Меѓународна копаничарска колонија во Крива Паланка

Во организација на Здружението на копаничари на Македонија вечерва во манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка ќе биде отворена 21-та Меѓународна копаничарска колонија.

- Годинашната колонија ќе биде во чест на одбележувањето на 160 годишнината од смртта на корифејот на копаничарската уметност Петре Филипоски Гарката. Македонија има привилегија да биде расадник на копаничарската уметност од каде произлезе и копаничарската уметничка елита на чело со протомајсторот Гарката, информираше Злате Крстески, протомајстор копничар, претседател на Здружението на копаничари на Македонија.

Како што рече Крстевски, јубилејот заслужува поглед кон минатото, но и нов поглед кон сегашноста и иднината на македонската копаничарска уметност затоа што историјата и делата сведочат дека Македонија е дом на истакнати уметници кои низ своите дела даваат слика за едно време со што го сочувуваат историскиот фрагмент за идните генерации.




- Преку работилници, колонии, трибини, изложби, филмови, списанија и информации до медиумите ќе го прославиме достоинствено 160 годишното физичко отсуство од копаничарката сцена на Гарката и ќе ги посетиме неговите дела, ќе ги работиме неговите орнаменти и на оваа Меѓународна колонија, оддавајќи му почит, истакна Крстевски.

Меѓународната копаничарска колонија ќе се трае до 21 јуни, а делата создадени на колонијата ќе бидат презентирани на изложба пред Кривопаланечката јавност.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце

На денешен ден пред точно 23 години се случи еден од најбруталните и најкрвавите маскари во современата историја на Македонија.

На денешен ден пред точно 23 години се случи еден од најбруталните и најкрвавите маскари во современата историја на Македонија кога попладнето на кривината Црвен камен во месноста Бреза на средина од планинскиот пат меѓу тетовските села Селце и Вејце, од припадници на терористичката паравоена формација ОНА од заседа беа нападнати, убиени, а потоа и ѕверски масакрирани осум припадници на безбедносните сили. Местото на грозомрниот масакр денеска го посетија од Достоинство, а почит оддадоа и пред споменикот на Бранителите во Скопје. Првиот човек Стојанче Ангелов очекува по конституирањето на новиот Парламент да се усвојат измените на Законот за бранителите, кој го поднеле во Собранието, со кој како што вели ќе се исправи долгогодишната неправда кон бранителите и нивните семјества.

„ Оние кои ги масакрираа и убија денеска се на слобода иако според меѓународното право воените злострствоата никогаш не застаруваат. 23 години подоцна на местото кај масакрот на Вејце се уште нема достоинствено обележје кое ќе потсетува на овој крвав настан и ќе предупредува дека е крајно неодоговорно да се разгоруваат меѓуетничката нетрпеливост и омраза како тоа што го направи Али Ахмети на митингот на ДУИ во Скопје заканувајќи му се на лидерот на опозицијата извикувајќи УЧК. “-Стојанче Антелов – Достоинство.

Почит кон споменот на загинатите бранители во ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година на денешното честување во Битола оддаде и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој порача дека тие никогаш нема да бидат заборавени.

Откако во октомври лани со владина одлука министерството за одбрана ја доби надлежноста за местата на кои загинале македонските бранители, од Министерството во одговор за Канал 5 информираат дека до крајот на месец мај очекуваат да заврши процедурата за доделување на локациите за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце, по што ќе се објави огласот за идејно решение и изработка за што се предвидени средства во планот за јавни набавки.

Во меѓувреме, во центарот на Куманово е откриен мурал со кој се оддава почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

притисни ентер