Почина Јагнула Куновска

Познатата македонска политичарка и адвокатка Јагнула Куновска почина денеска на 81-годишна возраст. 

Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа била евакуирана во градот Тетово во НР Македонија во 1948 година како една од многуте бегалци од Граѓанската војна во Грција.

Своето образование го завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, а освен кариерара во правната сфера таа беше и активен учесник во македонската литература, како член на Друштвото на писателите на Македонија

Во 1990 година беше основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Во 1999 година ја поддржа на кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.

Во 2006 година беше кандидидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, а во ја напуштила Новата социјалдемократска партија и станува член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на 2008 година учествувала во пишувањето на списанието „Македонски духови конаци“.

Во 2025 година пет продолжени викенди

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. 

Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник - 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.

Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок - 18 април.

Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста - 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември - Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.

Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) - Богојавление (Водици),

18 април (петок) - Велики Петок, 6 јуни (петок) - Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) - Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

1 јануари (среда), Нова Година,

7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

1 мај (четврток), Ден на трудот

24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

2 август (сабота), Ден на Републиката,

8 септември (понеделник), Ден на независноста,

11 октомври (сабота), Ден на народното востание,

23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (недела), Богојавление (Водици),

18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени

На првиот ден од Новата година утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, наутро ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.

Првото бебе во 2025 година е машко

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија.

- Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Мајката на новороденчето е Сања Талевски.

притисни ентер