Кинеските астронаути го урнаа рекордот на НАСА во најдолго вселенско излегување

Кинеските астронаути Каj Шуже и Сонг Лингдонг го урнаа светскиот рекорд на НАСА за најдолго вселенско излегување. Тоа траело 9 часа и 6 минути, објави Кинеската вселенска агенција - КВА.

Членовите на мисијата „Шенжу-19“, Шуже и Лингдонг ја напуштија Кинеската вселенска станица „Тијангонг“ вчера - на 17 декември, поставувајчќи го новиот рекорд. Најдолгото вселенско излегување претходно го имаа астронаутите на НАСА, Џејмс Вос и Сузан Хелмс, кои во 2001. минаа 8 часа и 56 минути вон Меѓународната вселенска станица.

„Тијангонг“ се движи околу Земјата на височина меѓу 340 и 450 километри над нашата планета, што е приближно иста орбитална висина како и на МВС.

Во меѓувреме, третиот член на мисијата, Ванг Хаоже обезбеди поддршка од внатрешноста на станицата. Покрај тоа, роботските раце на „Тијангонг“ и тимовите за контрола од Земјата имаа клучна улога во успехот на потфатот. Според КВА, вселенското излегување е целосно успешно.

Астронаутите притоа извршуваа задачи: Распоредување штитови од вселенски отпад, проверка на надворешната опрема, дополнителна заштита на каблите и цевките на системот за термичка контрола итн.

Астронаутските костуми на „Феитијан“ содржат комуникациски способности во вакви вселенски задачи. Тие се дизајнирани за цели осум часа престој вон леталото и нешто плус, а нивниот рок на траење е три години. Исто така, може да се користат за најмногу 15 вселенски излегувања.

Сонг, поранешен пилот на борбен авион, стана првиот кинески астронаут роден во 1990-тите кој изведе вселенско излегување. Од друга страна, пак, Кај - командантот на мисијата, го изведе своето второ вселенско излегување. Тој беше член и на екипажот „Шенжу-15“, и во ноември 2022 година мина 5,5 часа во Вселената.

Мисијата Шенжу-19 има планирани повеќе вселенски излегувања, со цел научни експерименти и технички тестови. Екипажот пристигна на станицата на крајот на октомври, а ќе се врати дома во април или мај 2025 година. Слетувањето ќе се случи во кинеската област Внатрешна Монголија.

Инаку, првото кинеско вселенско излегување го изведе Жај Жиганг на 27 септември 2008 година.

Изградбата на кинеската станица „Тијангонг“, во облик на буквата „Т“ почна во 2021. и беше завршена до крајот на 2022 година. Веќе има планови и за проширување на станицата.

Испитани се 87 сведоци во постапката за падот на настрешницата во Нови Сад,кога загинаа 15 луѓе

Во рамките на истрагата за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а две лица се тешко повредени, сослушани се вкупно 87 сведоци.

Покрај сведоците во оваа истрага што ја води Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, сослушани се и седум вештаци, дознава Танјуг, пренесе Телеграф.

Според сознанијата на Танјуг, досега се сослушани сите планирани сведоци.

На крајот од истрагата се очекува обвинителството да поднесе обвинителен акт.

Наредбата за спроведување на истрагата вклучувала 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ.

Од 13 уапсени, 10 лица се во притвор, додека двајца се во домашен притвор.

Постапката е против Ј.Т. поранешен в.д Генералниот директор на „Српска железничка инфраструктура“, Г.В. поранешниот министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. поранешен в.д помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. поранешниот генерален директор на „Железничка инфраструктура на Србија“ поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешко дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност.

Исто така, во наредбата е вклучен и С.Н. одговорен проектант на градежната конструкција, М.Ј. главен проектант на идејниот проект, Љ.М.М. главен проектант на проектот за одобрение за градба, М.С. известувач за градби на Републичката ревизиска комисија, Ј.С.М. одговорно лице за техничка контрола, З.С.М. и Д.Ј. лица одговорни за градежни работи, М.Г. и Д.Т. лица одговорни за професионален надзор поради сомнение дека сториле кривично дело тешко дело против општата безбедност во врска со кривичното дело неправилно и неправилно изведување градежни работи.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 лица, меѓу кои и Македонецот Васко Саздовски, а две лица се тешко повредени.

Дуа Липа се вери за актерот Калум Тарнер (ФОТО)

Пејачката која постигна завидна светска кариера , Дуа Липа, кажа „да“.

Според последните информации, Дуа Липа за Божиќ се свршила со актерот Калум Тарнер, а нивниот нов љубовен чекор откри фотографија на Дуа Липа со веренички прстен на раката, како што пренесуваат медиумите.

Иако се уште ништо не е потврдено и никаде ја немаат објавено оваа среќна вест, фановите веќе им честитаат и ја слават нивната љубов. Калум и Дуа веќе некое време објавуваат слатки снимки од нивната врска, а пет години постариот актер „никогаш не изгледал посреќен“ како што коментираат на мрежите.

Близок инсајдер изјави за The Sun дека и двајцата се толку вљубени и „знаат дека ова ќе трае вечно“.

- Тие се свршени и не можеа да бидат посреќни. Дуа имаше една од најдобрите години во кариерата и ова е само шлаг на тортата - вели инсајдерот.

Совети за проблеми во односот родител - дете

Создавањето здрава и силна врска со децата може да биде предизвик, но e клучно за нивниот емоционален развој.

Иако понекогаш може да биде потребна и стручна помош, важно е прво да се препознаат знаците што укажуваат дека детето има тешкотии да се поврзе со родителот. Следат петте најчести показатели за можните проблеми и совети за подобрување на односот на родителите со своите деца.

Не Ве слушаат

Кога детето редовно ги игнорира укажувањата и советите на возрасниот, тоа може да значи дека не го сфаќа сѐ тоа сериозно, или пак, не гледа личност на авторитет пред себе. Доколку, на пр., го замолите да си ја исчисти собата и тој / таа се префрли на нешто друго, ова е знак дека е потребна промена во пристапот во воспитувањето.

Не сакаат да минуваат време со Вас

Кога детето редовно избегнува семејни активности и сака повеќе да се дружи со другарчињата отколку со родителите - тоа е сериозен знак. Ако се повлече во својата соба избегнувајќи ги семејните дружби, можеби се работи за детска привреемена бунтовност, но доколку постојано се повлекува, можеби тој / таа не се чувствува поврзан /-а со семејството, што, исто така, бара промени во односот родител - дете, пишува босанскиот портал „Кликс“.

Се однесуваат како да сте им непријател

Ако децата често реагираат бурно или дефанзивно на кое било прашање на родителот, или го гледаат како личност со која постојано се расправаат, тоа значи - има некаква тензија. Ваквото однесување може значително да ги влоши односите, па треба да се обрне внимание и на ваквите реакции.

Речиси никогаш не Ви се доверуваат за својот личен живот

Ова е знак на недоверба. Ако не му е удобно да му се довери на својот татко, или на мајка сѝ, можеби детето не е сигурно дека ќе биде разбрано.

Претеран сарказам и негативни коментари

Кога детето често користи сарказам, цинизам и остри коментари кон родителот, тоа може да биде знак на фрустрација и недоразбирање. Прашања како „Дали воопшто ти е гајле?“ - можат да укажуваат на чувство на запоставување во семејната врска.

Препознавањето на овие знаци е важно за навремено решавање на проблемите во односот родител - дете. Ако се забележи некој од овие признаци, важно е возрасниот отворено да разговара со детето и да се размисли како да се подобри меѓусебното разбирање и поврзаност.

притисни ентер