Кисела Вода отвора канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови

Еден од врвните приоритети на општина Кисела Вода и Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски e грижата и подобрyвање на квалитет на животот на младите лица.

Нашата општина денес со потпишување на меморандумот за соработка со претседателката на Здружението на социјални работници,проф.д-р Светлана Трбојевиќ, ќе отвори Канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови.

Стручни професионалци ќе бидат вклучени во давањето на социјална поддршка на младите парови при подготовка за брак, стручна помош во информирање и упатување за остварување на нивните права од системот на социјална заштита, зголемување на нивната свесност за можните социјалните проблеми кои можат да се јават во текот на нивното заедничкото живеење како и позитивното родителство.

На Здружението на социјални работници на град Скопје, им обезбедивме простор, во населба Кисела Вода , за работа додека тие го обезбедуваат стручниот кадар-тим од стручни работници кои ќе даваат стручна помош и поддршка.

Канцеларијата ќе работи во среда од 16:00 до 20:00 часот и сабота од10:00 до 16:00 часот.

Стручната помош и поддршка од страна на тимот се бесп

латни. Потребно е претходно да имате закажано термин на телeфонскиот број 02/3212 690. Термините се закажуваат во понеделник од 10.00 до 12:00 часот.

Канцеларијата ќе започне со работа од 01.11.2024 година.

Најмалку 13 загинати и 6 исчезнати во поплавите во Босна и Херцеговина

Со механизација и рачни алати, пожарникарите, волонтерите и самите жители на најпогодените места од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина, втор ден трагаат по исчезнатите лица под урнатините. 

И официјалиот број на загинати варира, повредените се згрижени, оние кои изгубија кров над глава се сместуваат кај родини и пријатели. Сите човечки и материјални ресурси на кризните штабови во јужниот и централниот дел на државата се ставаат на располагање да помогнат онаму кадешто е најтешко..

-По консолидирањето на состојбата на терен, утврдено е дека три тела двапати биле пријавени од различни служби, па сега таа бројка е корегирана на 13, од кои едно лице починало на подрачјето на Коњиќ, поточно од Бутуровиќ Поље, 12 во Јабланица. Среќен сум што можам да соопштам дека мајката која за жал вчера го изгуби своето неродено бебе, е стабилна. - Дарко Јука – портпарол на херцеговско-неретвански кантон

Најлоша е состојбата во Јабланица, а повремениот дожд уште повеќе ја отежнува работата на локалците кои се обидуваат да ја вратат нивната општина во нормала. Срушени куќи, улици и автомобили и натаму се под вода – цели населби до непрепознатливост.

-Ако ја погледнеме сликата зад мене, овде имаше најмалку 10 куќи, а сега нема ништо. Освен тиња, кал, дрвени конструкции, камења.. Куќите се потполно однесени, срамнети со земја и навистина на ова подрачје да се живее е невозможно.- Недим Пуриш – репортер на БХРТ

Проблем за населението и за спасувачките екипи е прекинот на струја, но и движењето по патиштата по кои се обидуваат да се пробијат до отсечените села. Асфалтот е речиси целосно уништен, мостовите и пругите нефункционални.

-Состојбата на терен не е добра. За жал, пронајдовме едно лице мртво, за четири се уште се трага. Километри патишта се уништени, оштетени, речиси сите мостови на неретванското подрачје оштетени или уништени, струја нема, телефони нема, екипите се на терен се обидуваат да ги стават во функција. - Хусеин Хоџиќ – началник на Агенција за цивилна заштита – Коњиц

-Водата ги однесе куќите, цели семејства останаа без ништо. Но, фала на господ ги спасивме барем нив. Имаме уште исчезнати, денеска ги бараме... Не знам што да кажам.- Мевлида Шахиновиќ – жителка на Бутуровиќ Поље

Од ужасните поплави се зафатени бројни општини- Јабланица, Коњиц, Кисељак, Фојница, Крешево, Вареш, како и околните села. Откако се случија апокалиптичните сцени особено во Долна Јабланица која е целосно затрупана во камен одрон, во Босна и Херцеговина се отвори дилема – дали блискиот каменолом е главната причина за страшниот порој кој ја зафати оваа населба.

За помош на населението веќе се мобилизираат балканските организации, меѓу нив и македонскиот Црвен крст со парична сума од 10 илјади евра и отворени телефонски линии за донации.

Трагедија во Гостивар, почина шестгодишно момче, му се слошило на тренинг

Дете на шест годишна возраст починало во Гостивар на фудбалски тренинг. 

На детето му се слошило за време на тренингот,и со возило на Брза помош било однесено во општата болница во Гостивар, каде што пристигнало без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот“, известија од МВР.

Лекарите се обидувало да го реанимираат, меѓутоа на крајот можеле да констатираат само смрт, се очекуваат резултатите од обдукцијата.

Утринава почина 14 месечно бебе на детската клиника, било донесено во сериозна состојба

14 месечно дете рано утринава почина во Клиниката за детски болести. Семејството на детето тврди дека станува збор за негрижа од страна на детската клиника. 

Роднини на семејството на починатото девојче раскажаа дека детето било болно и уште пред неколку дена го носеле во болница каде што има дале сируп и има кажале да го однесат детето дома. Откако не се подобрила состојбата детето тие го однеле детето во болницата Козле, но оттаму детето околу еден часот ноќеска било претпратено на клиниката за детски болести. Околу четири часот тоа починало.

Денеска на клиниката имаше и полициско обезбедување, откако бил пријавен инцидент од страна на вработените, кога вознемирениот татко по смртта на неговото дете почнал да крши во ординациите. Вознемиреност од целиот настан имаше и кај персоналот но и кај пациентите кои доаѓаа. Директорот на клиниката Реџеп Мемеди објасни дека детето било донесено во тешка здравствен состојба.

На прашањето дали детето било вратено од клиниката и дали на смена бил тим за интензивно лекување? Мемеди одговори дека истражните органи ќе ја испитаат состојбата, а дека на смена имало тим кој одговора на задачата на интезивна нега.Телото е предадено на обдукција.

Од ДСЗИ потврдија дека ќе се изврши вонреден инспекциски надзор. Надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица од двете болници детска клиника и козле и вработените кои биле вклучени во овој случај. По добиените изјави и документација ќе се формира и комисисја за стручен надзор.

притисни ентер