Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал е еден од главните приоритети на неговата Влада. 

Тој нагласи дека ќе одржи важна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, со цел да се адресираат овие значајни прашања.

„Испраќам јасна порака. Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот кој ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето“, нагласи премиерот.

Оваа иницијатива на Мицкоски е дел од пошироките напори на Владата за подобрување на правниот систем и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

Деветмина се повредени во напад со киселина во Германија- полицијата го уапси напаѓачот

Девет лица се повредени кога маж ги испрскал со киселина во кафуле во Бохум, на истокот на Германија.

Инцидентот се случил вчера во 15:25 часот, кога маж влегол во градината на кафулето и со киселина испрскал маж кој седел на маса, како и жена која седела со него и келнерката.

Напаѓачот си заминал, но многу брзо бил уапсен недалеку од кафулето, пренесува CNN.

Во акцијата биле повредени и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со киселината.

Засега не е познато кој бил мотивот на нападот, а човекот кој бил нападнат прв има, според извештаите, многу сериозни повреди.

Ужас во Сеул: Најмалку деветмина загинати, кога автомобил влета меѓу пешаци (ВИДЕО)

Најмалку девет лица загинаа, а четворица се повредени кога автомобил удрил во пешаци во центарот на Сеул, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Шест лица починале на лице место, додека три биле пренесени во болница поради срцев удар и подоцна биле прогласени за мртви, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Од четворицата повредени, тројца се во критична состојба, соопштија надлежните.

Несреќата се случила на раскрсница во близина на градското собрание во Сеул во 21:30 часот по локално време.

Автомобилот го управувал 68-годишен маж, кој на семафор налетал на пешаците.

Полицијата соопшти дека возилото се движело во погрешна насока, се судрило со две возила пред да се втурне во толпата.

Возачот е уапсен на лице место и пренесен во болница.

Тој тврди дека автомобилот забрзал и нема историја на возење во пијана состојба.

Полицијата ги истражува околностите на несреќата.

Претседателот Џун Сук Јеол им нареди на официјалните лица да вложат максимални напори за да ги спасат погодените и да им ја обезбедат потребната помош.

Џун издаде итна наредба до министерот за внатрешни работи Ли Санг-мин и началникот на противпожарните власти, изјави претседателскиот портпарол Ким Со-кјунг.

Шпанскиот Врховен суд ги поддржа налозите за апсење на каталонските сепаратисти

Врховниот суд на Шпанија денеска ги потврди налозите за апсење на поранешниот лидер на Каталонија и неговите соработници обвинети за проневера во врска со неуспешниот обид за отцепување на регионот.

Врховниот суд на Шпанија денеска ги потврди налозите за апсење на поранешниот лидер на Каталонија и неговите соработници обвинети за проневера во врска со неуспешниот обид за отцепување на регионот, одлучувајќи дека неодамна донесениот закон за амнестија не се однесува на нив.

Одлуката која може да се обжали може да ја урне кревката шпанска социјалистичка коалиција и да има лични импликации за поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемонц, кој живее во самонаметнат егзил во Франција.

Законот за амнестија, донесен на 9 мај, имаше за цел да ги амнестира учесниците во обидот за независност на Каталонија во 2017 година во замена за клучна поддршка од сепаратистичките партии за новиот мандат на премиерот Педро Санчез по неубедливите парламентарни избори.

Истражниот судија Пабло Ларена рече дека сепак ќе бара апсење на Пуџдемон и неговите поранешни заменици Антонио Комин и Луис Пуиг, кои беа одговорни за каталонското здравје и култура.

Доколку партијата Јунтс на Пуџдемон ја одбие поддршката за законите како што е буџетот за 2025 година, Санчез нема да може да владее и ќе мора да се распишат нови избори. Политичарите и активистите вклучени во каталонското движење за независност се соочуваат со обвиненија како што се нарушување на јавниот ред и мир, непослушност и проневера.

Имено, законот предвидува два исклучоци за проневера, така што амнестијата не важи за оние кои делото го сториле со цел лично богатење или ако тоа предизвикало штета на финансиските интереси на ЕУ.

Судијата Ларена смета дека Пуџдемон, Комин и Пуиг го направиле токму тоа. Тој објасни дека оствариле лична корист со наплата на трошоците за одржување на референдумот, што шпанското правосудство го смета за незаконско, во регионалната каса, што според него не е во јавен интерес.

Тврдат дека референдумот не бил незаконски и затоа обвинувањата се неосновани. Референдумот, исто така, им наштети на финансиските интереси на ЕУ, тврди судијата, бидејќи отцепувањето на Каталонија ќе влијае на наплатата на даноците и националниот БДП на Шпанија.

Пресудата е удар за Пуџдемон, кој се надеваше дека амнестија ќе го ослободи од сите обвиненија во Шпанија и ќе му овозможи да се врати дома.

притисни ентер