едно здравје достапен за сите - користејќи го беснилото како пример.

Како одговорна институција за заштита на здравјето и на луѓето и на животните во контекст на концептот „Едно здравје“ координирајќи ги активностите на здравствената заштита на животните и јавното здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање.

Во Република Северна Македонија во однос на оваа болест епидемиолошката состојба е стабилна. Од последните евидентирани случаи на беснило во 2012 година, кај мачка во радовишкото село Аргулица и кај волк во кочанското село Главовица, во земјава нема беснило. Како одговорна институција, навреме ги преземаме потребните мерки за контрола на состојбата.

Со стапка на смртност од речиси 100% и кај луѓето и кај животните, беснилото останува глобална закана, убивајќи приближно 59.000 луѓе секоја година. Кучињата се главниот резервоар на болеста. Контролирањето и елиминирањето на смртоносната зооноза значи, според тоа, борба против неа од нејзиниот животински извор.

Апел до сопствениците на домашни миленици: ,,Бидете одговорен сопственик кон вашиот миленик, кон самиот себе, кон своето семејство и непосредната околина. Беснилото е премногу сериозна болест. Вашата обврска за вакцинација на вашиот миленик против беснило извршувајте ја навремено и редовно во регистрираните ветеринарни друштва,,.

Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска, истата започнува на возраст од 4 месеци, а вакцината е потполно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно.

Не чекајте!

Вакцинирајте го вашиот миленик и помогнете во елиминација на беснилото!

Агенција за храна и ветеринарство

Се појави тизер за новиот филм на Анџелина Џоли, што ја воодушеви публиката во Венеција (ВИДЕО)

На Youtube пристигна официјалниот тизер за биографскиот филм Марија, во кој легендарната оперска дива Марија Калас ја игра оскаровката Анџелина Џоли.

Тоа е последниот дел од трилогијата биографски филмови за влијателни жени во режија на Пабло Ларен. Заедно со Марија, трилогијата се состои од филмовите Спенсер, за принцезата Дијана и Џеки, за Џеки Кенеди.

Најновиот филм на Ларен беше премиерно прикажан на 29 август оваа година на филмскиот фестивал во Венеција, каде што доби осумминутни овации. Сценариото за филмот го напиша Стивен Најт, креаторот на серијата Peaky Blinders.

Филмот е сместен во 1970-тите и ги прикажува последните денови од животот на еден од најпознатите оперски пејачки на сите времиња. Марија Калас почина од срцев удар на 53-годишна возраст.

Споредни улоги во филмот ги толкуваат Валерија Голино, Коди Смит-Мекфи, Халук Билгинер, Алба Рорвачер, Пјерфранческо Фавино, Џереми Вилер и Ребека Џонстон.

Тизерот за филмот Марија ги подели гледачите бидејќи некои фанови сметаат дека Џоли не е веродостојна во улогата на Марија Калас, додека друг дел тврдат дека таа заслужува Оскар за нејзината изведба.

„Ова изгледа прекрасно“, „Одличен тизер! Навистина навивам за Џоли“, „Мислам дека Анџелина Џоли ќе стане двократна оскаровка“, „Анџелина е уметник. Овој филм би можел да добие Оскар“, се некои од попозитивните коментари на социјалната мрежа Редит.

„Ќе го гледам ова за сетовите и костимите, но не верувам дека Џоли или филмот верно ќе ја прикажат Калас. Го мразам тој филм“, „Без навреда за фановите на Peaky Blinders, но ако Стивен Најт работи на ова, има 85% шанси филмот да биде ужасен или разочарувачки“, напишаа гледачите скептични за филмот.

Филмот Марија ќе се прикажува во одбрани кина од 27 ноември годинава, а на Нетфликс ќе биде достапен од 11 декември.

притисни ентер