Кремљ го отфрли планот на Зеленски за победа и повика на „будење“ на Украина

Кремљ денеска го отфрли „Планот за победа“ што украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави пред украинскиот парламент и ја повика Украина „да се разбуди“.

- Единствениот мировен план што може да постои е киевскиот режим да сфати дека неговата политика е без перспектива и дека е неопходно да се разбуди, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.

Зеленски, претставувајќи го својот план за победа над Русија пред пратениците во Киев, се заложи за распоредување на ненуклеарни средства за одвраќање во Украина.

- Украина предлага распоредување на својата територија на целосен сет мерки за ненуклеарно стратешко одвраќање, кој ќе биде доволен за заштита од секоја воена закана од Русија, рече Зеленски и додаде дека оваа точка е детално објаснета во „тајниот анекс“ на неговиот план за победа, кој е презентиран пред САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија.

Тој најави дека утре ќе замине на самитот на ЕУ за да го претстави својот план за победа, на покана од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Утре јавно ќе го претставам планот за победа на состанокот на Европскиот совет“, рече Зеленски во говорот пред украинскиот парламент во Киев.

Како што пренесува Киев Индепендент, планот се состои од пет клучни точки: членство во НАТО; одбрана; одвраќање на руската агресија; економски раст и соработка, повоена безбедносна архитектура

Планот вклучува и три тајни додатоци поврзани со чувствителните делови кои нема да бидат објавени во јавноста, но ќе бидат клучни за спроведување на стратешките цели на Украина.

- Доколку планот биде поддржан, можеме да ја завршиме војната најдоцна следната година, рече Зеленски во парламентот во присуство на врховниот командант Александар Сирски, шефот на военото разузнавање Кирил Буданов и западни дипломати.

Поканата до Украина за членство во НАТО е на врвот на листата. Киев го поднесе своето барање за приклучување во септември 2022 година, но сè уште не добил јасен сигнал од сојузниците. Зеленски рече дека тој чекор треба да се направи „сега“, што е отстапување од неговите претходни коментари дека чекорот може да се одложи до крајот на војната.

Друга точка ја нагласува потребата од пренесување на војната на руска територија, како што беше случајот за време на прекуграничниот упад во Курск, започнат на почетокот на август. Ставката, исто така, повикува на укинување на ограничувањата за напади со оружје со долг дострел во Русија, дополнителни испораки на оружја со долг дострел и поддршка од Западот за соборување руски ракети и беспилотни летала над Украина.

Третата точка се однесува на ненуклеарното одвраќање и вклучува таен дел. Украина предлага „сеопфатен ненуклеарен стратешки пакет за одвраќање на нејзина територија“ кој ќе ја заштити земјата од идна агресија.

Четвртиот дел се занимава со употребата на Украина на нејзините природни ресурси, како што се ураниум, титаниум и литиум, кои претставуваат потенцијал за економски раст за Киев и ЕУ. Украина нуди посебен договор за заеднички инвестиции и користење на овие ресурси со ЕУ и САД. Дел, исто така, повикува на зајакнување на меѓународните санкции против Русија за да се поткопа нејзината способност да се спротивстави на нејзината агресија.

Петтиот дел се однесува на повоената безбедносна архитектура на Украина. Киев може да се пофали со голема и искусна воена сила која треба да го зајакне НАТО и европскиот континент, истакна Зеленски.

Меџити се сретна со новоименуваниот амбасадор на Бугарија Жељаско Радуков

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија, Жељаско Радуков.

Меџити, откако му го честиташе именувањето на новата функција, на бугарскиот амбасадор му посака успешна работа во нашата земја, како и продолжување на соработката во сите области од интерес на двете земји.

Двајцата соговорници изразија волја за отворен дијалог, зајакнување на трговската размена, како и протокот на луѓе меѓу двете земји, преку позитивна волја и добри намери.

Амбасадорот Радуков минатиот месец е именуван на оваа позиција, а го наследи долгогодишниот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, се наведува во соопштението.

Алишан: Лицата со попреченост бараат итна средба со владата

Очекуваме средба од која ќе произлезе преговарачка рамка и вметнување во уставот на лицата со попреченост.

Лицата со попреченост бараат итна средба со владата за формирање на преговарачка рамка која како што велат ќе им овозможи подостоинствен живот. Суарет Алишан од коалицијата „Менуваме“ вели дека тие очекуваат лицата со попреченост што побргу да станат уставна категорија, и очекуваат поголема грижа за нивните потреби од страна на државата.

Почнува изработката на национална ИКТ-стратегија

Премиерот Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означија почетокот на изработката на националната стратегија за Информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – националната ИКТ стратегија.

Премиерот Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означија почетокот на изработката на националната стратегија за Информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – националната ИКТ стратегија, која е клучен документ во однос на активностите за дигиталната трансформација

притисни ентер