Лајчак: Оваа недела фокусот е на следење на договореното во дијалогот

 Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека оваа недела ќе биде целосно фокусиран на следење на постигнатиот договор на последната средба на главните преговарачи во Брисел.

-За да се вратам на мојата главна област на работа, ќе ја започнам мојата недела во Женева со важни дискусии за Западен Балкан. Оваа недела исто така ќе биде целосно фокусирана на следење на тоа што беше договорено за време на нашиот последен состанок на главните преговарачи, напиша Лајчак на Фејсбук.

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисими, последен пат се сретнаа на 24 октомври во Брисел во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ, по што Лајчак рече дека тема на средбата е спроведувањето на Охридскиот договор. /МИА

Научен собир посветен на 80 години од заседанието на АСНОМ

Само обединети, со силна економија и демографија и одбрана на она што е изгубено на маса преку порази и капитуалции во изминатите 7 години ќе можеме да стигнеме онаму каде што сакаме да бидеме како држава. 

Ова го порача премиерот Мицкоски од научниот собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Ја повика МАНУ заеднички да направат стратегија и планво кој правец ќе се движи земјава, порачувајќи дека за тоа е е потребнна јасна цел и обединување околу националните интереси. Мицкоски ја потенцираше и важноста од многудетни семејства во насока на силна демографија и бескомпромисна броба со криминалот и корупцијата за економска стабилност и брз економски развој.

„Мораме да најдеме начин сите оние порази и капитуалции кои што на маса се случиле во изминатите седум години да ги корегираме и избаласираме. И тоа нема да биде лесно. И зтоа ни терба јасен план и јасна порака која треба да ја пренесеме од малата, но со големо срце балканска земја Македонија насекаде низ светот. Никој не сака силна амкедонска држава ниту во соседството. Нормално е дека секој сака да не види поделени, раскарани, затоа што тоа е единствениот начин да можат да не владеат. Но ние треба да бдиеме атипод на сето тоа и да им покажеме дека кога е најтешко ние сме обединети “– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Дел од говорниците на научниот собир порачаа дека АСНОМ не оврзува да не отстапиме од историското наследство и на поголемо сеамопочитување ако сакаме и другите да не почитуваат. Освнувајќи се на евроинтеграциите, на неправдените пречки од ЕУ во делот на меѓународно превземените обврски од договорите со Грција и Бугарија, академик Живко Попов смета дека со отстапките кои Македонија досега ги има направено делумно се нарушени идеалите и принципите на АСНОМ.

„ Спремноста за соработка и отворениот дијалог со сите, а посебно со соседите не секогаш беше возвратено на содветен начин. Напротив некој од нив покажаа неразборање и нерационално донесување кон Македонија. Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да се дојде до разумни и прифатливи решенија за создадените проблеми зачувувајќи го при тоа културното и историското наследство кое му припаѓа на македонскиот народ како евроспка вредност“,– Живко Попов, претседател на МАНУ.

„АСНОМ повикува да се респектираме помеѓу себе за да бидеме респектирани од другите како држава, народ и нација, бидејќи Асном е македонскиот влог во денот на Европа. Илинден е македонскоот национален код да бидеме тоа што сме, свои на своето...“ – Митко Панов, директор на Институт за национална историја.

Во рамки на научниот собир по повод јубилејот 80 години АСНОМ беше отворена и изложба на тема „АСНОМ како израз на суверената волја на амкедонскиот народ за остварување на правото на самопределување“.

Силјановска Давкова–Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите на ЕУ

Несогласувањата по средбата во Софија пред два месеца се надминати, ова е впечатокот по денешната втора средба меѓу претседателката Сиљановска – Давкова и бугарскиот колега Радев, на маргините на Климатскиот самит во Баку, Азербејџан.

Разговорот траел околу еден час, и според Кабинетот на Радев, бил на иницијатива на македонската претседателка. На средбата доминираа пријателски и срдечни зборови, а Радев доби отворена покана да го посети Скопје.

