Кој е новиот сопруг на Адријана Лима? (ФОТО)

Адријана Лима (43) вчера ја објави веста дека се омажила за Андре Лемерс (43).

Лима веста ја сподели на социјалните мрежи, каде објави фотографија на која во преден план се гледа нејзиниот венчален прстен со порака: „Официјално г-ѓа Лима Лемерс, попозната како Лимерс“.

Лимерс е филмски продуцент. Неговата работа вклучува проекти како што се 300: Rise of an Empire, The Immortals и претстојната серија The German Girl. Лемерс е роден на 22 јуни 1981 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Иако не е активен на социјалните мрежи, познато е дека ужива во патувањата и авантурите.

Андре Лемерс е извршен директор на американската компанија MiLu Entertainment од 2014 година. Тој е и партнер во HollywoodGang Production, каде што продуцира содржини за филм и телевизија, пишува People. MiLu Entertainment стои и зад претстојниот филм The Thicket, во кој глумат ѕвездата на „Game of Thrones“, Питер Динклиџ и номинираната за Оскар актерката Џулиет Луис.

Двојката е заедно од 2021 година, а истата година за прв пат заедно прошетаа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Адријана го роди своето трето дете во август 2022 година, а првото со Андреа. Таа роди син на 29 август во Санта Моника, Калифорнија. Двојката го нарече својот син Син Лима Лемерс. На Адријана ова ѝ е трето дете, таа веќе има две ќерки Валентина (12) и Сиена (9) со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Адријана својот приватен живот го држи подалеку од јавноста, но во интервју за Us Weekly откри дека таа и нејзиниот сопруг одлично се согласуваат и дека меѓу нив владее хармонија. „Имаме многу слични карактеристики, па брзо се согласуваме за сѐ“, изјави Лима.

Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот

 Кина денеска ја критикуваше новата американска воена помош за Тајван, велејќи дека пакетот од 571 милион долари сериозно го нарушува „принципот на една Кина“ и одредбите од заедничките коминикеа меѓу Кина и САД.

-Кина ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Тој го нарече Тајван „црвена линија што не смее да се премине“ во кинеско-американските односи.

Пекинг го смета демократски управуваниот остров Тајван за своја територија, тврдење што владата во Тајпеј го отфрла.

Атлетико Мадрид по триумфот над Барса нов лидер во Шпанија

 Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа синоќа Барселона на гостински терен со 2-1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку од каталонскиот тим.

Родриго де Пол (60) и Александар Сорлот (90+6) донесоа пресврт во натпреварот, откако Барселона поведе во 30. минута со голот на Педри.

Каталонците на овој натпревар ги предводеше Маркус Сорг, помошникот на Ханси Флик, кој го пропушти дуелот поради суспензија.

Ова за Барселона е веќе трет последователен пораз на Олимпискиот стадион „Монжуик“, од кој пред Атлетико со три бодови заминаа екипите од долниот дел на табелата. Лас Палмас и Леганес.

Атлетико Мадрид сега води на табелата со 41 бод (18 натпревари) и новата календарска година ќе ја дочека на врвот на табелата. Барселона е второпласирана со 38 бодови (19 натпревари), додека Реал Мадрид е трет со 37 бодови од 17 натпревари, пред денешниот дуел на домашен терен против Севиља.

Усик и во реваншот го совлада Фјури

Украинецот Олександр Усик ги одбрани титулите светски првак во тешка категорија во верзиите WBA, WBO и IBO со едногласна победа над Британецот Тајсон Фјури во реваншот одржан синоќа во Ријад.

По оваа борба, Усик остана непоразен во 23 професионални борби, од кои 14 победи со нокаут, додека Фјури има 34 победи, а единствените два порази ги претрпе од украинскиот боксер.

Триесет и седумгодишниот Украинец синоќа славеше со 116:112 во бодувањето на тројцата судии.

„Фјури е исклучителен боксер, зад нас остана голема борба. Но, јас сум исклучително среќен, зад мене имам серија исклучителни борби и одлична кариера“, изјави Усик.

Фјури по мечот инсистираше дека Усик добил предвремен божиќен подарок и ја оспори едногласната победа на Украинецот во поени.

„Почувствував малку божиќен дух и мислам дека доби мал подарок од судиите. Ран божиќен подарок“, рече Фјури, кој ја загуби првата борба од Украинецот со поделена одлука на судиите во мај.

„Бев убеден дека ја добив таа борба. Мислам дека ги добив двете борби, но дома си одам со два порази. Секогаш ќе верувам до денот кога ќе умрам дека ја добив таа борба“, додаде Британецот.

притисни ентер