Лекарска комора: Можеме да постапиме само во рамки на законски утврдена постапка

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство.

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен. Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Ова го соопшти денеска Лекарската комора на Северна Македонија за случајот со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.

Лекарската комора потсетува дека пред два дена, на 16 октомври 2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го добила „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од Комисијата за стручен надзор формирана од министерот за здравство Арбен Таравари за лекувањето и третманот на починатото дете Р. С. Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора утредента, на 17 октомври 2024 година, одржала седница на која го разгледала овој извештај и дала мислење.

-Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите, се вели во соопштението од Лекарската комора.

Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора, како што наведува, може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на министерот за здравство.

- Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај, стои во соопштението.

Лекарската комора нагласува дека ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи.

- Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението од Лекарската комора.

Продолжи судењето за свирепото убиството на Вања и Панче

Во Кривичен суд утрово продолжи третото судењето на петмината обвинети за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. 

Денеска свој исказ дадоа повеќе сведоци меѓу кои и началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, кој кажа дека дека кога го пронашле телото на Вања, освен што била врзана, на телото немало други траги на насилств

Судењето го следи Михајло Видимлиски

Михајло, дали денеска се открија некој нови детали од овој монструозен чин?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Министерот Тошковски на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортиз

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

На средбата, како што оопшти МВР, била потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.

-Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина, се наведува во соопштението од МВР.

Првиот вицепремиер Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.

На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион.

Министерот Ѓека информираше дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.

Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.

притисни ентер