Републиканците од Сенатот денеска избираат нов лидер по 18 години водство на Мич Меконел

 Сенаторите од Републиканската партија, кои се мнозинство во Горниот дом на американскиот Конгрес, денеска одржуваат состанок за избор на нов лидер, по 18 години водство на Мич Меконел.

Подоцна во текот на денот, новоизбраниот лидер на Сенатот ќе има средба со избраниот претседател Доналд Трамп, кој денеска за првпат доаѓа во Вашингтон како победник во претседателската трка 2024 година.

На средбата, републиканските сенатори ќе ги слушнат номинациските говори за тројцата кандидати, Џон Тун од Јужна Дакота, Рик Скот од Флорида и Џон Корнин од Тексас.

Џон Тун ќе добие номинациски говори од сенаторот Мајк Раундс, негов колега од Јужна Дакота, и сенаторот Стив Дејнс, претседател на Националниот републикански сенаторски комитет. Рик Скот ќе биде номиниран од сенаторот Марко Рубио, негов колега од Флорида, и сенаторот Бил Хагерти од Тенеси.

Кабинетот на сенаторот Џон Корнин не откри кој ќе ги одржи номинациските говори за него.

Новоизбраниот претседател Трамп, кој денеска за првпат доаѓа во Вашингтон по победата на претседателските избори минатата недела, попладне треба да се сретне со новиот лидер на Сенатот.

Во меѓувреме, и републиканците од Претставичкоит дом се очекува да го потврдат својот лидер, односно се очекува спикерот Мајк Џонс повторно да биде избран на оваа позиција./МИА

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица.

Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста.

На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување (MTPL) низ пазарите на ЦЕФТА.

Клучните мерки вклучуваат:

Конечна цел (до октомври 2026 година): Овозможување на возачите од една ЦЕФТА страна да патуваат во друга ЦЕФТА страна без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување MTPL.

Преодна цел (до октомври 2025 година): Намалување на административните такси за добивање на зелена карта и овозможување признавање на осигурувањето MTPL врз основа на регистрационите таблици на возилата издадени од страните кои се членки на Мултилатералниот Договор.

Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува страните целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат електронска размена на истите. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА.

Овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот Регионален Пазар (приоритет 3.3) и приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година (приоритет 2).

Извори:

ЦЕФТА, договор за слободна трговија кој ги опфаќа економиите на Западен Балкан и Молдавија, продолжува да ја поддржува регионалната интеграција и соработка. За повеќе информации, посетете ја www.cefta.int.

За да го видите комплетниот текст на Препораката 1/2024, посетете ја: Препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

За да го видите целосниот Акциски план за Заедничкиот Регионален Пазар 2021-2024, консултирајте се со: Акциски план на CRM 2021-24.

Целосниот текст на приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година е достапен овде: Приоритети на претседателството за 2024 година.

Информации за Мултилатералниот Договор може да се најдат на веб-страницата на Советот на Бироа: За Мултилатералниот Договор.

Тошковски:„Safe city“ ќе проработи во текот на следната година

„Safe city“ ќе проработи во текот на следната година, ќе треба системот да се подготви.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека очекува „safe city“ да се прилагоди, да се утврдат процедурите, ќе треба судовите да бидат подготвени да изрекуваат голем број казни на дневно ниво. Tошковски очекува системот целосно дабиде ставен во функција веќе следната година.

„Гответе со Дракче“ - Свинско месо

Во среда (13.11.2024) во емисијата гостин ни беше Диме Илиев

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. свинско месо

Саламура

3 - 4 лажици маслиново масло

3 - 4 лажици балсамико

малку рузмарин

сол и зачини по вкус

Прилог:

модри патлиџани со лук

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер