Силјановска Давкова–Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите на ЕУ

Несогласувањата по средбата во Софија пред два месеца се надминати, ова е впечатокот по денешната втора средба меѓу претседателката Сиљановска – Давкова и бугарскиот колега Радев, на маргините на Климатскиот самит во Баку, Азербејџан.

Разговорот траел околу еден час, и според Кабинетот на Радев, бил на иницијатива на македонската претседателка. На средбата доминираа пријателски и срдечни зборови, а Радев доби отворена покана да го посети Скопје.

-Англиски да зборуваме? Не на англиски, на наш јазик да си зборуваме, рече Радев. Жал ми е што не не слушнаа што зборувавме во Софија , тогаш поинаку ќе резонираа. Така ми се чини. Во Бугарија се е менливо, освен вие. Вие сте најстабилниот елемент во државата и мислам дека сте вистински избор. Мислам дека отворени ви се вратите, и народни и државни да дојдете во Скопје и навистина да покажеме дека не сме само едни покрај други со границите, туку дека сме биле и ќе бидеме едни со други. , рече Сиљановска на средбата.

-Многу се радувам дека заедно со вас можеме да го поставиме тонот за односите меѓу Бугарија и Македонија. тон на соработка, разбирање и меѓусебно почитување. Тон на кооперативност и заедништво. Побрзо да падне границата, а границата ќе падне кога Македонија ќе стане член на ЕУ. , рече Румен Радев на средбата.

Од Кабинетот на Сиљановска по средбата соопштија дека се разговарало за унапредување на меѓусебните односи и надминување на отворените прашања, а билатералните спорови да се решаваат според европсите принципи.

-Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија. , соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска.

Радев, пак, по средбата беше поконкретен. Рече, денешниот прагматичен тон на конструктивност и отворен дијалог да го усвои и македонската влада. Избегна да одговори дали добил гаранции од Сиљановска дека Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот.

-Не е проблемот само вметнувањето на Бугарите во Уставот на Македонија. Ние очекуваме Владата и Парламентот во Македонија да го исполнат она што е поставено во преговарачката рамка и во Договорот за добрососедство за Македонија да не губи историско време., изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Последната средба меѓу двајцата шефови на држави се одржа на 13-ти септември во Софија и доби размери на дипломатски скандал поради остуството на македонското знаме. Радев тврдеше дека средбата не била ниту државна, ниту работна и немале обврска за поставување државни обележја. Од македонското МНР тогаш одговорија со протестна нота.

Бомба експлодира во двор во скопската населба Керамидница, повреден Раде Штекли

Во утринските часови експлозија ги вознемири жителите на населбата Керамидница бомба експлодира во двор во скопската населба Керамидница, информираат од МВР. 

На местото на настанот е Јорданчо Цветановски.

Јорданчо повели со деталите.

-Денеска во 09.20 ч. Во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил р.т., кој е пренесен во гоб „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР

Во видеото погледнете го целиот извештај.

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност

ЦЕФТА препорачува мерки за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица.

Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста.

На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите за осигурување (MTPL) низ пазарите на ЦЕФТА.

Клучните мерки вклучуваат:

Конечна цел (до октомври 2026 година): Овозможување на возачите од една ЦЕФТА страна да патуваат во друга ЦЕФТА страна без да имаат потреба од зелена карта или еквивалентна документација за осигурување MTPL.

Преодна цел (до октомври 2025 година): Намалување на административните такси за добивање на зелена карта и овозможување признавање на осигурувањето MTPL врз основа на регистрационите таблици на возилата издадени од страните кои се членки на Мултилатералниот Договор.

Дополнително, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ги повикува страните целосно да ги дигитализираат осигурителните документи и да овозможат електронска размена на истите. Оваа дигитална транзиција има за цел да ја елиминира потребата од физички осигурителни документи при патување во рамките на ЦЕФТА.

Овие активности се засноваат на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот Регионален Пазар (приоритет 3.3) и приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година (приоритет 2).

Извори:

ЦЕФТА, договор за слободна трговија кој ги опфаќа економиите на Западен Балкан и Молдавија, продолжува да ја поддржува регионалната интеграција и соработка. За повеќе информации, посетете ја www.cefta.int.

За да го видите комплетниот текст на Препораката 1/2024, посетете ја: Препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.

За да го видите целосниот Акциски план за Заедничкиот Регионален Пазар 2021-2024, консултирајте се со: Акциски план на CRM 2021-24.

Целосниот текст на приоритетите на претседателството на ЦЕФТА за 2024 година е достапен овде: Приоритети на претседателството за 2024 година.

Информации за Мултилатералниот Договор може да се најдат на веб-страницата на Советот на Бироа: За Мултилатералниот Договор.

Тошковски:„Safe city“ ќе проработи во текот на следната година

„Safe city“ ќе го имаме во финална употреба во текот на следната година, прво ќе треба системот да се подготви.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека очекува „safe city“ да се прилагоди, да се утврдат процедурите, ќе треба судовите да бидат подготвени да изрекуваат голем број казни на дневно ниво. Tошковски очекува системот целосно да биде ставен во функција веќе следната година.

притисни ентер