Кејт Винслет се соблече топлес!

 Во петтата деценија ја раскопча кошулата пред сите и покажа што е надареност! (фото)

Кејт Винслет уште во култниот филм „Титаник“ ги покажа своите адути, а по речиси 30 години реши да го направи истото.

Познатата актерка Кејт Винслет уште еднаш се надмина себеси со нејзиниот најнов филм „Ли“ појавувајќи се целосно гола во одредени сцени. Делови од снимките, кои се појавија од сетот, предизвикаа бура меѓу фановите и медиумите, а за тоа несомнено постои голема причина.

Филмот, снимен во околината на Дубровник, ја прикажува актерката во улогата на воениот фотограф Ли Милер, која не само што се соочува со опасностите од воената зона за време на Втората светска војна, туку се бори и со сексизмот на нејзините колеги, воените дописници.

Филмот е базиран на вистинска приказна за една поранешна манекенка која „се претворила“ во воен дописник. Таа работела за магазинот „Вог“ и набргу, со прикажувањето на суровата реалност од војната преку својот објектив, станала позната. Филмот е снимен во околината на Дубровник, поточно во напуштениот комплекс Купари, кој ги носи лузните од Хрватската војна за независност.

Станува збор за британска биографска драма базирана на книгата „Животите на Ли Милер“. Филмот ги истражува комплексноста на нејзиниот живот и искуствата за време на еден од најтурбулентните периоди во историјата, нудејќи го трогателното истражување на оваа извонредна жена.

Иако Кејт важи за една од најталентираните актерки, интересот на публиката за неа најмногу се должи на филмот „Титаник“ во кој заедно со актерот Леонардо ди Каприо ја доловија вистинската љубов на еден млад љубовен пар.

Инаку, годинава се навршуваат 27 години од филмот, снимањето криело бројни анегдоти кои таа неодамна ги сподели со јавноста и со тоа повторно го разгоре интересот за себе.

Извор: srecna.republika.rs

Кинотеката ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Кинотеката денеска ќе го одбележи 27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот ПИСМО на филмскиот и театарски режисер Васил Христов – Вуси. 

До крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

-Среднометражниот игран филм ПИСМО е реализиран во 2000 година во холандска продукција. Благодарение на EYE-Filmmuseum, националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи продуцентот, кој повеќе не е активен, целата своја филмска архива ја има депонирано во EYE. На презентацијата ќе говорат преставници од Управата за заштита на културно наследство, од Кинотеката на Македонија и од инволвираните стручни лица во процесот на дигитална реставрација, а ќе биде присутен и режисерот на филмот, најавуваат од Кинотеката.

Воедно, од денеска до четврток, односно од 28 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе се прикажуваат домашни филмски наслови чие создавање и постоење треба да го потенцираме токму оваа 2024 година. Пред сè, тука се краткиот документарен ДАЕ (1979) на Столе Попов и играниот ПРЕД ДОЖДОТ (1994) на Милчо Манчевски, кои своевремено беа во трката за престижниот „Оскар“ како претставници на нашата кинематографија, а се закитија со подеднакво значајни награди и на други врвни светски фестивали – ДАЕ со „Гран при“ на МФФ во Оберхаузен, а ПРЕД ДОЖДОТ со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал. Потоа следи и партизанскиот трилер ПОД ИСТО НЕБО (1964) на режисерската двојка Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ, па комитската драма НЕЛИ ТИ РЕКОВ (1984) на Стево Црвенковски, како и документарниот првенец ОГАН, повторно на Столе Попов, од 1974 година. Сите овие филмови во 2024 година одбележуваат свој јубилеј – од премиера, од прикажување, од создавање...

27 Октомври – Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е востановен од УНЕСКО, а го одбележуваат сите светски филмски архиви, кинотеки, музеи, библиотеки и организации кои работат на полето на заштитата на аудиовизуелната граѓа, предводени од Координативниот совет на здруженија на аудиовизуелни архиви (CCAAA –Coordinating Council of Audiovisual Archives Associations). Со проекции, изложби, промоции, тркалезни маси, презентации и други настани и програми сите овие организации, тела и институции се обидуваат да го свртат вниманието кон неопходноста од заштита и сочувување на филмското наследство како дел од колективната културна меморија, наведуваат од Кинотеката.

Ахмети упатил писмо до претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски за одлуките на Уставен

Ахмети упатил писмо до претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Мицкоски за неодамнешните одлуки на Уставниот суд.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата.

Како што денеска соопштија од ДУИ, писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, кое е приложено во целост во ова соопштение, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Македонија и нејзината европска иднина, се додава во соопштението.

Во прилог: Писмото на Али Ахмети до Христијан Мицкоски

Почитуван г. Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,

Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.

Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Македонија.

Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност и демократски напредок. Секоја обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот.

Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност.

Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и взаемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност.

Во Уругвај ќе има втор круг претседателски избори

Главни теми на изборната кампања на уругвајските политички партии се пензиите и борбата против криминалот.

По пребројувањето на 90 отсто од гласачките ливчиња на вчерашните претседателски избори во Уругвај, кандидатот на левиот центар Џаманду Орси има предност пред конзервативниот кандидат Алваро Делгадо, а новиот шеф на државата ќе се избере во вториот круг, објавија денеска локалните медиуми.

Американските медиуми пренесуваат дека двајцата претседателски кандидати, Орси (57) и кандидатот на владејачката партија на десниот центар, Делгадо (55), на своите поддржувачи им порачаа дека нивната борба ќе продолжи до вториот изборен круг, закажан за 24 ноември.

Според американските медиуми, цивилизираната претседателска трка во Уругвај е исклучок во регионот и им пркоси на „тенденциите на горчливи поделби и ерозија на демократијата во многу земји од Латинска Америка“.

Главни теми на изборната кампања на уругвајските политички партии се пензиите и борбата против криминалот.

притисни ентер