Мицкоски: Есенската кошница е резултат на анкета направена со граѓаните

Премиерот Мицкоски, појасни дека есенската кошница е резултат на анкета направена со граѓаните.

„Оваа есенска кошничка е тартегирана и е резултат на анкета којашто е правена со граѓаните, кои се производите коишто во оваа есен се нај користени од страна на граѓаните, исто таква анкета ќе има и предновогодишна ќе има таква и пролетна, така што нашата цел како Влада којашто се грижи за граѓаните е производите коишто се најупотребувани на страна на граѓаните да бидат опфатени со оваа мерка. Нормално ние немаме намера да ја ограничуваме маржата на перки од китови или кавијар не знам каков којшто доаѓа од не знам каде, бидејќи мал е бројот на граѓани коишто тоа го користат, тие претпоставувам се во редовите на СДСМ и ДУИ, но сите останати се борат како да го поминат месецот од први до први и ние се фокусираме на тој тип на производи. И така и ќе биде и во периодот којшто следи“, истакна претседателот на Владата, Мицкоски.

СДСМ воведе данок на луксуз и тие пари потоа ги крадеа од буџетот, ние ја ограничивме маржата на основните прехранбени производи за да ја олесниме живејачката на граѓаните

„Па да јас од тоа што го слушам од страна на опозицијата во овој период освен тоа што е безидејна порака и порака што не допира никого, се и овие би рекол гимнастики коишто ги прават на отворена сцена коишто им се враќаат како бумеранг, негативен врз нив тие забораваат дека 1.300 мислам беа производи на коишто им го покачија ДДВ од 5 на 10 проценти а потоа додадоа и данок на луксуз. Зошто воведоа данок на луксуз? За да можат тој луксуз да го користат преку наместени тендери да го крадат истиот буџет и да завршува во нивни приватни џебови“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање при денешната посета на Општина Кавадарци.

Премиерот прецизираше дека лица од претходната Влада на грб на граѓаните стекнаа многу имоти и луксузни добра.

„Да бидам попрецизен, тоа го користам честопати во изминатиов период, од голтари станаа милионери, буквално од голтари сега милионери ги гледаме со хациенди, со раскошни возила, со имоти надвор од Македонија и така натаму. Тоа е разликата“, подвлече Мицкоски.

Во Италија вонредна сотојба во два региона погодини од поплави

 Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.

Десничарската влада на премиерката Џорџ а Мелони, исто така, им обезбеди на регионите - Емилија-Ромања и Марче - итна помош од 20 милиони евра.

Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.

Во меѓувреме, дојде до лута размена на зборови меѓу Рим и регионалните влади на поплавените подрачја. Нело Мусумечи, десничарскиот министер за цивилна заштита, ја обвини социјалдемократската администрација на Емилија-Ромања дека не ги искористила соодветно парите што веќе биле обезбедени, јави ДПА.

Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседатечките избори во САД на 5 ноември

Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.

Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија одобри нова регулатива со која се бара од канцелариите рачно да ги бројат гласачките ливчиња за претседателските избори на 5 ноември во југоисточната американска држава каде Доналд Трамп го оспори неговиот пораз во 2020 година.

Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.

Според прописите, покрај машинското броење на гласовите, предвидено е и рачно пребројување, што може да го одложи објавувањето на резултатите во оваа клучна држава за претседателските избори во САД.

Целта, како што стои во текстот усвоен со три гласа „за“ и два „против“, е „да се гарантира безбедно, транспарентно и точно пребројување“.

Индиска држава во состојба на готовност поради потенцијален упад на 900 милитанти

Индиска држава во состојба на готовност поради потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар.

Североисточната индиска држава Манипур е ставена во состојба на висока готовност по разузнавачките извештаи за потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар, изјави висок безбедносен претставник.

Кулдип Синг, советник за безбедност на Манипур, изјави дека информациите во врска со милитантите биле споделени со различни разузнавачки агенции.

Од мај 2023 година, Манипур е вмешан во насилство меѓу мнозинските заедници Меитеи и малцинските Куки, водени од спорови околу економските придобивки и квоти.

притисни ентер