Македонски Концепт: Бараме поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет

 Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување.

Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување.

Подржуваме политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.

Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.

Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање.

Центар за комуникации и анализа - Македонски Концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче е во државна администрација

Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче е во државна администрација, вклучително и самиот Венко, тие ја наполнија државната управа со партиски кадри.

СДС, која под водство на Зоран Заев се претвори во клановска дружина, сега има дрскост да зборува за стандарди.

Партијата која ја зароби државата со корупција и непотизам, сега се обидува да ни држи лекции за морал и етика.

Наместо да се соочат со сопствените неуспеси и да понудат решенија, тие продолжуваат со празни зборови и обвинувања.

Цел ЦК на неврохирургот на Заев, Филипче работи во државна администрација, вклучително и самиот Венко. Дали тоа не е партизација која СДС ја направи?

СДС ја измисли партизацијата, преку роднините на Љупчо Николовски, Благој Бочварски и други кои ја наполнија државната администрација.

7 години клуч за вработување во државна администрација беше партиската книшка на СДС и роднинските врски со некој функционер. Сега тоа се смени, и СДС не може да вработува по партиски клуч, администрацијата е достапна за сите граѓани.

СДС се лицемерни, затоа што ја користеа власта за целосно запоседнување на институциите, а сега инсинуираат.

Граѓаните веќе ја препознаа нивната неспособност и ги казнија на изборите.

Време е СДС да престане со манипулации и да се повлече од политичката сцена, оставајќи простор за оние кои навистина се грижат за доброто на државата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС.

- Франција е посветена на меѓународната правда и ќе го применува меѓународното право, кое ги обврзува да соработуваат со МКС, изјави Баро за телевизијата „Франс инфо“. Сепак, тој додаде дека статутот на Судот предвидува разгледување на прашањата за имунитет на некои лидери.

- Ова е прашање за последната инстанција да се произнесе, објасни францускиот министер за надворешни работи.

Член од Римскиот договор, со кој е основан МКС, го разгледува прашањето за имунитет на лидерите на држави кои не ја признаваат јурисдикцијата на судот, но ова останува отворено за различни толкувања./МИА

Бугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот Тимотеј

Бугарскиот патријарх Даниил изрази сочувство за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевскиот Тимотеј.

Бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Даниил му изрази сочувство на поглаварот на Македонската православна Црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан за упокојувањето на на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, се наведува во соопштението, објавено на веб страницата на Бугарската патријаршија, јави БТА.

- Ваше Блаженство, со болка и тага ја примивме тажната вест за упокојувањето во Господа на мошне вредниот за нашите срца и возљубен брат митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ќе го паметиме како извонреден епископ и добар пријател на светата Бугарската православна црква, кој годинава ја почести со своето присуство како на опелото на нашиот блажен претходник бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит, како и за мојот избор и устоличувањето на крајот на јуни. Ќе го паметиме по неговата благочестивост и посветеност на делото и мисијата на светата Христова Црква, на која тој го посвети целиот свој живот. Во овие тешки мигови за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за привремената разделба со нашиот укопоен брат, се наведува во телеграмата за сочувство на патријархот Даниил.

Во телеграмата се наведува дека упатуваат сесрдни молитви за упокоениот владика Тимотеј.

-Сесрдно го молиме Себлагиот Бог, Кој „не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи“ (Лука 20, 38), да го упокои Својот верен слуга, новопреставениот владика Тимотеј, да му го прости, како Благ и Човекољубец, секое волно и неволно прегрешение и да го прими во лоното на праведниците – таму каде што грее светлината на Божјото лице. Господ да го прости и упокои во Своето Царство Високопреосвештениот Дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, дарувајќи го му Своето вечно спасение, а нас да нè помилува! Го прегрнуваме Ваше Блаженство со братска љубов во Христа, се наведува во сочувството на патријархот Даниил изразено до архиепископот Стефан.

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква. Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот. Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

САС на МПЦ-ОА завчера соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

притисни ентер