Патник од автобус сними невидена сцена: Мистериозен огромен диск од мраз што се врти (ВИДЕО)

Гери Диксон (62) патувал со автобус кога видел необична глетка во реката Ди, во југоисточен Велс.

Тој бил толку заинтригиран од тоа, по што отишол 1,5 километар назад за да истражува.

Човекот планирал еднодневно зимско патување до градот Ланголен, но го маѓепсала необичната глетка на реката - леден диск со дијаметар од 15 метри, кој полека се вртел.

Совршено кружниот диск ротирал во насока на стрелките на часовникот на површината на водата.

„Прво го забележав од автобусот, низ врвовите на блиските дрвја. Не можев да им верувам на очите! Се вратив по старата железничка пруга за да го најдам. Потоа го гледав речиси еден час“, рече тој.

Тој проценува дека ледениот диск ротирал со брзина од 1,6 km/h. Забележал и знак на брегот кој ги предупредувал љубопитните за појавата на вирови, пишува Дејли Стар.

Иако приказната и фотографијата што ја направил Диксон потсетуваат на филмови од фантазија, објаснувањето е едноставно. Тој имал можност одблиску да ужива во природниот феномен, познат како леден круг, леден диск или леден слив, кој се јавува во вода што тече бавно, во студени предели.

Ледените дискови се снимени низ целиот свет, од Русија до Кина и низ цела Скандинавија. Во САД, нивното прво видување датира од 1895 година во Конектикат.

Некои од најпознатите примери се снимени во Северна Америка, вклучувајќи масивен леден диск широк 300 метри во Мејн во јануари 2019 година. Уште поголем е виден во канадската река Талтсон, со пречник од импресивни 200 метри .

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот

Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот.

Нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.

СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб.

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот.

Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес, се наведува во партиската реакција на пресот на Каја Шукова од СДСМ..

Петрушевски: СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ

СДС, Заев и Филипче свесно му ја препуштија Лотарија на ДУИ, за Груби да прави криминал, а тие да останат на власт.

Да не беше СДС, Заев и Филипче, криминалот на ДУИ немаше да биде возможен.

Не е само криминалот од 8 милиони евра. Груби и ДУИ ја претвориле Лотарија во нивна приватна фирма, делеле тендери и пари како да се работи за семеен бизнис, а не за државно претпријатие со пари на граѓаните.

Артан Груби не беше сам во криминалот. СДС со нивната желба за власт по секоја цена му го овозможија тоа.

СДС знаеше дека во моментот кога ќе поведе постапка против Груби, владата им паѓа, затоа го толерираа, а подоцна и му се приклучија.

СДС со денови прават приказни, а секој знае дека се што правеше Груби знаеја во СДС, но молчеа од страв.

СДС излезе на избори со надеж дека таквиот тандем ќе продолжи.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред изборите, и во текот на целото криминално работење на Груби кажуваше дека одговорност ќе има. И тоа и се случува сега. Одговорност за секој украден денар народни пари ќе има, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Шукова: Граѓаните се гушат, власта мора да преземе мерки против загадувањето на воздухот

Борбата против загадениот воздух е долг процес кој бара континуирана посветеност, стратешки и конкретни мерки од власта и институциите за намалување на загадувањето.

Шест месеци како власта на ДПМНЕ ја презеде одговорноста за жал гледаме дека нешто сериозно не се презема. Граѓаните се оставени сами на себе.

Скопје, главниот град на нашата држава, повторно е на листата на најзагадени градови во светот. Според извештаите на УНИЦЕФ, граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Велес дишат загаден воздух повеќе од 3 месеци. Светската банка, пак, алармира дека загадувањето годишно убива 2.800 наши сограѓани.

Овие податоци се алармантни и бараат нужна институционална акција која досега изостанува.

Каде се ветувањата на Мицкоски и ВМОР-ДПМНЕ? Кога беа во опозиција, најавуваа 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%. Тие ветувања денеска се покажаа како една голема лага.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема сериозни мерки, туку дополнително ги намалува средствата за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно.

Тоа е неодговорно и мора да се промени.

Владата мора веднаш да ги ревидира своите политики и да преземе сериозни чекори за справување со загадувањето. Секој ден одложување значи уште повеќе загрозени животи на нашите сограѓани.

За споредба, Владата на СДСМ преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот. Почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму.

Овие мерки и политики дадоа резултат и затоа требаше да бидат продолжени и надградени.

Фактите говорат дека просечните годишни концентрации на најкритичната загадувачка честичка PM10 и PM 2.5 во последните пет години (2020-2024) се намалија како резултат на успешно преземените мерки и инвестиции, и тоа е евидентно од податоците на државниот мониторинг-систем. )

Овие резултати го потврдуваат успехот на нашите мерки и посветеноста кон решавањето на овој проблем, истите се јавно објавени и достапни за секој граѓанин.

Но, тоа не е доволно. Борбата со загадувањето мора да биде постојана.

Преку буџетот на МЖСПП и во соработка со нашите стратешки партнери, Владата на СДСМ инвестираше околу 3 мил евра во модернизација и подобрување на функционалноста на на државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на воздухот, кој овозможува достапност на податоците во реално време до секој граѓанин.

Во целост се реализираше Оперативната програма за одржување на овој систем, која вклучуваше набавка на нови мониторинг станици и резервни делови за одржување на системот, кој сегашната Влада го наследи како комплетен и функционален. Но не гледаме дека нешто сега се прави.

Некои мерки што сега се презентираат како „нови“ од сегашната Влада се всушност продолжение на нашите успешно спроведени политики. На пример:

● Мерката за „квалитетно огревно дрво“ беше воведена од СДСМ и поддржана со интензивни медиумски кампањи со наслов „Топли препораки“

● Субвенциите за замена на нееколошките системи за греење со инвертер клими и други еколошки опции се доделуваат веќе години наназад

● Градот Скопје уште во 2020 година воведе бесплатна услуга за отстранување на остатоци од бербата за да се спречи палењето стрништа.

Дополнително, за реализација на програмата за воздух, во буџетите од 2019 до 2021 година беа издвоени и успешно реализирани повеќе од 300 милиони денари. Парите се реализираа во општините низ државата за замена на нееколошките системи за затоплување и енергетска ефикасност во јавни објекти.

За жал, ваква финансиска програма не е предвидена со буџетот за 2025 година, предвидени се 0,00 денари, ниту пак слични активности финансиски поддржани од буџетот кои ќе допринесат за намалување на загадувањето на воздухот.

Ова е разликата помеѓу вистинската посветеност и добро осмислените политики кои носат резултати, што не е случај со ДПМНЕ кои покажуваат голема неспособноста да се справат со проблемите во животната средина.

СДСМ останува посветена на подобрувањето на животната средина и здравјето на граѓаните, силно ќе се бориме против погрешните политики на власта, но и со одржливи предлог решенија.

Сепак, одговорноста е во власта и мора да покаже волја да ги промени политиките и да почне да работи за намалување на загадениот воздух преку продолжување на процесот кој го ззапочна и успешно го реализираше СДСМ, рече Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

притисни ентер