МФ: Со буџетот се предвидени средства за исплата на сите права на вработените

Со буџетот се предвидени средства за исплата на сите права на вработените согласно колективните договори.

одобрува преземање на обврски исклучиво врз основа на планираните средства кај буџетскиот корисник и дадено е позитивно мислење по однос на поднесени барања за потпишување колективни договори онаму каде се предвидени средства во рамки на одобрениот буџет. Со буџетот за 2025 година се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработените согласно претходно потпишаните колективни договори, за кои потенцираме, дека дел се потпишани и без обезбедено мислење од министерството за финансии. – велат од Министерството за финансии за Канал 5.

Новиот Деловник на Собранието за власта добар, за опозицијата механизам за нивно задушување

 Новиот Деловник за работата на Собранието се покажа како добар во делот на надминување на неоснованите блокади кои се случуваа во минатиот состав со поднесување на илјадници амандмани. 

Пратениците кои ги контактираше МИА велат дека новиот Деловник го прави Собранието поефикасно без притоа политиката да доминира во него, туку мерит системот на носење на актите.

Новина во новиот Деловник е и одржувањето на седници за поставување пратенички прашања на кои прашањата ги поставува само опозицијата во времетраење од два часа.

- Согласно Член 42 - (1) Пратенички прашања од пратениците од пратеничките групи во опозиција и од пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група се поставуваат еднаш месечно, во денот кога се одржува седница на Собранието. Доколку во текот на месецот не се свикани седници, претседателот на Собранието задолжително свикува една седница заради поставување на пратенички прашања. (2) Пратеничките прашања од ставот (1) на овој член се поставуваат по утврдувањето на дневниот ред на седницата во траење од два часа, се посочува во објаснувањето од собраниската прес-служба.

Новиот Деловник за работа, за власта добар особено во делот на неоснованите блокади, за опозицијата механизам за нивно задушување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во изјава за МИА нагласува дека новиот Деловник е добар и е нешто добро за демократијата во државата. Вели дека како и кај секоја новина, нормално е дека малку потешко се навикуваат пратениците, затоа што, како што вели, со стариот Деловник подолго време функционирало Собранието.

- Со оглед на тоа дека консензуално беше договаран повеќе години, сметам дека и самиот концепт на Собранието се промени во насока да биде нешто слично како германскиот Бундестаг, каде што ќе има предвидлив протокол од моментот кога ќе влезе некој материјал конкретно закон додека излезе. Сметам дека на таков начин го прави поефективно Собранието без притоа политиката да доминира во него, туку да доминира мерит системот на носење на актите, што е добро за граѓаните. Нормално дека малку е тешко со оглед дека од новиот мандат прв пат е во сила, да се навикнат пратениците, со оглед дека со стариот Деловник функционирало подолго време. Но е нешто на кое што ќе се навикне и сметам дека е добро за демократијата во државата, бидејќи се даваат алатки и на опозицијата да реагира, но и на јавноста доволно време да се запознае со актите и да најде начин да ги промени, вели Стојаноски.

Пратеникот на Коалицијата „Влен“, Халил Снопче во изјава за МИА оценува дека новиот Деловник не дозволува блокирање на законите со илјадници амандмани.

-Исклучок е Законот за бранители. Ова беше тенденциозна провокација на СДСМ, која го предложи без да поминат првите 100 дена од Владата. Сите албански партии се решени да не дозволат овој закон да влезе во процедура. Немаме злоупотреба на Комисијата за европски прашања за носење закони со европско знаме, вели Снопче.

Пратеничката и претседателка на Либерално-демократска партија, Моника Зајкова за МИА посочува дека новиот Деловник се покажал како добар во делот на надминување на филибастерингот и неоснованите блокади на кои, како што вели, сведочеле во минатиот состав.

-Сметам дека секогаш може подобро да работи Собранието во смисла на навремено известување за седници и неставање закони во комисии од денес за денес. Сепак, ние сме таму за интересот на граѓаните, вели Зајкова.

Илире Даути, пратеничка на „Европски фронт“ смета дека новиот Деловник бил донесен со надеж за зголемување на ефикасноста и демократијата во земјата, но посочува дека тој има ограничувања кои се злоупотребуваат од власта за да се задуши опозицијата.

- Новиот Деловник е производ на процесот Жан Моне, дијалог меѓу сите политички партии и помош на меѓународните пријатели. Овој Деловник беше донесен со надеж за зголемување на ефикасноста и демократијата во земјата. Но, за жал, како и многу други работи, и новиот Деловник и ограничувањата предвидени во него, денеска се злоупотребуваат од страна на парламентарното мнозинство и актуелната власт за да се задуши опозицијата, да се задуши демократијата и мајоризација на сите етнички заедници во земјава, вели Даути.

Со почнувањето на работа на новиот парламентарен состав, почна и примената на новиот Деловник за работа на Собранието, кој беше изгласан во 2023 година во времето кога претседателот на Собранието беше Талат Џафери. Договорот за нов Деловник за работата на Собранието помеѓу пратениците и од власта и опозицијата беше постигнат во рамки на дијалогот „Жан Моне“ кој започна пред околу пет години со посредство на неколку европратеници.

Тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии. Потенцираше дека со новиот Деловник ќе се надминат предизвиците со коишто се соочувало Собранието уште од независноста и дека слабостите како и различните толкувања ќе се оневозможат кога тој ќе стапи во сила.

- Ова е оптимално решение кое дава функционалност на законодавниот дом. Во иднина нема да се повторат ситуациите што ги имавме во минатите состави, вклучувајќи го и овој состав, дека треба да се стави крај на можностите за различни толкувања на собраниските постапки, односно да имаме заедничка гаранција дека Собранието не може да се блокира, туку ќе биде функционално во името на граѓаните, рече тогаш Џафери.

Пратениците генерално задоволни од работата на Собранието, преостанува неговата дигитализација

Пратениците што ги контактираше МИА генерално се задоволни од работата на Законодавниот дом. За пратениците од власта, во овој шестмесечен период преовладува добра и релаксирачка атмосфера, додека за опозициските пратеници предовладувале дискриминаторските политики против другите етнички заедници.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на последниот брифинг со новинарите при оценувањето на шестмесечниот период на работата на законодавниот дом нагласи дека им преостанува уште многу да сработат.

– Оценката за работата на Собранието ја оставам на јавноста, на вас новинарите, на сите граѓани. Ние секој месец и со вас даваме извештаи, зборуваме за тоа колку и што сме работеле. Мислам дека кон крајот на годината, може и во почетокот на годината да направиме едно резиме за целата работа во овие седум месеци. Сепак, има уште многу да се работи. Нашите стратешки цели поставени и од поранешниот состав ние се обидуваме да ги реализираме, рече спикерот.

Потенцира дека пред нив како законодавен дом останува стратешката цел – дигитализацијата на Собранието, Отворениот Парламент, отворањето на сите канцеларии на пратениците во сите подрачни единици.

-Поголема транспарентност и на ова ќе работиме и работиме веќе интензивно. Се надевам дека после четири години ова Собрание ќе се издигне на многу поголемо ниво, рече Гаши.

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека е задоволен од работата на овој парламентарен состав, бидејќи, како што вели, многу закони се донесени кои треба да го подобрат животот на граѓаните.

- Ако треба да одвојам неколку закони на кои сум особено горд, тоа е Законот за покачување на пензиите на пензионерите од 2.500 денари за оваа година, законите со кои што успеавме да ги откочиме големите проекти како измени на Законот за експропријација со кое што го олеснуваме и го забрзуваме процесот на експропријација, но и многу други закони кои што можат да се видат и по бројките од Државниот завод за статистика дека има подобрување во пензиите, во платите и во реализацијата на капиталните проекти, нешто што досега не беше случај, вели Стојаноски.

И Халил Снопче од Влен вели дека е задоволен од работата на овој парламентарен состем и смета дека преовладувала релаксирачка атмосфера.

- Преовладува релаксирана атмосфера. Работата на Собранието во првите шест месеци ја карактеризира значително мнозинство и слаба опозиција. Немаше проблеми со кворумот како во претходниот мандат. Претседателот на Собранието Африм Гаши постави нова оперативна норма седниците да почнат точно во терминот кога се закажани. Имавме интерпелација против Гаши, кое беше неуспешно. Не гледам прагматизам и конструктивност кај албанската опозиција. Наместо да се занимаваат со реалните проблеми кои ги засегаат граѓаните, тие повеќе се фокусирани на создавање спектакли, обидувајќи се да креираат теми за дефокусирање од отворањето на корупциски случаи против нивните поранешни функционери. Најголем доказ за тоа беше денот кога се гласаше за буџетот за 2025 година. Таму јасно може да се спореди што ветила и што планира Владата да постигне во наредната година. Главното оружје со кое опозицијата треба да ја нападне власта е буџетот. Додека претходните години расправата за буџетот траеше по 4-5 дена, годинава таа заврши за само четири часа, рече Снопче.

Посочува дека опозицијата нема идеја, план и стратегија. Тој смета дека ова генерално не е добро за демократијата. Снопче посакува годинава да има една поконструктивна опозиција.

Со ставот на двајцата пратеници се согласува и пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, која исто така работата на Собранието ја оценува како добра.

-Се надевам дека во годината која следи партиите ќе имаат повеќе слух и за законите на ЛДП кои се навистина закони во интерес на граѓаните, како што ние имаме. Посакувам во годината која следи поддршка да добие и нашиот Закон со кои се намалуваат банкарските провизии и трошоци и повеќе пари ќе се вратат назад во џебовите на граѓаните, но и други закони кои ќе ги доставиме, вели Зајкова.

Пратеничката Илире Даути од Европскиот фронт не се согласува со ставовите на другите пратеници дека работата на Собранието е добра. Таа нагласува дека актуелниот парламентарен состав ја отсликува волјата на граѓаните кои одлучувале кој ќе ги претставува во Собранието, додека парламентарното мнозинство е најдискриминаторското и најнелегитимното во историјата на државата.

