Куче изело 4.000 долари, па сопствениците ги спасувале парите: Страшно смрдеше

Клејтон Лоу од Питсбург повлекол дел од заштедите од банката, се вратил дома, а потоа го преживеал кошмарот со сопругата Кери.

Необичната приказна повторно е ажурирана, а се случила на крајот на декември минатата година.

Што се случило? Клејтон ги оставил парите на шанкот, а 30 минути подоцна открил дека ги нема, пренесува Fox 5.

Ја известил сопругата и по кратко пребарување сфатиле дека нивниот 8-годишен златен дудл Сесил го изел купот пари!

„Никогаш не се обиде да се качи на мебелот, па тоа беше необично. Некако ги зграпчи парите во пликот и ги изеде“, објаснил човекот.

Кога парот се смирил, го повикале ветеринарот, кој му објаснил дека нема потреба да го носат миленикот, се додека тој се однесува нормално, јаде и врши нужда.

Следните денови го следеле кучето и успеале да повратат дел од парите што ги проголтало, а потоа ги повратило.

„Собравме и исчистивме сè. Страшно смрдеше. Работата траеше два-три дена“, откриваат тие.

За нивна среќа, банката била подготвена да ги замени повеќето уништени банкноти на кои имало серискиот број, па Клејтон вратил 3.550 долари.

Кери објави фотографија од миленикот на Инстаграм и напиша: „Ова е Сесил. Тој не направи ништо лошо во животот додека не изеде 4.000 долари“.

Се пожалил на болки во стомакот, докторите му извадиле лебарка од тенкото црево (ВИДЕО)

Бизарен случај е снимен во болницата „Фортис“ во Њу Делхи каде се појавил 23-годишен млад човек.

Се пожалил на неколкудневни стомачни проблеми, па бил тестиран.

Пациентот објаснил дека конзумирал брза храна на локалниот пазар и се сомневал дека тоа е причина за неговите здравствени проблеми. Немл поим какво изненадување го чека.

Лекарите решиле да направат ендоскопија на горниот дигестивен тракт, а потоа откриле лебарка во тенкото црево, пренесува Business Insider.

Се испоставило дека за болката, варењето и гасовите е виновен инсект долг три сантиметри.

„Лебарката во тенкото црево е опасна по живот. Продолживме со ендоскопија за да ја отстраниме. Во спротивно, можеше да предизвика тешка инфекција и потенцијално фатални компликации“, изјави д-р Шубам Ватсија.

Во објавеното видео д-р Ватсија објаснува како тим од експерти ефикасно ја отстраниле лебарката и го спасиле пациентот, пренесува PTI News.

Гастроентерологот шпекулира дека инсектот можел да влезе во устата на младиот човек додека спиел, или пак да го проголтал додека јадел.

Овој необичен случај, сепак, не е единствен. Минатата година светските медиуми објавија сензационална вест од Австралија, каде лекарите извадиле жив црв од мозокот на неименувана Британка (64).

Очув силувал 10 – годишно девојче додека мајката била на работа, останала бремена

Неверојатен случај на злоупотреба на деца се случил на шпанскиот остров Мајорка.

Според локалните медиуми, очувот (35) ја силувал пасторката (10). Злосторството станало јавно откако девојчето се пожалило на болки во стомакот, по што нејзината мајка ја однела во болница.

Лекарите констатирале дека девојчето е бремена, а биле констатирани и повреди кои укажуваат на тоа дека била малтретирана. За случајот лекарите веднаш ја известиле полицијата, објави Ултимаора.

Нејзиниот очув набрзо бил уапсен и обвинет за силување и е во притвор.

Според првичните податоци, мажот неколку пати го силувал девојчето. Го малтретирал девојчето додека нејзината мајка била на работа, а со неа останувал сам дома.

Случајот ја шокира јавноста, а истрагата продолжува.

Ја нашол 14- годишната ќерка во автомобил со многу постар маж и го убил- сега ќе оди во затвор

Татко од Арканзас е уапсен откако наводно убил маж кој бил пронајден во автомобил со неговата исчезната ќерка тинејџерка.

36-годишниот Арон Спенсер ја пријавил својата ќерка (14) како исчезната на 8 октомври, а полицијата пристигнала во нивниот дом кратко време подоцна.

Во меѓувреме, Спенсер ја пронашол својата ќерка во автомобилот со Мајкл Фослер (67), се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот, пишува Independent.

Следела тепачка меѓу двајцата мажи и Спенсер го застрелал и го уби Фослер, соопшти полицијата.

Спенсер бил уапсен под обвинение за убиство од прв степен и задржан во притворскиот центар во округот Лонок.

Неговата сопруга го критикувала апсењето како срамота и открила вознемирувачки детали за наводниот киднапер, пишува Independent.

Таа рекла дека пред неколку месеци нивната тогаш 13-годишна ќерка била силувана од момче на семеен пријател, за кого се испоставило дека е Фослер.

Таа објаснила дека Фослер се соочил со обвиненија кои се во тек и, наводно, му била одредена забрана, но отишол кај тинејџерката откако платила кауција.

Родителите пријавиле дека нивната ќерка исчезнала откако ја разбудил нејзиното куче, што според нив било необично.

Како што рекоа, отишле во нејзината соба и сфатиле дека ја нема, кога започнала очајната потрага.

Таткото потоа отишол во автомобилот да ја бара ќерката и ја нашол во автомобилот со Фослер.

„Штом предаторот сфати дека мојот сопруг е зад него, побегна. Потерата заврши со несреќа. Арон успеа да го врати живо нашето дете, но во тој процес беше нападнат и направи сѐ што требаше да направи за да го заштити него и нашето малолетно дете“, напишала неговата сопруга Хедер.

Таа додаде дека е сигурна дека нивното дете немало да се врати дома доколку таткото не ја пронашол.

Обвинителството сега треба да одлучи дали ќе поднесе обвинение против Спенсер.

притисни ентер