Почина родилка во болницата во Куманово, новороденчето итно пренесено во скопска Гинекологија

Триесет и едногодишна родилка од Куманово синоќа починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово... 

31 годишна родилка синоќа починала во кумановската болница за време на породувањето, а новороденчето е итно префрлено во Клиниката за детски болести во Скопје. Починатата родилка, како што информираше директорот на кумановската болница Стефан Трајановски, била примена завчера со отпочнато породување, но со слаби контракции, поради што гинекололозите до вчера чекале да се добијат спонтани контракции за родилката да се породи по природен пат. Но, бидејќи тоа не се случило, Трајановски вели веднаш и биле дадени стимулации, по кои нагло настанале тешки компликации и жената починала. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

„Чекано е до вчера и вчера отпочнато со стимулации кога се отпочнато со стимулации, нагло е настанато престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестизиолог за реанимација при обид за реанимација не е е добиена срцева акција и притисок крвен. Веднаш е внесено во сала за операција да се извади плодот. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет“

Новороденчето во тешка општа сосотојба веднаш по породувањето е префрлено на интензивна нега и терапија на скопската Клиника за детски болести, информира за Канал 5 директорот Реџеп Мемеди. Тој вели дека во моментов бебето е приклучено на респиратор и неговата состојба е стабилна.

„Дете родено во 40 недела со царски рез кое на раѓањето било без срцева акција и без дишење, реанимирано е само се возвратени витални знаци и веднаш трансферирано кај нас. Кај нас примено во тешка општа состојба примено, веднаш интубирано и поставено на мехјаничка вентилација значи на машина и се презмени сите мерки за деето да се стабилизра. Моментално е стабилно одржува добри витални парамтери и се прима целосната терапиија која е потребна за вакви состојби.“

Причините за смртта на родилката веќе ги истражуваат и од полицијата и од јавното обвинителство, од каде е изадена наредба за обдукција на телото на починатата, кое е предадено во Инситутот за судска медицина.

Од обвинителството велат дека веќе е прибрана и се анализира целосната документација за третманот на родилката за време на нејзината бременост.

Марко Маркез изведе неверојатен потег- за помалку од 20 секунди помина седум возачи (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја е победник на спринтерската трка на Големата награда на Индонезија, 15-та трка од сезоната во Мото ГП.

Италијанецот го постигна петтиот триумф во спринтот во 2024 година на патеката „Мандалика“.

Половина секунда зад него беше Енеа Бастианини, исто така возач на Дукати, додека трет беше Марко Маркез на Гресини. Тој ја одбележа оваа трка.

Шесткратниот шампион во Мото ГП беше дванаесетти на почетокот на трката и за само дваесет секунди успеа да помине седум возачи и да заврши петти. Нереално од ветеранот, кој толку долго се мачеше со повреди.

Претходно изутрината, Хорхе Мартин на Прамак Дукати го освои првото место пред главната трка, која е закажана за в недела во 6 часот по наше време. Шпанецот постигна време од 1:29.088 минути.

Од првиот ред ќе стартуваат и Марко Бецеки на VR46 и Педро Акоста на Гас Гас, а Бањаја од позиција четири. Маркез имаше два несреќи во квалификациите и затоа го започна спринтот од 12-то место, како што ќе направи и на главниот настан.

Квалификациите ги одбележаа бројни инциденти, а Хорхе Мартин по падот успеа да се врати и да биде прв.

Ужас на Крф: Убиен е маж, полицијата ја нашла крвавата облека на неговата 11- годишна ќерка

Грчката полиција се обидува да го расветли убиството на маж (68) на Крф, чија сопруга и ќерка (11) го нашле мртов во својот дом.

Полицијата врши увид на местото на настанот и се обидува да утврди како се случило злосторството. Мажот наводно бил избоден до смрт, објави Катимерини.

Во текот на истрагата, полицијата дошла до шокантно откритие - имено, во реонот околу куќата полицијата пронашла крвава облека во канта за ѓубре, која наводно ѝ припаѓала на неговата 11-годишна ќерка.

