Љутков: Дигитализацијата на културното наследство е основа за заштита и промоција

Дигитализацијата на културното наследство е основа за заштита и промоција на нашата историја, култура и идентитет.

- Во Управата за заштита на културното наследство пуштен е во употреба Софтвер за водење заштитни евиденции и Националниот регистар на културното наследство во земјава што ќе овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство со примена на иновации.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќањето на прес-конференција по тој повод истакна дека со реализацијата на овој проект на дело се потврдува посветеноста на Владата и на Министерството за модернизација и создавање брз и ефикасен систем за водење на заштитните евиденци и транспарентен систем за управување со културните добра.

-Дигитализацијата на културното наследство претставува основа за заштита и промоција на нашата историја, култура и идентитет. Софтверот кој ќе биде достапен за сите релевантни институции од областа на заштитата на културното наследство, има за цел обезбедување унифициран начин на водење на заштитните евиденции и централен пристап на јавноста до податоците за целокупното културно наследство во земјава. Сето ова меѓу другото ќе придонесе и за подобра координација и соработка меѓу различните субјекти вклучени во заштитата и промоцијата на културното наследство, рече Љутков.

Според него, со ова ќе се овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство, олеснување на процесите за централно поврзување на институциите. До софтверот ќе може да се пристапи преку секој интернет пребарувач од компјутер или паметен телефон кој има пристап до интернет. Она што е битно да се знае е фактот дека во јавниот дел ќе може да пристапи секој граѓанин, додека во делот за внесување податоци, од безбедносни причини, ќе може да пристапат само овластени лица, вработени во институциите од областа на заштитата на културното наследство.

-Реализацијата на овој проект, не е само техничко решение, туку е и дел од нашата визија за модерна културна политика, која се заснова на иновации, заштита и инклузивност. Денес, го поставуваме темелот на новото поглавје во управувањето со културното наследство. Заедно продолжуваме да го чуваме нашето наследство и да ја градиме иднината врз вредностите на минатото, подвелече министерот Љутков кој изрази благодарност до сите кои беа вклучени во неговата реализација, од стручните лица до институциите кои ја поддржаа оваа иницијатива.

Директорката Весела Честоева посочи дека Управата за заштита на културното наследство, во наредниот период ќе ги внесе сите податоци во ова софтверско решение и ќе ги ажура постоечките, а тоа значи над 8000 регистрирани и евидентирани недвижна добра и ќе треба да се внесат околу 25.000 икони кои се наоѓаат во нашите цркви и манастири како и 500.000 археолошки, историски, етнолошки и уметнички предмети кои се наоѓаат во музеите во РМ, но постепено и со посветена работа овој процес ќе доведе и до целосна дигитализација на заштитните евиденции на Националниот регистар за културното наследство.

-Првично пристап до софтверот за водење на заштитните евиденции и Националниот регистар ќе биде ограничен исклуливо на институциите кои работат во овој дел, тоа се заводите и музи и музеите на Република Македонија. Досега сите овие музејски институции работеа по два софтвери за кои што државата издвојуваше високи финансики средства, а кои што самите заводи и музеи ги купуваа и плаќаа за тоа одрдена сума. Сега со ова софтверско решение заводите и музеи ќе можат бесплатно да ги внесат податоците, а ние да ги преземеме и да можеме да ги ставиме во националниот регистар. Со тоа ќе се исполнат законските обврски на институциите за водење заштитни евиденции, а исто така системот ќе може да се користи во едукативни и научни цели, со оглед на тоа што податоците за културното наследство ќе бидат лесно достапни за пошироката и научна јавност, секако со одредени ограничуивања од безбедносен карактер, вели Честоева.

Овој систем ќе биде во функција и од голема корист и за други државни институции и приватни фирми чии дејности се поврзани со заштитата на културното наследство, а ќе може да го користат и општините.

Вредноста на софтверот е 100.000 евра, а тендерот во 2021 г. за негова изработка го доби Телеком како најповолен понудувач. Софтвреското решение согласно договорот било завршено во октомври 2024 година.

Искусниот Марио Руи го напушта Наполи

Дефанзивецот на Наполи, Марио Руи ќе го напушти клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, Португалецот (33) и Наполитанците преговараат за раскин на договорот. Во блиска иднина фудбалерот ќе стане слободен агент.

Во тековната сезона Руи нема одиграно ниту еден натпревар. Во сезоната 2023/24 тој запиша две асистенции на 28 натпревари.

Почина Јагнула Куновска

Познатата македонска политичарка и адвокатка Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. 

Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте бегалци од Граѓанската војна во Грција.

Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и активен учесник во македонската литература, како член на Друштвото на писателите на Македонија

Во 1990 година беше основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Во 1999 година ја поддржа на кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.

Во 2006 година беше кандидидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, а во ја напуштила Новата социјалдемократска партија и станува член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на 2008 година учествувала во пишувањето на списанието „Македонски духови конаци“.

Стојанов: Неготино ќе добие модерен градски пазар

Неготино ќе добие модерен градски пазар, со чесно и транспарентно работење во изминатите 3 години успеавме да одговориме на потребите на граѓаните.

Во изминатите 3 години со посветен ангажман, чесно и транспарентно работење, општина Неготино успеа да одговори на потребите на граѓаните преку реализација на бројни проекти, активности и настани во делот на подобрувањето и унапредувањето на севкупните услови за живеење.

За непречено функционирање на локалната самоуправа покрај проектите, најважна е финансиската кондиција на општината, остварените и реализираните приходи и капиталните расходи.

Во изминатите 3 години реализираните приходи од основниот Буџет се движеа од 75 до 90 проценти, додека во 2025 година очекуваме 95 проценти реализација на Буџетот. Капиталните расходи во истиот период се движеа од 63 до 73 проценти.

Од поголемите капитални инвестиции би ја истакнал изградбата на новиот градски пазар од затворен тип која е во завршна фаза за што од Буџетот на општина Неготино издвоивме 26 милиони денари, по што градот за прв пат од постоењето ќе добие модерен и функционален градски пазар според највисоките стандарди.

Со средства од 15 милиони денари уредивме цела нова населба со плански опфат за домување во Урбан блок 5 со поставување водоводна, фекална и атмосферска мрежа, изградба и асфалтирање на улици во должина од 500 метри и поставување на улично осветлување со што на околу 200 семејства кои живеат на овој потег им овозможивме услови за непречено функционирање. Предвидена е реализација и на втора фаза од овој проект за што од Владата на Македонија се обезбедени средства во висина од 31 милион денари.

Со цел за искористување на 3-те индустриски зони на територијата на нашата општина, како и за отворање на нови работни места, донесовме одлука за стимулирање на инвеститори, при што преку стимулативни мерки се обидуваме и успеваме да привлекуваме домашни и странски инвеститори

Како што ветивме, како локална самоуправа го решивме најгорливиот проблем на граѓаните на Неготино и на дел од населените места водоснабдувањето. После долги години наназад во кои секојдневието во населението се состоеше од постојани редукции на водата за пиење кои некогаш траеја и подолго од 12 часа во едно деноноќие, со огромна посветеност и реализација на неколку паралелни проекти заедно со Комуналец успеавме да го стабилизираме водоснабдувањето, што пак резултираше со континуирано 24 часовно водоснабдување на граѓаните во изминатите три години, во дел од населените места поставивме нови пумпи, од нови бунари обезбедивме дополнителни количини вода во системот, а граѓаните на располагање имаат и алтернатива во делот на трошењето на водата преку користење на вода од паралелниот систем за наводнување на дворните површини.

Преку проектот Подобрување на водната инфраструктура во општините, општина Неготино доби 725.000 евра кои ќе се реализираат за реконструкција и поставување на атмосферска, водоводна и фекална мрежа, реконструкција на куќни приклучоци на 7 улици во градот.

Значителни средства инвестиравме и во патната инфраструктура со реконструкција или изградба на нови улици како во градот, така и во населените места во општината. Во градот приоритет дававме на уредување на улиците со најголеми оштетувања, а со гордост можам да истакнам дека во населените места Криволак, Пепелиште, Војшанци, Тремник, Тимјаник, Долни Дисан, Курија, и Црвени Брегови реконструиравме или изградивме по најмалку 2 улици во должина од 170 до 500 метри, а во некои населени места и повеќе, на големо задоволство на тамошното население.

