По обилните врнежи во тетовско над 20 интервенции на пожарникарските екипи

Над 20 интервенции имало синоќа во поплавени куќи во Тетово по обилниот дожд.

Тетовските пожарникари ноќта имале повеќе од 20 повици за испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи биле во селата Мала и Голема Речица.. Поради обилните врнежи пожарникарите вчера извлекувале и неколку возила..Најкритично било во Желино каде во подвозникот по кој поминува локален пат в насобраната вода се заглавило комбе со 11 патници., кои не можеле да излезат , и по интервенција на тетовските пожарникари успешно биле извлечени од комбето и патниците и возачот

Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје

Во понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР.

-СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, се наведува во соопштението.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени

Израелската војска денеска соопшти дека бомбардирала џамија во непосредна близина на болница во јужен Либан, тврдејќи дека во неа има скриен команден центар на Хезболах, јави ДПА.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на мрежата Х објавија дека нападот бил насочен кон „терористи на Хезболах“ кои ја користеле џамијата во близина на болницата Салах Гандур за да планираат напади против Израел.

Во друг напад синоќа била погодена и болницата во јужниот град Бинт Џбеил, при што биле повредени најмалку девет лица од медицинскиот персонал, пренесува ДПА.

Персоналот на болницата, наводно, бил евакуиран, иако не е јасно што се случило со пациентите поради копнената офанзива на Израел во регионот.

Најмалку четири болници во јужен Либан веќе престанаа со работа поради борбите, додека другите се преполни.

ИДФ соопшти дека до жителите се испратени известувања со предупредување да ја напуштат областа пред последниот напад. /МИА

Суарез: Биелса направи раздор во репрезентацијата

Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Уругвај, Луис Суарез го критикуваше селекторот Марсело Биелса.

- Имаше ситуации во Купот на Америка што ме повредија. Многу играчи на состанокот побараа од тренерот барем да им посака добро утро, но тој не се ни поздравуваше. Би сакал да ги замолам навивачите да не ги навредуваат фудбалерите ако нешто тргне наопаку, бидејќи Биелса направи раздор, го подели тимот дури и по начинот на кој тие тренираат, изјави Суарез за „ESPN“.

Суарез на 3 септември објави крај на репрезентативната кариера. Како дел од репрезентацијата на Уругвај напаѓачот одигра 143 натпревари, на кои постигна 69 гола./МИА

притисни ентер