Имено, на секои неколку години, овој народ ги обединува минатото и сегашноста преку необичен ритуал, а во рамките на церемонијата наречена „Ma'nene“, членовите на оваа заедница ги откопуваат телата на своите починати роднини, ги капат и ги облекуваат во нова облека, објави Лајфстајл.
Овој ритуал не е само симбол на почит кон мртвите, туку и длабоко вкоренето верување на овој народ дека душата постепено се преселува во задгробниот живот.
Секој август „Манене“ е време кога семејствата се собираат да ги исчистат и исушат телата на нивните предци, а потоа во духот на славењето често се фотографираат со нив. И ова е дел од верувањето дека присуството на покојникот е благослов за домот и семејството.
Според легендата, оваа необична традиција ја започнал извесен ловец Понг Румасек пред повеќе од еден век. Според легендата, тој пронашол напуштено тело во џунглата што му се згадило, па решил да го облече и да го закопа. Оттогаш, се вели дека бил благословен со обилен улов и плодна жетва.
Овој настан го иницираше верувањето кај народот Торај дека смртта не е крај - туку процес. Затоа со грижата за телата на покојниците обезбедуваат духовна блискост и континуитет меѓу живите и мртвите генерации. Ритуалот, според нив, станал мост меѓу живите и мртвите, со што е зачувана безвременската врска.
Некогаш, не толку ретко, се гледаат родители како поминуваат време со своите починати деца, па фотографијата на таткото кој на секои четири години го ископува телото на својата ќерка, го мие, облекува и го враќа во гроб го обиколи светот. На тој начин не само што го одржува жив народниот култ, туку и нивната нераскинлива врска.