Стојанов: Неготино ќе добие модерен градски пазар

Неготино ќе добие модерен градски пазар, со чесно и транспарентно работење во изминатите 3 години успеавме да одговориме на потребите на граѓаните.

Во изминатите 3 години со посветен ангажман, чесно и транспарентно работење, општина Неготино успеа да одговори на потребите на граѓаните преку реализација на бројни проекти, активности и настани во делот на подобрувањето и унапредувањето на севкупните услови за живеење.

За непречено функционирање на локалната самоуправа покрај проектите, најважна е финансиската кондиција на општината, остварените и реализираните приходи и капиталните расходи.

Во изминатите 3 години реализираните приходи од основниот Буџет се движеа од 75 до 90 проценти, додека во 2025 година очекуваме 95 проценти реализација на Буџетот. Капиталните расходи во истиот период се движеа од 63 до 73 проценти.

Од поголемите капитални инвестиции би ја истакнал изградбата на новиот градски пазар од затворен тип која е во завршна фаза за што од Буџетот на општина Неготино издвоивме 26 милиони денари, по што градот за прв пат од постоењето ќе добие модерен и функционален градски пазар според највисоките стандарди.

Со средства од 15 милиони денари уредивме цела нова населба со плански опфат за домување во Урбан блок 5 со поставување водоводна, фекална и атмосферска мрежа, изградба и асфалтирање на улици во должина од 500 метри и поставување на улично осветлување со што на околу 200 семејства кои живеат на овој потег им овозможивме услови за непречено функционирање. Предвидена е реализација и на втора фаза од овој проект за што од Владата на Македонија се обезбедени средства во висина од 31 милион денари.

Со цел за искористување на 3-те индустриски зони на територијата на нашата општина, како и за отворање на нови работни места, донесовме одлука за стимулирање на инвеститори, при што преку стимулативни мерки се обидуваме и успеваме да привлекуваме домашни и странски инвеститори

Како што ветивме, како локална самоуправа го решивме најгорливиот проблем на граѓаните на Неготино и на дел од населените места водоснабдувањето. После долги години наназад во кои секојдневието во населението се состоеше од постојани редукции на водата за пиење кои некогаш траеја и подолго од 12 часа во едно деноноќие, со огромна посветеност и реализација на неколку паралелни проекти заедно со Комуналец успеавме да го стабилизираме водоснабдувањето, што пак резултираше со континуирано 24 часовно водоснабдување на граѓаните во изминатите три години, во дел од населените места поставивме нови пумпи, од нови бунари обезбедивме дополнителни количини вода во системот, а граѓаните на располагање имаат и алтернатива во делот на трошењето на водата преку користење на вода од паралелниот систем за наводнување на дворните површини.

Преку проектот Подобрување на водната инфраструктура во општините, општина Неготино доби 725.000 евра кои ќе се реализираат за реконструкција и поставување на атмосферска, водоводна и фекална мрежа, реконструкција на куќни приклучоци на 7 улици во градот.

Значителни средства инвестиравме и во патната инфраструктура со реконструкција или изградба на нови улици како во градот, така и во населените места во општината. Во градот приоритет дававме на уредување на улиците со најголеми оштетувања, а со гордост можам да истакнам дека во населените места Криволак, Пепелиште, Војшанци, Тремник, Тимјаник, Долни Дисан, Курија, и Црвени Брегови реконструиравме или изградивме по најмалку 2 улици во должина од 170 до 500 метри, а во некои населени места и повеќе, на големо задоволство на тамошното население.

Општина Неготино доби Владина поддршка од 130 милиони денари следниве 4 проекти

-реконструкција на локален пат од Долни Дисан-општина Неготино до границата со општина Кавадарци кај месноста Белград.

-изградба на дел од УЗ 5 со поставување на водоводна, фекална и атмосферска мрежа, улично осветлување и асфалтирање на улици

-уредување на детски парк со реквизити на површина од над 3.000 м2

и уредување на тротоар на главната улица во должина од 580 метри со поставување бекатон плочки и спуштени тротоари

Работевме и на тампонирање на улици и патишта, нивно уредување со бекатон плочки, градевме нови и реконструиравме постоечки тротоари, пробивавме патишта за полесен пристап до земјоделски површини, со гребен асфалт саниравме улици, градевме потпорни ѕидови онаму каде што требаше.

