Кава од Полска противничка на Ѓорческа во првото коло од квалификациите на АО

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа настапот во квалификациите на Австралија опен во Мелбурн ќе го почне против полската тенисерка Катарина Кава. 

Ривалката на Ѓорческа има 31 година и се наоѓа на 197. место на ВТА ранг-листата во поединечна конкуренција, додека во двојки е рангирана на 115. место.

Пред заминувањето за Мелбурн, Ѓорческа истакна дека е задоволна од резултатите во претходната година, кои воедно и овозможија настап на Австралија опен.

Плановите на Лоина за оваа година и се настап на сите четири Грен слем турнири, како и да се обиде да го подобри својот пласман (најдобар ранг во кариерата и е 170. место остварен на 12 јуни 2017 година).

Мечот Ѓорческа – Кава е планиран да се игра во вторник. /МИА

Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница

Индиската морнарица вчера тестираше балистичка ракета со дострел од 3.500 километри што може да носи и нуклеарно оружје од нејзината најнова нуклеарна подморница „INS Arighaat“.

Соодветното тестирање на ракетата К-4 ќе ја потврди способноста на Индија да одговори на нуклеарен напад со силна нуклеарна одмазда, јавуваат индиските медиуми.

Разбирливо е дека индиската морнарица сега ќе спроведе дополнителни тестови на ракетниот систем.

Ракетата К-4 беше развиена од Организацијата за истражување и развој на одбраната (DRDO) за вооружување на индиските нуклеарни подморници. Земјите како САД, Русија и Кина веќе поседуваат SLBM (балистички ракети лансирани од подморница) со дострел од над 5.000 километри.

„INS Arighaat“, подморница тешка 6.000 тони, е најновата индиска нуклеарна подморница, ја зајакнува способноста на земјата да одговори на нуклеарен напад со моќна нуклеарна одмазда. Првата нуклеарна подморница „INS Arighaat“, која беше пуштена во употреба во 2016 година, е вооружена со ракети К-15 со дострел од 750 километри.

Третата подморница од овој тип ќе биде поголема и поспособна од сегашните две подморници. Според индиските медиуми, се очекува да биде претставен следната година. Минатиот месец, Кабинетската комисија за безбедност (CCS) одобри изградба на уште две нуклеарни подморници за зајакнување на присуството на Индија во регионот.

Приватните превозници со најавија блокади, Славевски им се закани со булдожери

Приватните превозници се заканија со блокади на улиците , Славески им врати дека ќе бидат отстранети со булдожери... 

Тие бараат, покачување на цената од изминат километар, бидејќи со постојната од 70 денари не можат да егзистираат. Ако заклучно со викеднов не се прифатат нивните барања и не се закаже вонредна седница на советот, во понеделник наутро ќе ги постават автобусите на крстосницата во Автокоманда, кај Народна Банка и на мостот кај Нерези

Градоначалничката Арсовска тврди дека веќе дала позитивно мислење за иницијативата на приватиниците, на што претседавачот на советот Славески и одговори дека прво треба да достави соодветни анализи од стручните служби. За Советничмката ирена витина целокупната состојба со јавниот превоз е политички оркестрирана од страна на власта за како што вели создавање на хаос

Граѓаните од друга страна пак апелираат да завршат политичките препукувања и конечно да се изнајде решение за градскиот превоз, оти велат и утринава се соочиле со метежи на постојките и доцнење на автобусите, бидејхчи од утринава приватните превозници не собраќаат.

Во меѓувреме, тендерот на ЈСП за набавка на гориво се затвора на трети декември, па засега останува мистерија дали и колку добавувачи се пријавиле и дали Скопје повторно ќе остане без јавен превоз или пак и натаму автобусите ќе се снабдуваат од стоковите резерви на државата.

Битиќи до Мицкоски: Зошто ја криете правната основа за инвестициите?

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати директни прашања до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи одговори за транспарентноста во процесот на привлекување странски инвестиции и доделувањето поволности на инвеститорите, притоа нагласувајќи дека транспарентноста не е само етички принцип, туку и основа за доверба и заштита на јавниот интерес.

Битиќи потсети на проектот за ветерниот парк на Алказар Енерџи, вреден 500 милиони долари, кој треба да биде еден од најголемите во регионот, притоа појаснувајќи дека таквите проекти се добредојдени, но со нив секогаш се поврзува и потребата од транспарентност, која е основа за доверба, како и обврската да се заштити јавниот интерес.

„Граѓаните имаат право да знаат: според која правна основа се реализира оваа инвестиција? Кои поволности се предвидени за инвеститорот и ако се доделени, на која седница на Владата истите се одобрени? Транспарентноста во овој контекст не е само етички принцип, таа е и основа за осигурување дека одлуките се донесуваат соодветно и во интерес на сите граѓани“, му порача на премиерот Мицкоски, пратеникот Битиќи, притоа потсетувајќи го дека Северна Македонија веќе има Закон за стратешки инвестиции, создаден токму за вакви случаи.

Битиќи потсети дека овој закон обезбедува јасно дефинирани процедури и критериуми за инвестиции кои имаат големо значење.

„Зошто овој закон не е применет за проектот на Алказар Енерџи? Дали причината лежи во прецизираните процедурите или во избегнување на деталните анализи што ги бара законот и прескокнување на чекори кои се од огромна важност за транспарентноста на инвестициите од овој тип?“, праша Битиќи и додаде дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ како опозиција спречи транспарентни и законски 786 милиони евра инвестиции во енергетиката.

„Дополнителен пример за недостатокот на транспарентност е и договорот со „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени. Првично најавената инвестиција од 13,5 милиони евра и 530 работни места на крајот се намали на 8,5 милиони евра и 200 вработувања. Господине премиер, што се случи во меѓувреме? Кои поволности беа укинати или доделени на инвеститорот? “, праша Битиќи и упати порака до премиерот Мицкоски дека овие прашања се важни не само за конкретните проекти, туку и за градењето на систем кој ќе обезбеди фер и транспарентни услови за сите инвеститори, се наведуива во партиското соопштение.

притисни ентер