Фицо сериозно му се закани на Зеленски, ако Киев го запре транзитот на руски гас кон Словачка

Словачка ќе размисли за контра мерки против Украина, како што е запирање на резервното снабдување со електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка.

Словачка ќе размисли за контра мерки против Украина, како што е запирање на резервното снабдување со електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка, како што се очекува, изјави денеска премиерот Роберт Фицо.

Словачка се обидува да го зачува рускиот гас преку Украина во 2025 година, иако Киев поради војната одби да го обнови транзитниот договор со Москва кој истекува на крајот на годината.

„Ние веруваме дека алтернативните рути нагло ќе ги зголемат трошоците и ќе ги погодат нејзините транзитни операции, предизвикувајќи да изгуби 500 милиони евра во такси“, рече Фицо.

Во денешната видео порака на Фејсбук, Фицо го повтори својот став дека прекинувањето на транзитот на гас преку Украина ќе ѝ наштети на ЕУ и нејзината конкурентност. Тој изјави дека според некои проценки, цената на блокот може да достигне 120 милијарди евра во периодот 2025-2026 година, пишува Ројтерс.

Фицо ја префрли вината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого јавно се расправаше минатата недела.

„По 1 јануари ќе ја процениме ситуацијата и можностите за реципрочни мерки против Украина.“, рече Фицо во видео пораката.

Сакраменто Кингс го отпушти тренерот Мајк Браун по серијата од пет порази

НБА тимот Сакраменто Кингс го отпушти својот тренер, Мајк Браун (54). Тој беше на чело на тимот трета сезона, а во првата кампања (2022-2023) успеа да се квалификува во плеј-офот. 

Потоа беше прогласен за Тренер на годината во НБА. Браун минатата година потпиша тригодишно продолжување на договорот од 30 милиони долари.

Сакраменто е 12-ти од 15 тима во Западната конференција, откако има пет порази на домашен терен, последниот од Детроит Пистонс.

-Ова беше тешка одлука и сакам да му се заблагодарам на Мајк за неговиот придонес во тимот, изјави генералниот директор на Сакраменто, Монте Мекнер.

Неговиот помошник, Даг Кристи, ќе биде привремен тренер на тимот, кој и самиот играше 15 сезони во НБА, од кои четири и пол беа во Сакраменто.

Браун има 107 победи и 88 порази за повеќе од две години на чело на Сакраменто. Пред тоа беше помошник тренер во Голден Стејт.

Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија

Албанското министерството за земјоделство и рурален развој информираше дека се потврдени повеќе случаи на африканска свинска чума во фарма во Лежа.

- Управната единица Шенѓин при увид извршен деновиве констатира дека во село Ишул кај Лежа се угинати 15 од вкупно 71 свиња колку што поседува сопственикот на фармата. Угинатите животни веднаш се закопани, околината е дезинфицирана, сњ наведува во соопштението.

Се додава дека според утврдениот протокол земени се мостри, чија анализа потврдила дека станува збор за африканска свинска чума.

Министерството презело мерки за спречување на ширењето на болеста. Една од нив е забрана за продажба и промет на живи свињи на отворени површини и пазари на територијата на општина Лежа и надзор на другите фарми во ова подрачје на северозападна Албанија.

Шукова: Дебакл на кошничките на власта, милиони евра се извлечени од џебовите на граѓаните

Политиките на власта со така наречени кошнички доживеа дебакл и сите најави сега за некакви корекции се само уште една манипулација. 

Наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“. Основните производи поскапеа наместо да поевтинат и станаа луксуз за граѓаните, власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност, токму пред новогодишните празници. Прашањето е – што им должеше Мицкоски на трговците за да дозволи ваква пљачка врз грбот граѓаните?

Само за шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши драматично. Мицкоски се грижи за елитата и бизнис интересите, додека народот плаќа висока цена, рече Каја Шукова потпретседателка на СДСМ.

притисни ентер