Лејди Гага со скромни планови за свадбата со Полански: Прво општина,па нарачуваме кинеска храна

Актерката и пејачка Лејди Гага сподели невообичаено едноставни планови за нејзината венчавка со вереникот Мајкл Полански.

Во нејзиното неодамнешно појавување на „Џими Кимел во живо“, таа сподели некои изненадувачки скромни идеи за славење на толку голем ден, што е прилично некарактеристично за толку богати парови како овие двајца, објави ГалфТудеј.

- Ние всушност зборувавме дека само ние двајца одиме во општина и потоа нарачуваме кинеска храна - му рече Гага на водителот Џими Фалон: - Но, знаејќи ме мене, ова исто толку лесно може да стане циркус со еднорози.

Гага во истата емисија го откри и романтичниот начин на кој Полански ја запросил.

- Ме запроси веднаш по мојот роденден. Така, мојот роденден помина и си помислив: „Па, мислев дека ќе ме запроси, но изгледа дека нема“. А потоа ми приреди убава роденденска вечера, а потоа отидовме на качување по карпи, што беше супер забавно.

Џими Кимел ја прашал: „Навистина? Дали се качуваш по карпи?“.

- Мислам, сега да - рече таа, додавајќи на публиката низ смеа: - Сѐ би направила за љубов.

А потоа продолжи да зборува за запросувањето.

- И не ме запроси на врвот. Се искачивме на врвот ... направивме неколку фотографии и потоа се вративме надолу. И само што се се враќавме во собата и разговаравме, кога тој рече... Па, тоа беше типично за Мајкл, да ме праша дали може да ме праша. Сакаше да знае дали е во ред да ме запроси пред да ме запроси. А јас му одговорив: „Да! Може да го направиш тоа!"

- Па чекај... не го направи тоа на врвот? Дали си сигурна дека овој човек е добро? - се пошегува Кимел.

- Мислам дека беше паметно! Беше побезбедно долу - рече Гага: - И цело време имаше прстен во ранецот, па беше толку сладок.

Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела

 Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта, соопштија од УХМР.

Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од северозапад ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка.

Снег ќе има понекаде и во пониските места.

Нови врнежи претежно од снег се очекуваат во средината на работната недела.

Панатинаикос му понуди нов договор и повисока плата на повредениот Лесор

Нов повеќегодишен договор му понуди сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, на францускиот кошаркар Матијас Лесор, кој претходно оваа недела доживеа тешка повреда.

Грчките медиуми јавија денеска дека Лесор е успешно опериран, откако францускиот репрезентативец се здоби со скршеница на фибулата на левата нога на дуелот против Басконија во Евролигата.

Според локалните медиуми, Јанакопулос му понудил на Лесор нов повеќегодишен договор, како и повисоки примања.

Лесор, според пишувањата на медиумите, заработува 1.700.000 евра по сезона.

Не е познато колку изнесува новата понуда на Панатинаикос, но неофицијално, според информациите од Грција, тоа нема да биде помалку од 2.000.000 евра.

Сите патни правци во државава се проодни

 Сите патни правци во државата се проодни. ЈП Македонија пат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, информираат од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег после нашата интервенција.

-Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме како навремено би се справиле со снежните наноси, стои во соопштението.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот може да се добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

притисни ентер