Металург се спаси од пораз со аутсајдерот Вакер Тун

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург иако важеше за голем фаворит на вечерашната средба со Вакер Тун, одигра само нерешено 24:24, но може да биде среќен, бидејќи со гол во последните 15 секунди се спаси од пораз.

Гостите од Швајцарија сосема заслужено стигнаа до првиот бод во Ц групата од Лигата на шампионите, а бодот за македонскиот претставник може да добие на значење за пласман во осминафиналето во зависност од резултатите во последните три кола кои ќе се одиграат следната година.

Ренато Вугринец со 7 погодоци беше најефикасен во домашниот состав, Павел Атман постигна 5, Наумче Мојсоски 4.

Металурзите не искористија шест пенали, што за тренерот Лино Червар е посебен случај.

- Добро почнавме, но потоа пребрзо ги завршувавме нападите, а шесте промашени пенали се посебен случај. Сепак на крајот се боревме и стигнавме до бод кој може многу да ни значи на крајот. Овој натпревар е доказ дека нема лесен противник во Лигата на шампините, истакна хрватскиот стратег на клупата на Металург на прес-конференцијата по вечерашниот дуел.

На другиот денешен натпревар од 7.коло во Ц групата ПСЖ на гостински терен го победи Динамо Минск со 35:29.
Вчера Барселона беше поуспешна од Вардар со 30:23.

Табела: Барселона 13 бодови, ПСЖ 9, Металург 9, Вардар 6, Динамо Минск 4, Тун 1.


Битиќи: Во коалиција со граѓаните нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава

Откако ја примивме пораката од граѓаните, се мобилизиравме, ги зацврстуваме редовите и  го шириме добриот глас за европска Македонија. 

„Откако ја примивме пораката од граѓаните, се мобилизиравме, ги зацврстуваме редовите и го шириме добриот глас за европска Македонија. Доаѓаме во секое маало, секое село, град и општината. Подаваме рака кон секоја заедници, кон секој еден кој сака европска Македонија. Во коалиција сме со граѓаните. Нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава“, порача ко-носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешните средби со жителите на скопската општина Ѓорче Петров.

Тој посочи дека реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ксенофобијата на Гордана Силјановска нема да донесат позитивни промени за државата, затоа што кај нив нема место за различните од нив, за оние кои веруваат во европска Македонија, во која ќе има достоинствено место за секој еден.

„Нашата одговорност кон идните генерации не обврзува да не дозволиме да се случи некој нов 27-ми април или 24-ти декември. Не смееме да дадеме повторно политичка шанса за масовно прислушување, тефтерчиња со судии, за полиција која тепа студенти по библиотеки. Нашите деца не заслужуваат да бидат изложени на пресметки поради нивни различни мислења или ставови. Со гласот за број 1 на 8-ми мај ќе ги заштитиме од закани и уцени“, порача до жителите на Ѓорче Петров, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.

Тој посочи, политичките амбиции за тоа како гледа на Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги разоткри со влегувањето во техничка влада, со преземањето на раководењето на МВР.

„Си имаме работа со истото ВМРО-ДПМНЕ од времето на режимот на Груевски, кога вршеа упади по медиуми и затвораа новинари. Одма се обидоа медиумите да ги направат плен на нивните политички игри. Погледнете го случајот со новинарот Фуркан Салиу, со пендрек се обидоа да го замолчат. Сега е тој, но ќе бидат уште многу повеќе новинари доколку им се даде шанса, а тоа може да им го ускратиме само со мобилизирање на неопределените, на разочараните, на прогресивните граѓани “, рече Битиќи.

Крмов од Велес:Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот

Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес. 

​​​[💬] ,,Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес.

Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот.

Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме".

[🚩] Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси:

,,Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание.

Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!", додаде Крмов.

Командантот на украинската армија вели дека ситуацијата на фронтот се „влошува“

 Главниот командант на вооружените сили на Украина денеска објави дека позицијата на Киев на фронтот е влошена и дека Русија постигнала голем број придобивки на бојното поле.

„Ситуацијата на фронтот се влоши“, наведе Олександр Сирски во објава на Фејсбук.

Тој додава дека Русија „напаѓа по целата линија на фронтот“ и постигнала „тактички успех во некои сектори“.

притисни ентер