Таму бил пронајден и нож.

Полицијата се обидува да утврди зошто облеката на девојчето била крвава и дали убиството е извршено со пронајдениот нож.

Трагедијата била откриена во раните утрински часови околу 3 часот и 30 минути, кога неговата ќерка повикала полиција и рекла дека татко ѝ неодамна се вратил дома и е тешко повреден.

Таа рекла дека се чини дека таткото бил избоден со нож и бил во несвест.

Полицајците излегле на местото на настанот каде пронашле маж како лежи на подот од спалната соба, гол со рана под левата клучна коска.

Покрај ќерката, била и сопругата на 68-годишниот маж, додека парот, како што се дознало од истрагата, во последните две години ги ангажирал властите поради семејно насилство.

АХВ: Светски ден на борба против беснилото, вакцинирајте го вашиот миленик

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото.

Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борба против беснилото, која годинава под мотото „Кршење на границите на беснилото“ се одбележува по 18-ти пат. Овогодинешното мото нагласува дека концептот „Едно здравје“ се однесува на секого од нас и не насочува да размислуваме надвор од рамката, да ги уништиме бариерите што стојат на патот на елиминација на беснилото. Тука спаѓаат јазлите во меѓународната соработка, недостатокот на пристап до основните ресурси (вклучувајќи квалитетни вакцини) и ограниченото знаење на јавноста за болеста.

Со годинашното мото, Глобалната алијанса за контрола на беснилото ги охрабрува засегнатите страни, организациите и луѓето од секоја сфера на животот да се обединат за да ја постигнат целта од нула смртни случаи од беснило до 2030 година #ZeroBy30.

Беснилото е прекугранична болест која бара прекугранична акција. Заедно, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Светската организација за здравје на животните (WOAH), Светската здравствена организација (СЗО) и Форумот Обединети против беснило го користат пристапот за Едно здравје за да ги здружат владите, производителите на вакцини, истражувачите, невладините организации и развојни партнери во борбата со болеста.

Со соработка и здружување на силите низ секторите, ангажирање на заедниците и почитување на задолжителнта вакцинација на кучињата, заедно како еден можеме да работиме кон првата цел за елиминирање на една болест за да го направиме концептот Едно здравје достапен за сите - користејќи го беснилото како пример.

Како одговорна институција за заштита на здравјето и на луѓето и на животните во контекст на концептот „Едно здравје“ координирајќи ги активностите на здравствената заштита на животните и јавното здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање.

Во Република Северна Македонија во однос на оваа болест епидемиолошката состојба е стабилна. Од последните евидентирани случаи на беснило во 2012 година, кај мачка во радовишкото село Аргулица и кај волк во кочанското село Главовица, во земјава нема беснило. Како одговорна институција, навреме ги преземаме потребните мерки за контрола на состојбата.

Со стапка на смртност од речиси 100% и кај луѓето и кај животните, беснилото останува глобална закана, убивајќи приближно 59.000 луѓе секоја година. Кучињата се главниот резервоар на болеста. Контролирањето и елиминирањето на смртоносната зооноза значи, според тоа, борба против неа од нејзиниот животински извор.

Апел до сопствениците на домашни миленици: ,,Бидете одговорен сопственик кон вашиот миленик, кон самиот себе, кон своето семејство и непосредната околина. Беснилото е премногу сериозна болест. Вашата обврска за вакцинација на вашиот миленик против беснило извршувајте ја навремено и редовно во регистрираните ветеринарни друштва,,.

Вакцинирањето против беснило на кучињата и мачките е законска обврска, истата започнува на возраст од 4 месеци, а вакцината е потполно безопасна за миленикот. Ревакцинација се врши еднаш годишно.

Не чекајте!

Вакцинирајте го вашиот миленик и помогнете во елиминација на беснилото!

Агенција за храна и ветеринарство

притисни ентер