-Денеска имаме парламентарно мнозинство кое не ја отсликува правичната застапеност на граѓаните и етничките заедници, имаме мнозинство што е создадено по волја на еден човек и една партија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и само на нив им служи. Ова мнозинство е претворено во гласачка машинерија за проектите и желбите на ВМРО, каде пратениците Албанци во ова мнозинство се само спроведувачи на наредби. За жал, духот на демократијата во овој состав го одржува само Европскиот фронт, како единствена праведна опозиција, бидејќи другите македонски опозициски партии не се разликуваат многу од власта и во некои случаи се дури и погласни од мнозинството во дискриминаторските политики и против другите етнички заедници, вели Даути.

Кон средината на 2024-та, земјава доби нов парламентарен состав

Кон средината на годината што измина, земјава доби нов парламентарен состав. Единаесеттиот актуелен парламентарен состав се формира по одржувањето на вонредните парламентарни избори на 8 мај 2024 година заедно со вториот круг на претседателските избори. На парламентарните избори со мнозинство гласови победи ВМРО-ДПМНЕ. Од 120 члениот законодавен дом, ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратенички мандати, СДСМ и „Европски фронт“ по 18, Коалицијата „Вреди“ 14, Политичката партија Левица и Движењето ЗНАМ по шест пратенички мандати. За претседател на Собранието, пратениците го избраа Африм Гаши.

По формирањето на новата Влада составена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ, беа донесени измените на Законот за државна управа, со кои се правеше реорганизација на министерствата. Сега, бројот на министерства е за 4 поголем, односно во земјава има 20 министерства. Со новиот закон се формираа Министерството за спорт, Министерството за европски прашања, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерството за јавна администрација.

Шестмесечниот период на актуелниот парламентарен состав го карактеризираше и по поднесената интерпелација во септември против претседателот на Собранието Африм Гаши од страна на пратеничката група на Левица, која беше отрфлена. По однос на поднесената интерпелација за неговата работа, Гаши тогаш рече дека демократијата е Тогашниот да се ислушаат спротивставените мислења, но „ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието“./МИА

Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан

Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот интегритет на држави од Западен Балкан, поткопување на повоените договори и институции и ангажирање во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото и довербата во демократските институциите и избегнувањето на санкциите на американската влада.

Со таа извршна наредба, Бајден презеде дополнителни чекори, изменувајќи и дополнувајќи три наредби поврзани со Западен Балкан од 2021 година, кои се однесуваат на блокирање на имотот и суспендирање на влезот во САД на лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан.

Регулативата од 2021 година предвидува дека санкциите - блокирање на имотот и суспензија на влез во САД - се применуваат на лица кои се директно или индиректно одговорни за дејствија и политики кои го загрозуваат мирот, безбедноста, стабилноста или територијалниот интегритет на регион или држава на Западниот балкан, ги поткопува демократските процеси или институциите, кршењето на човековите права или корупцијата.

Исто така, беше наведено дека санкциите се однесуваат на лица кои директно или индиректно учествувале или се обиделе да учествуваат во кршење, попречување или закана за спроведувањето на регионалната безбедност, мировните договори или договорите за взаемно признавање на Западен Балкан.

Ова ги вклучува Договорот од Преспа (2018), Охридскиот рамковен договор (2001), Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Дејтонскиот договор или заклучоците од Советот за имплементација на мирот одржан во Лондон (1995 година), вклучувајќи одлуки или заклучоци на високиот претставник, Советот за имплементација на мирот или неговиот Управен одбор, Меѓународен кривичен трибунал за поранешна Југославија или Меѓународен преостанат механизам за кривични трибунали.

Новата регулатива додава дека санкциите се применуваат на секој за кого Министерството за финансии на САД, во консултација со Стејт департментот, ќе утврди дека е лидер, службеник или член на ентитет, вклучително и владин ентитет, кој се вклучил или се обидел да се вклучи во која било од активностите дефинирани во претходната регулатива или чии средства и интереси во средства се блокирани согласно тој пропис.

Мерките се однесуваат и на лица кои материјално помагале, спонзорирале или пружиле финансиска, материјална или технолошка поддршка, или стоки или услуги за поддршка, на секое лице чиј имот и интереси во имот се блокирани во согласност со таа регулатива.

Тие, исто така, се однесуваат на оние за кои се утврди дека поседуваат или контролираат, директно или индиректно, секое лице чии средства и интереси во имот се блокирани во согласност со регулативата.

Бајден во декретот наведе дека се преземаат дополнителни чекори „во светло на настаните на Западен Балкан, вклучително и континуираните обиди на поединци да го оспорат суверенитетот и територијалниот интегритет на државите од Западен Балкан, да ги поткопаат повоените договори и институции и да се ангажираат во значителна корупција што го поткопува владеењето на правото“ и доверба во демократското владеење и избегнување санкции од американската влада, јави РСЕ.

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај, посочуваат од АМСМ

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер