Македонските кајакари задоволни од настапот на Светското првенство во Шпанија

Најголем успех од четворицата репрезентативци кои се членови на велешкиот клуб „Арка Борец“, третото место и бронзен медал во  дисциплината К-1 во категоријата Мастерс А, имаше Љубомир Спасиќ.

Македонските репрезентативци Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов доцна синоќа се вратија во Велес по успешниот настап на Светското кајакарско првенство во Саберо, Шпанија кое од 14 до 17 август се одржа на реката Рио Есла.

Најголем успех од четворицата репрезентативци кои се членови на велешкиот клуб „Арка Борец“, третото место и бронзен медал во дисциплината К-1 во категоријата Мастерс А, имаше Љубомир Спасиќ.

Инаку, Мастерс се натпревари за ветерани и се делат на 35+години па друга група 45+ и така натаму.

Додека истиот ден во четврток, нашите сениори во тимскиот настап во 3хК1 во состав Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров завршија на 13. место. Во саботата се одржаа тимските натпревари во спринт 3хК1 на кои Македонскиот тим во сениорска конкуренција настапи во состав Кристијан Лазаров, Александар Златаров и Љубомир Спасиќ кои успеаја да се пласираат на 9. место од вкупно 19 тимови.

Во изјавата за МИА, Љубомир Спасиќ, оцени дека македонскиот тим може да се пофали дека имале успешен настап во сениорска категорија односно во Мастерс каде тој го освои бронзениот медал.

За Благој Гугинов искуството стекнато на Светското првенство е драгоцено.

- Убаво беше што искусив уште една нова стаза во Шпанија Саберо. Јас учествував на класичните натпревари поединечно и тимски.

Во индивидуалните настапи во сениорска конкуренција Александар Златаров беше најдобро пласиран кајакар од Македонија кој заврши на 25. место.

Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море

Финската полиција и граничната служба утринава се качија на бродот „Eagle S“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку.

Финските власти задржаа брод поврзан со Русија, кој моментално се наоѓа во фински територијални води, додека се истражува дали тој го оштетил електричниот кабел за пренос на струја во Балтичкото Море, како и неколку подморски кабли за пренос на податоци, соопшти денеска финската полиција.

Финската полиција и граничната служба утринава се качија на бродот „Eagle S“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку.

Членови на крајбрежната стража се качија на бродот, регистриран на Кукови Острови, додека тој се наоѓал во Балтичкото Море, и потоа го пренасочиле во финските води, соопшти финската крајбрежна стража.

Финските власти на платформата Икс објавија фотографија на која се гледа брод на крајбрежната стража и рускиот танкер, додека финската царинска служба соопшти дека го запленила товарот на бродот. Се верува дека „Eagle S“ е дел од таканаречената „руска флота од сенка“, составена од стари танкери кои се користат за избегнување на санкциите за продажба на руската нафта.

Истрагата е насочена кон сомнежот дека сидрото на бродот „Eagle S“ го оштетило кабелот, објави финскиот јавен сервис „YLE“, повикувајќи се на соопштението на полицијата.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас го нарече инцидентот „уште еден во низата сомнителни напади на критичната инфраструктура“ и ги пофали финските власти за „нивната брза акција“ во истрагата на сомнителниот брод.

Електричниот кабел „Естлинк-2“, кој ја пренесува струјата од Финска до Естонија преку Балтичкото Море, беше оштетен во средата. Поправката на 170 километри долгиот подморски интерконектор „Естлинк-2“ ќе трае со месеци, а оштетувањето на овој кабел би можел да предизвика потешкотии во снабдувањето со струја во текот на зимата, соопшти финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија „Fingrid“./МИА

СДСМ: Јаневска да го повлече спорниот Закон за основно образование

Затоа овој Закон мора да биде повлечен и доработен во насока на вистинска инклузија и развој на децата со попреченост. 

Законот за основно образование, ваков каков што е поднесен во моментов врши дискриминација на децата со попреченост, води кон враќање на специјалните училишта и го враќа стресот кај родителите околу достапноста на образовните асистенти.

Затоа овој Закон мора да биде повлечен и доработен во насока на вистинска инклузија и развој на децата со попреченост.

Козметички интервенции за да се прикаже инклузивност не е исто како и уважување на укажувањата на меѓународните организации и стручните тела.

Оспорувањето на инклузијата на учениците со попреченост е неприфатливо. Комисијата за заштита од дискриминација посочи дека предложените измени се спротивни на концептот на инклузивно образование. Наместо унапредување, овие измени значат враќање кон специјалните училишта, со што се ограничуваат можностите за еднаков развој и учество на децата со попреченост.

Владата не го прифати нашиот амандман за вработување на образовните асистенти на неопределено време, со што ќе се гарантираше континуитет и ќе се спречеше стресот за децата и родителите секоја година.

Децата не смеат да бидат поделени по ниеден основ. Нашето општество не смее да се враќа назад. Сите деца се наши деца. Ниедно дете не смее да биде дискриминирано.

Загрижува и одлуката да се избришат термините „род“, „родова еднаквост“ и „родов идентитет“ како дискриминаторски основи. Ова не само што е спротивно на Уставот и меѓународните обврски на државата, туку создава простор за насилство и дискриминација, особено во училиштата, кои треба да бидат најбезбедни за децата.

Ја повикуваме министерката Весна Јаневска да го повлече предлог законот за основно образование и заедно со стручната фела да го подобриме текстот и да ги заштитиме сите деца. Ние сме спремни да се вклучиме во таков процес.

Ја повикуваме и Претседателката Гордана Силјаноска Давкова како застапничка за еднаквост, родова рамноправност и недискриминација, да се вклучи и да се бори за правата на децата со попреченост и нивното право на образование.

Почитувани,

Да не се враќаме цел век, наназад. Образованието мора да биде инклузивно, праведно и безбедно за сите деца. Да ги заштитиме и да обезбедиме иднина која ќе биде подобра за сите.

Прес конференција на СДСМ, Даниела Николова - пратеничка

Салах: Оваа сезона е посебна и верувам дека на крајот ќе славиме со титула

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах беше еден од главните фудбалери во победата над Лестер со 3-1. Тој постигна еден од головите и сега има 16 од почетокот на сезоната во Премиер лигата, а тимот води во поредокот.

Египќанецот веќе има 100 голови во Премиер лигата на „Енфилд“.

-Ова е достигнување на кое сум горд. Продолжуваме да работиме напорно и се надевам дека ќе постигнеме уште многу голови. Најважно е тимот да победи. Мора да продолжиме во истиот дух како досега и да останеме скромни. Оваа сезона е посебна и верувам дека на крајот ќе славиме со титула, изјави ѕвездата на Ливерпул. /МИА

притисни ентер