-Англиски да зборуваме? Не на англиски, на наш јазик да си зборуваме, рече Радев. Жал ми е што не не слушнаа што зборувавме во Софија , тогаш поинаку ќе резонираа. Така ми се чини. Во Бугарија се е менливо, освен вие. Вие сте најстабилниот елемент во државата и мислам дека сте вистински избор. Мислам дека отворени ви се вратите, и народни и државни да дојдете во Скопје и навистина да покажеме дека не сме само едни покрај други со границите, туку дека сме биле и ќе бидеме едни со други. , рече Сиљановска на средбата.

-Многу се радувам дека заедно со вас можеме да го поставиме тонот за односите меѓу Бугарија и Македонија. тон на соработка, разбирање и меѓусебно почитување. Тон на кооперативност и заедништво. Побрзо да падне границата, а границата ќе падне кога Македонија ќе стане член на ЕУ. , рече Румен Радев на средбата.

Од Кабинетот на Сиљановска по средбата соопштија дека се разговарало за унапредување на меѓусебните односи и надминување на отворените прашања, а билатералните спорови да се решаваат според европсите принципи.

-Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија. , соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска.

Радев, пак, по средбата беше поконкретен. Рече, денешниот прагматичен тон на конструктивност и отворен дијалог да го усвои и македонската влада. Избегна да одговори дали добил гаранции од Сиљановска дека Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот.

-Не е проблемот само вметнувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Ние очекуваме Владата и Парламентот во Македонија да го исполнат она што е поставено во преговарачката рамка и во Договорот за добрососедство за Македонија да не губи историско време., изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Последната средба меѓу двајцата шефови на држави се одржа на 13-ти септември во Софија и доби размери на дипломатски скандал поради остуството на македонското знаме. Радев тврдеше дека средбата не била ниту државна, ниту работна и немале обврска за поставување државни обележја. Од македонското МНР тогаш одговорија со протестна нота.

Монодрамата „Срам“ на Ангела Стојановска на сцената на велешкиот театар

Актерката Ангела Стојановска синоќа ја изведе својата монодрама „Срам“ на малата сцена на велешкиот театар, со која ја прикажува женската оптовареност со прекумерната тежина и други срамови и проблеми на понежниот пол во денешницата.

- Мене долго време ме мачеше темата, долго време имав проблеми на начинот на кој изгледав и барав решение како да ги надминам тие проблеми. На моја голема среќа јас го најдов овој проект, аплицирав и добив средства со кои можев да ја направам оваа претстава. Во тоа време се јави и ковид-пандемијата и постојано слушав за луѓе кои се срамат дека се болни и се тестирале. Што во мојата глава немаше никаква логика. Тој збор срам се закачи за мене и почнав да размислувам за сите работи од кои мене ми е срам и ги претворив во приказни за низ претставата, појасни Стојановска, која е дипломирана актерка, девет години невработена.

Успешната интеракција со публиката, во која имаше само еден маж, колега на Стојановска, на крајот од монодрамата, резултираше со заклучоци што жените и ги соопштија откако ја пробаа и пофалија касато тортата која актерката ја подготви за време на претставата.

Таа потенцира дека невработените актери во земјава не би можеле да преживеат без независната театарска сцена која им дава можност креативно да се претстават и да егзистираат преку вакви и слични проекти а бидејќи со години не добиле можност да се вработат во некои од државните театри.

Во реализацијата на монодрамата „Срам“, Стојановска помош добила од организација на жени од Свети Николе. Во велешкиот театар „Срам“ ја донесе организација на жени од Велес.

Монодрамата за неколку дена ќе биде прикажана и во Виница и во други градови во земјава.

Инаку, оваа монодрама досега е изведена во пет градови во земјава.

Стојановска најави дека за следната година подготвува друг проект во кој на сцената ќе се претстави со уште една своја колешка.

притисни ентер