Со цел за подигнување на нивото на хигиената во градот и населените места, општина Неготино набави ново специјализирано возило попознато како » метларка“, набавен е повеќенаменски камион самоподигач за прифаќање и транспорт на големите индустриски контејнери за отпад, а истиот располага и со опрема за чистење на снег и кран за подигање товар, ЈП Комуналец заедно со сопствена изработка на компоненти од урбана опрема со поставување 200 корпи за отпадоци, набавивме околу 100 контејнери за селектирање на отпад и 150 канти за собирање смет, се врши континуирано хортикултурно уредување на јавните и парковските површини, како и други тековни активности со кои придонесуваме да имаме чист, уреден град.

Во делот на уредувањето на парковски површини и реконструкција и изградба на детски игралишта, извршивме уредување на околината на споменикот Саат-кула со средства од 6 милиони денари и поставување урбана опрема, реквизити, паркинг простор и осветлување на просторот,

Реконструиран е и ставен во функција паркот на влезот во Неготино кај споменикот на Манчо Малиминов, реконструирани се и поставени се нови реквизити, осветлување и други елементи на детските игралишта во населбата Саат кула и кај Музејот на град Неготино, реконструирани се детските игралишта и поставени нови реквизити во најголемиот дел од населените места.

Општина Неготино продолжи со одржување на постоечкото осветлување и поставување на енергетски ефикасни светилки во градот и населените места, а таквиот пристап придонесе последната година потрошувачката на електрична енергија за јавното осветлување во општината да се сведе на најмала мера од 360.000 киловат часови.

Реализација на проект за енергетска ефикасност реализиравме и во средното општинско училиште и во двете основни училишта, осветлен е и оспособен за ноќни тренинзи градскиот фудбалски стадион во Неготино, како и сите позначајни јавни површини.

Општина Неготино изработи проект и преку програма ко-финансирана од Европската унија доби грант од 170.000 евра за набавка на возило комбе за превоз на лица со попреченост, урбана опрема за велосипедски парк, 10 електрични велосипеди, 5 електрични трицикли за лица со попреченост, набавка на 5 полначи за електрични велосипеди, изработка на истражување за велосипедска патека во Неготино, развој и изработка на стратегија за урбана мобилност во општината и слично.

Во изминатиот период од 3 години исплатени се средства и тоа:

-по 7.000 денари за секое новороденче

-по 3.000 денари за секое прваче

- субвенционираше по 7.000 денари за набавка на инвертер клими

-од Буџетот се исплатија средства за субвенционирање за набавка на велосипеди

- на ментори и ученици им беа доделени парични награди од 5.000, 4.000 и 3.000 денари

За непречено функционирање на спортистите и спортските клубови за 3 години од општинскиот Буџет се исплатени 18 милиони денари

Општина Неготино го финансира одржувањето на бројни манифестации како што е одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун, го организира традиционалниот Неготински панаѓур, првоаприлскиот маскенбал, настанот „ Среќен почеток на новата учебна година", а исто така поддржува и учествува во организирањето и на други настани и манифестации со кои се збогатува културно-забавниот живот во градот и селата.

ГОРАН СТОЈАНОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во 2025 година пет продолжени викенди

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. 

Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник - 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.

Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок - 18 април.

Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста - 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември - Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.

Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај - Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) - Богојавление (Водици),

18 април (петок) - Велики Петок, 6 јуни (петок) - Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) - Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

1 јануари (среда), Нова Година,

7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

1 мај (четврток), Ден на трудот

24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

2 август (сабота), Ден на Републиката,

8 септември (понеделник), Ден на независноста,

11 октомври (сабота), Ден на народното востание,

23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,

19 јануари (недела), Богојавление (Водици),

18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени

На првиот ден од Новата година утрото ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје, наутро ќе биде ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до петок времето ќе биде стабилно, суво и претежно тивко, со ниски утрински температури. По котлините ќе има услови за појава на магла. Ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во снег. Од сабота наутро и потоа преку денот, особено долж Повардарието ќе дува засилен претежно северен ветер.

Првото бебе во 2025 година е машко

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија.

- Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Мајката на новороденчето е Сања Талевски.

притисни ентер