Општина Неготино доби Владина поддршка од 130 милиони денари следниве 4 проекти

-реконструкција на локален пат од Долни Дисан-општина Неготино до границата со општина Кавадарци кај месноста Белград.

-изградба на дел од УЗ 5 со поставување на водоводна, фекална и атмосферска мрежа, улично осветлување и асфалтирање на улици

-уредување на детски парк со реквизити на површина од над 3.000 м2

и уредување на тротоар на главната улица во должина од 580 метри со поставување бекатон плочки и спуштени тротоари

Работевме и на тампонирање на улици и патишта, нивно уредување со бекатон плочки, градевме нови и реконструиравме постоечки тротоари, пробивавме патишта за полесен пристап до земјоделски површини, со гребен асфалт саниравме улици, градевме потпорни ѕидови онаму каде што требаше.

Со цел за подигнување на нивото на хигиената во градот и населените места, општина Неготино набави ново специјализирано возило попознато како » метларка“, набавен е повеќенаменски камион самоподигач за прифаќање и транспорт на големите индустриски контејнери за отпад, а истиот располага и со опрема за чистење на снег и кран за подигање товар, ЈП Комуналец заедно со сопствена изработка на компоненти од урбана опрема со поставување 200 корпи за отпадоци, набавивме околу 100 контејнери за селектирање на отпад и 150 канти за собирање смет, се врши континуирано хортикултурно уредување на јавните и парковските површини, како и други тековни активности со кои придонесуваме да имаме чист, уреден град.

Во делот на уредувањето на парковски површини и реконструкција и изградба на детски игралишта, извршивме уредување на околината на споменикот Саат-кула со средства од 6 милиони денари и поставување урбана опрема, реквизити, паркинг простор и осветлување на просторот,

Реконструиран е и ставен во функција паркот на влезот во Неготино кај споменикот на Манчо Малиминов, реконструирани се и поставени се нови реквизити, осветлување и други елементи на детските игралишта во населбата Саат кула и кај Музејот на град Неготино, реконструирани се детските игралишта и поставени нови реквизити во најголемиот дел од населените места.

Општина Неготино продолжи со одржување на постоечкото осветлување и поставување на енергетски ефикасни светилки во градот и населените места, а таквиот пристап придонесе последната година потрошувачката на електрична енергија за јавното осветлување во општината да се сведе на најмала мера од 360.000 киловат часови.

Реализација на проект за енергетска ефикасност реализиравме и во средното општинско училиште и во двете основни училишта, осветлен е и оспособен за ноќни тренинзи градскиот фудбалски стадион во Неготино, како и сите позначајни јавни површини.

Општина Неготино изработи проект и преку програма ко-финансирана од Европската унија доби грант од 170.000 евра за набавка на возило комбе за превоз на лица со попреченост, урбана опрема за велосипедски парк, 10 електрични велосипеди, 5 електрични трицикли за лица со попреченост, набавка на 5 полначи за електрични велосипеди, изработка на истражување за велосипедска патека во Неготино, развој и изработка на стратегија за урбана мобилност во општината и слично.

Во изминатиот период од 3 години исплатени се средства и тоа:

-по 7.000 денари за секое новороденче

-по 3.000 денари за секое прваче

- субвенционираше по 7.000 денари за набавка на инвертер клими

-од Буџетот се исплатија средства за субвенционирање за набавка на велосипеди

- на ментори и ученици им беа доделени парични награди од 5.000, 4.000 и 3.000 денари

За непречено функционирање на спортистите и спортските клубови за 3 години од општинскиот Буџет се исплатени 18 милиони денари

Општина Неготино го финансира одржувањето на бројни манифестации како што е одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун, го организира традиционалниот Неготински панаѓур, првоаприлскиот маскенбал, настанот „ Среќен почеток на новата учебна година", а исто така поддржува и учествува во организирањето и на други настани и манифестации со кои се збогатува културно-забавниот живот во градот и селата.

ГОРАН СТОЈАНОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер