Тој бил толку заинтригиран од тоа, по што отишол 1,5 километар назад за да истражува.
Човекот планирал еднодневно зимско патување до градот Ланголен, но го маѓепсала необичната глетка на реката - леден диск со дијаметар од 15 метри, кој полека се вртел.
Совршено кружниот диск ротирал во насока на стрелките на часовникот на површината на водата.
„Прво го забележав од автобусот, низ врвовите на блиските дрвја. Не можев да им верувам на очите! Се вратив по старата железничка пруга за да го најдам. Потоа го гледав речиси еден час“, рече тој.
Тој проценува дека ледениот диск ротирал со брзина од 1,6 km/h. Забележал и знак на брегот кој ги предупредувал љубопитните за појавата на вирови, пишува Дејли Стар.
Иако приказната и фотографијата што ја направил Диксон потсетуваат на филмови од фантазија, објаснувањето е едноставно. Тој имал можност одблиску да ужива во природниот феномен, познат како леден круг, леден диск или леден слив, кој се јавува во вода што тече бавно, во студени предели.
Ледените дискови се снимени низ целиот свет, од Русија до Кина и низ цела Скандинавија. Во САД, нивното прво видување датира од 1895 година во Конектикат.
Некои од најпознатите примери се снимени во Северна Америка, вклучувајќи масивен леден диск широк 300 метри во Мејн во јануари 2019 година. Уште поголем е виден во канадската река Талтсон, со пречник од импресивни 200 метри .