Мареска: Грешка е да се мисли дека Палмер ќе ги реши сите наши проблеми

По натпреварот на „Енфилд“, во кој Мареска ќе биде без суспендираните Марк Кукуреја и Весли Фофана во одбраната, „сините“ играат со Њукасл на домашен терен пред да отпатуваат на „Олд Трафорд“ за да се соочат со Манчестер Јунајтед.

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска ги предупреди своите играчи дека не можат да се потпираат на Кол Палмер за да ги „решат сите проблеми“ додека се подготвуваат за исцрпувачката серија на натпревари во Премиер лигата, почнувајќи со дербито против Ливерпул во недела.

По натпреварот на „Енфилд“, во кој Мареска ќе биде без суспендираните Марк Кукуреја и Весли Фофана во одбраната, „сините“ играат со Њукасл на домашен терен пред да отпатуваат на „Олд Трафорд“ за да се соочат со Манчестер Јунајтед.

-Ако мислиме дека Кол Палмер ќе ги реши сите наши проблеми, тоа е голема грешка. Имаме многу играчи на кои им оди добро. Не се работи само за Кол, туку и за целиот тим. Во моментов не гледам дека Челси е блиску до клубови како Манчестер Сити и Арсенал поради многу причини, но ние секако работиме секој ден за да бидеме блиску до Ливерпул. Единствениот начин е да се фокусираме на работите, кои треба да ги подобриме. Малку е тешко да се размислува за тоа каде можеме да бидеме по четири натпревари, изјави Мареска.

АХВ: ЗОО Скопје во следните три недели затворена за посетители

Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители.

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца ( Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца.

Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина,ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на Птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители. Последните случаеви на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош.

Авијарната инфлуенца или птички грип е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина. Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на птичји грип кај дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.

Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе иако е повеќе години во циркулација во земјите од ЕУ, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Под Смоларскиот водопад се одржа традиционалната „Костенијада“

 Денеска на платото под Смоларскиот водопад се одржа 13. „Костенијада-Фестивал смоларскиот костен“ во чест на овој плод од планината Беласица. 

На манифестацијата присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и голем број гости од Општина Ново Село и околните општини.

Според градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов со манифестацијата се промовира костенот кој расте на планината Беласица.

- Оваа стара грамадна планина дава убави дарови од природата. Имаме посетитили од нашата општина, од соседните, но и од регионот. Горд сум што можам да кажам дека оваа манифестација од година во година се повеќе е посетена и ги претставуваме нашите традиционални јадења преку изработки од локалното население, но може да се вкусат и убави костени, рече Божинов.

Споре премиерот Мицкоски, вакви настани можат да влијаат на развојот на руралниот туризам.

- Ете, јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши. Следната недела веќе ќе имаме и официјализирање, потпишување на договори, колку проекти ќе почнат со реализација, колку проекти за следната година ќе имаме, едногласно и двајцата градоначалници и на Босилово и Ново Село кажаа дека овој проект е многу значаен за развој на овие општини. Од страна на Владата јас можам да кажам дека парите од унгарскиот заем се веќе на сметка на Народната банка, имаме половина милијарда стигната и почнуваме да работиме и испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас, рече Мицкоски.

Манифестацијата традиционално ја орагнизира Општина Ново Село, а е финансиски поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се одржа и богата забавна програма на која настапија играорците на КУД „Јане Сандански“ од Ново Село и пејачката Андријана Јаневска, а средствата што ќе се соберат од продажбата на печени костени ќе одат за КУД „Јане Сандански“ за набавка на нова народна носија и потребни реквизити.

Во ГОБ 8 септември во просторија за преглед починала 43 годишна жена

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од скопското село Љуботен.

Лекар ја констатирал смртта без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

притисни ентер