Кејт Мидлтон ги измами сите? – Нови теории за здравјето на принцезата од Велс

На сите им падна во очи дека таа ги нема вообичаените последици од хемотерапијата.

Кејт Мидлтон (42) по завршувањето на превентивната хемотерапија полека се враќа на кралските обврски. На принцезата од Велс по операцијата на желудникот на средината на јануари, ѝ беше дијагностициран рак, а на крајот на март годинава објави дека боледува од рак и откри дека прима и превентивна хемотерапија.

Бидејќи палатата не се огласуваше во врска со нејзиното здравје за време на лекувањето или имаше дадено неколку кратки и нејасни изјави, на социјалните мрежи кружеа разни теории на заговор. Гласините згаснаа по нејзиното појавување на Кралскта роденденска парада, позната и како „Trooping the Colour“, со нејзиното семејство во Лондон во средината на јуни.

Коса или перика?

Еден месец подоцна, Кејт ги врачуваше трофеите по машкото финале на Вимблдон, а во средината на септември објави дека завршила со хемотерапијата.

Она што на многумина не им избега од вид е дека принцезата од Велс сè уште ја има својата долга, густа коса, како да не примала ни цитостатици.

Ова покрена нова теорија на заговор на социјалните мрежи, па дури и прашањето дали таа воопшто била на хемотерапија.

- Ми падна косата по само неколку хемотерапии. Само се прашувам зошто нејзе не ѝ падна косата после толку месеци хемотерапија. Дали мислите дека носи перика или постои хемотерапија од која не ви паѓа косата? – прашала некоја девојка која лично ги доживеала страшните последици од хемотерапијата.

Следеа многубројни, различни коментари.

- Верувам дека носи некоја нова перика „од парчиња коса“ која изгледа сосема природно.

- Можеби ѝ направиле перика од косата пред да почне со терапијата, затоа не се гледа разликата.

- Кејт повторно нè излажа сите!

- Фризерите намерно ѝ прават пунџи како што носеше некогаш за да ја убедат јавноста дека тоа е нејзината коса - беа само дел од коментарите на мрежите.

Објаснување дала Керолин Герети, медицинската сестра која работи во Центарот за лекување на рак во Велика Британија.

- Сè зависи од тоа каков тип на хемотерапија се користи. Само одредени видови на цитостатици предизвикуваат опаѓање на косата бидејќи делуваат на клетките. Во некои случаи, косата само се истенчува, но не паѓа. Сето тоа е привремено, бидејќи дури и ако ви падне косата, таа почнува да расте многу брзо откако ќе заврши хемотерапијата. Бидејќи не се објавени детали од превентивната хемотерапија на која се подложила принцезата од Велс, можно е лековите што ги земала да не се доволно силни за да предизвикаат опаѓање на косата - објаснила таа, а пренесува Story.hr.

И кралот Чарлс, кој исто така се лекува од рак, но не е познато од кој вид, не ја загуби косата, иако најверојатно е на хемотерапија. Многумина веруваа дека кралот прима специјални лекови кои не влијаат на опаѓањето на косата. Сепак, извор близок до британскиот монарх тврди дека нема мистерии кога е во прашање третманот на кралот Чарлс.

- Не се работи за никакви пионерски процедури, напротив, методот на лекување што го користи кралот е достапен за секој пациент кој боледува од рак. Третманите се високо развиени и софистицирани на начин на кој претходните методи на лекување не беа – објаснува изворот близок до британскиот монарх.

Општина Центар и Нула Отпад во еко акција за правилно селектирање на е-отпадот

Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под  мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “  ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.

Во рамките на овој заеднички проект, во сите основни училишта во општината е поставена за инфраструктура од контејнери ситен електронски отпад и отпадни батерии, а од 1-14 октомври се предвидени работилници наменети за едукација на децата за собирање и селектирање на овој вид отпад.

На работилниците во ООУ „Киро Глигоров“ наменети за второоделенците денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

„Децата од мали нозе стекнуваат навики за правилно постапување со електронскиот и други видови отпад. Тие брзо учат како да собираат и селектираат и во тој поглед се посовесни и поодговорни од возрасните. Јас, како градоначалник, давам целосна поддршка на вакви акции што придонесуваат кон заштита на нашето здравје и околината“, рече Герасимовски.

Паралелено со едукацијата на децата како еко амбасадори кои пораката ќе ја пренесат дома, достапна услуга за селекција и рециклирање на овој вид на отпад за граѓаните е Еко Линијата 070 236 000, каде граѓаните секој ден можат да пријават и погабаритен стар електричен или електронски отпад од своите домови и компании, и истиот да биде бесплатно преземен и правилно третиран без да биде закана по здравјето на луѓето и квалитетот на животната средина воопшто.

Здружената акција на Општина Центар и Друштвото за управување со отпад “Нула Отпад” се спроведува во пресрет на 14 Октомври, Меѓународниот ден на електронскиот отпад.

Општина Центар

Мицкоски жали што Ахмети ја споредил својата партија со гума за спасување

Ахмети се навикнува во  опозиција, и му треба адапатација, ова е одговорот на министерот Таравари на повикот на Ахмети ВЛЕН да излезе од Владата .

Таравари утринава со премиерот Мицкоски го промовираа новиот апарат за магнетна резонанца.

Мицкоски рече дека жали што Ахмети ја ја споредил својата партија со гума за спасување и и порача на Демократската унија за интеграција да се реформира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко фрикасе

Во среда (02.10.2024) во емисијата гостин ни беше Анита Даева

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. ориз

2 парчиња пилешки стек

250 гр. козервирани печурки

1 главица кромид

2 моркова

1 пиперка

2 - 3 чешниња лук

200 мл. бело вино

2 - 3 лажици кари

малку масло

сув зачин и бибер по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер