Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен

Тежок инцидент попладнево го потресе главниот град на Албанија, каде 14-годишно момче почина од убод со нож, по расправија во која се повредени две а едно е приведено во полиција.

-Инцидентот се случил во близина на 9-годишното училиште „Фан Ноли“, при што учениците кои се врсници, се степале по завршување на наставата. Првичните информации говорат дека до конфликт дошло поради недоразбирања на социјалните мрежи, објави Топ чанел.

Според полицијата починатото момче М.Ц. имало убод директно во срцето, другото момче кое има убод во пределот на градниот кош, е во стабилна здравствена состојба, а третото момче се лекува во приватна болница и е вон животна опасност.

Казахстан ги засилува безбедносните мерки поради „ескалацијата во Украина“

Претседателот на Казахстан, кој е сојузник на Русија, денеска нареди да се преземат „итни мерки“ за заштита на цивилната и воената инфраструктура на неговата земја поради „ескалацијата во Украина“.

„Шефот на државата Касам-Жомарт Токаев му наложи на премиерот, претседателската администрација, шефовите на сите безбедносни сили (армијата, специјалните служби, полицијата, обвинителството) и локалните лидери да преземат итни мерки за заштита на главните цивилни и воени локации. Мерките се поврзани со ескалацијата на ситуацијата околу Украина“, објави на Фејсбук портпаролот на претседателот, Берик Вали.

Портпаролот потсети дека Казахстан редовно ги повикува Москва и Киев да преговараат за крај на војната „меѓу два словенски народи“.

Одлуката на претседателот Токаев доаѓа откако руските сили истрелаа кон Украина ракета од најновата генерација креирана да носи нуклеарна боева глава. /МИА

Бела куќа: Русија е целосно одговорна за ескалацијата во Украина

Ескалацијата на конфликтот во Украина, вклучително и вмешувањето на севернокорејски војници, целосно е во рацете на Русија, изјавија синоќа во Белата куќа.

- Русија ескалираше на секој чекор, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер, додавајќи дека САД ја предупредиле Москва дека е неприфатливо вовлекување на „други земји“ во украинскиот конфликт.

Според западни и украински разузнавачки служби, Русија вклучила во конфликтот најмалку 10.000 севернокорејски војници, дел од кои се распоредени во Курската област на Русија за зајакнување на нејзините позиции.

За Жан-Пјер тоа е доказ за „очајот“ на Москва. „Тие трпат високи загуби и затоа бараат од Северна Кореја дополнителна воена сила“, рече таа и најави дека администрацијата во заминување на претседателот Џо Бајден ќе продолжи активно да обезбедува помош за Украина во преостанатото време до истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Русија неделава ја нападна Украина со нова балистичка ракета со среден дострел, што, според аналитичарите, беше одговор на одлуката на Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади врз Русија.

Жан-Пјер одби да коментира за промената на позицијата на САД во однос на ракетите ATACMS, за што првпат беше објавено за време на викендот.

-Тие (Русија) се тие што продолжуваат со ескалацијата. Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во нејзината борба против оваа агресија, изјави портпаролката.

Таа додаде дека САД не гледаат „никаква основа“ за промена на својата нуклеарна доктрина по обновувањата на руската нуклеарна доктрина, за што претходно зборуваше претседателот Владимир Путин. Претставничката на Белата куќа ја осуди „неодговорната“ реторика на Москва.

- Ние не гледаме никакви причини за прилагодување на нашата нуклеарна доктрина или позиции како одговор на изјавите на Русија, нагласи Жан-Пјер. /МИА

Германија го објави кризниот план во случај на војна со Русија

 Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и сценарија на војна кои директно ќе ја зафатат земјата.

Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план на Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт.

Еден од клучните елементи на овој план е соработката со приватниот сектор за обезбедување снабдување и одржување на функционалноста на клучните сектори во случај на криза.

Неодамна во Хамбург се одржа средба со претставници на логистички компании, на која воените власти презентираа насоки за подготовка во кризни ситуации. Беше истакнато дека логистиката ќе има клучна улога во овозможување мобилизација на силите и зачувување на стабилноста во земјата. Според ФАЗ, Бундесверот составил листа на приоритетни објекти и инфраструктура кои треба да бидат заштитени во случај на војна, вклучувајќи транспортни центри, магацини и енергетски системи.

Според сценариото кое предвидува одговор на НАТО на потенцијален конфликт со Русија, планирана е мобилизација на дури 800.000 војници и 200.000 возила преку германска територија. Јасно е дека за таква операција е потребно исклучително прецизно планирање и координација со цивилниот сектор, пишува ФАЗ.

Овие мерки доаѓаат во контекст на растечките геополитички тензии, особено по руската инвазија на Украина.

Освен Германија, и други европски земји ги засилуваат подготовките за непредвидливи сценарија. Нордиските земји, како што се Шведска, Финска и Норвешка, исто така ги советуваат своите граѓани за начини како да се подготват за потенцијални кризни ситуации, вклучително и обезбедување основни залихи со храна и вода.

Германското Министерство за одбрана редовно ги ажурира своите планови, приспособувајќи ги на промените во безбедносната средина. /МИА

притисни ентер