Кумановецот Јован Станковиќ освои второ место на меѓународен натпревар во Виена

 Младиот пијанист Јован Станковиќ од Куманово, освои второ место на меѓународен натпревар во Виена, Австрија. 

Станковиќ учествуваше на меѓународниот музички младински натпревар и во силна конкуренција од целиот свет го освои второто место, настапувајќи со дело на Шопен.

- Конкуренцијата беше многу силна, учествуваа пијанисти од Сингапур, Мексико, Хрватска, Макао, Австралија, Хонгконг, Бугарија, Филипини, Тајланд, Австрија, Украина, Унгарија, Грција. Нè оценуваа врвни професори, музичари од престижни факултети од Германија, Италија и Австрија. Имав незначителна трема при настапот. Задоволство е да се освои ваква награда и мотив да продолжам во иднина со учества на меѓународни натпревари, изјави четиринаесетгодишниот Станковиќ, кој бил единствениот македонски претставник на натпреварот.

По првиот и вториот круг Јован се пласираше во финалниот круг каде успешно се презентираше себеси, градот и државата. За натпреварот, тој се пријавил на почетокот на годината и испратил снимки од настапи. Тогаш имало пријавено 250 млади пијанисти од 52 земји од светот, но на финалниот концерт имало повеќе од триесетина учесници. Натпреварот кој се одржа кон крајот на јули и почетокот на август годинава, во концертната сала Das MuTh – Konzertsaal, Bühne & Programm Ehrbar Saal се одржал во различни категории, виолина, пијано, соло пеење, удирачки инструменти.

Младиот Јован беше доскорешен ученик во кумановското основно музичко училиште во класата на професор м-р Марко Митковски. Од септември пак ќе е ученик во „Илија Николовски Луј“ кај м-р Весна Ангелова Христов од музичкиот училиштен центар. Младиот Јован напорно работи, вежба по неколку часа дневно и се надева дека во иднина ќе продолжи уште повеќе да се усовршува.

Данела Арсовска во „Само интервју“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Интервју ќе гостува Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Модерна метропола или урбан хаос, што добија Скопјани со изборот на мајката на градот?

Советниците обвинуваат за неагилност, Арсовска за опструкции, како планира да ги мотивира да ја поддржат за набавка на уште 250 еколошки автобуси?

Уште не завршен мандатот, најави дека нема да трча за втор, толку ли не можеа да се најдат на средина со Мицкоски? Зошто пукна „тиквата“ со партијата што ја номинира?

Заврши ли сагата со не подигањето на комуналниот отпад, знаеме ли кој ги труе Скопјани и како да дочекаме чист воздух?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Данела Арсовска, веднаш по вестите.

Едноставен трик на професионалците за да се ослободите од миризбата на пржен кромид

Динстањето кромид е еден од основните чекори при приготвувањето на многу јадења, а неговиот тежок и специфичен мирис се шири низ целиот дом.

Во светските кулинарски кругови постојат вистински мајстори кои со особено внимание пржат кромид и користат трикови за драстично подобрување на вкусот, текстурата и мирисот на овој едноставен зеленчук. Еден од најпознатите трикови доаѓа од познатиот готвач Гордон Ремзи.

Тајната што ја користат најдобрите готвачи

Гордон Ремзи е познат по својата прецизност и иновативност во кујната, тој користи специјална комбинација на состојки при динстањето кромид - сода бикарбона и шеќер. Овој трик помага кромидот побргу да стане сочен, а воедно и побргу и порамномерно да се испржи. Со додавање на малку сода бикарбона, кромидот побрзо ја апсорбира течноста, овозможувајќи побогат, поинтензивен вкус. Шеќерот помага да се карамелизира, давајќи му на кромидот благ, сладок вкус кој совршено се комбинира со различни чорби и сосови.

Она што е особено важно за овој трик е фактот дека содата бикарбона влијае на текстурата на кромидот, правејќи го помек и полесен за варење.

Исто така, овој метод може да биде корисен ако приготвувате јадења за кои е потребна густа основа, на пример, запршка или приготвувате чорба, бидејќи динстаниот кромид со содата ја добива саканата густина без да мора дополнително да правите запршка.

Го нема непријатниот мирис при динстање на кромидот

Еден од најголемите проблеми кога се динста кромидот дома е неговиот мирис. Ослободувањето на сулфур при термичка обработка на кромидот може да предизвика непријатен мирис кој се шири низ целиот дом. Готвачите во елитните ресторани многу добро знаат дека тоа е нешто што може да им ја расипе атмосферата на гостите, па затоа го користат методот со сода бикарбона и шеќер. Оваа комбинација не само што го забрзува процесот на крчкање, туку и го намалува испуштањето на сулфурни гасови, што значи дека вашиот дом ќе биде без непријатниот мирис.

Овие совети не се корисни само кога готвите дома, туку се стандардни во професионалните кујни. Исто така, пржењето кромид со сода бикарбона овозможува побрзо и поефикасно приготвување на храната, што е клучно во средина која се занимава со голем број нарачки за краток временски период.

Маж прави хаос во авион, патниците „го средија“ (ВИДЕО)

На интернет кружи шокантна снимка од авионот на Јунајтед ерлајнс, кој на 16 ноември полетал од Остин до Лос Анџелес.

Во преден план се гледа човек кој се качил на седиштето и се обидува со нога да го скрши потпирачот за грб, додека останатите патници шокирани го гледаат.

Во леталото бил и Џино Галофаро кого, како што вели, го разбудила бучава, по што морал да асистира во една необична „акција“ меѓу облаците, пренесува Daily Star.

„Ги отворив очите кога човекот го клоца седиштето. Стјуардесата неколку пати помина покрај него, никој ништо не направи. Некако го задржав, а ми помогнаа уште двајца патници. Ги зедовме безбедносните појаси и го врзавме“, изјави Галофаро.

Авионот во моментот на инцидентот се наоѓал на 40 минути од Лос Анџелес, а по слетувањето во кабината влегле припадници на полицијата. Галофаро рече дека се надева дека ќе стапи во контакт со семејството на неименуваниот маж и ќе понуди помош.

United Airlines потврди дека во авионот имало 76 патници и пет членови на екипажот.

„На 16 ноември, локалните органи за спроведување на законот дојдоа на летот 502 по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, откако еден патник го наруши мирот. Им благодариме на екипажот што помогна да се реши ситуацијата и се грижеше за безбедноста. Актерот на инцидентот доби забрана за идни летови со нашата компанија“, е соопштено.

притисни ентер