Јункер: Западен Балкан повеќе се гледа во ЕУ, отколку нејзините членки

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Стразбур изјави дека земјите на Западен Балкан повеќе се гледаат во ЕУ, отколку нејзините членки.

Тој нагласи дека секој партнер од регионот мора да го продолжи својот реформски пат, посебно во областа на владеење на правото и основните слободи.

Потсетувајќи дека го посетил Западен Балкан пред неполни две недели, Јункер на пленарната седница на Европскиот парламент изјави дека тоа било незаборавно патување од многу причини, а најголем впечаток му оставиле страста и убедувањето во ЕУ, пренесува Европската комисија.

Јункер изјави дека тоа му го обновило чувството за надеж во регионот, ако “драматичен регион“ како Западниот Балкан е одлучен да се реформира од дното до врвот и да се приклучи на ЕУ, тогаш Унијата мора да биде достојна овој регион да биде дел од неа.
„Западниот Балкан јасно гледа во нас многу повеќе од тоа што ние гледаме во нашата Унија. Сакам да ја видам истата верба во нашата Унија ширум 27 членки“ – истакна Јункер.

Како што додаде, уште многу работи треба да се направат на Западен Балкан, сите билатерални конфликти мора да бидат разрешени и потребно е поголемо единство.


Јункер нагласува дека секој партнер од Западен Балкан мора да го продолжи својот реформски пат, посебно кога станува збор за владеењето на правото и основните слободи и вредности.

„Како што им реков на сите лидери во регионот, нема да има забрзување (на патот кон ЕУ). Ние ја ставаме суштината пред брзината. На секој случај ќе гледаме според заслугите без фиксни датуми или рокови“ – изјави претседателот на Комисијата.

„Сепак, се вратив од патот поуверен од било кога дека ова е нашата заедничка иднина. Станува збор за помирување на нашата историја и географија“ – додаде Јункер.

Како што напомена, тоа и причината ЕУ повеќе да се фокусира на посилна, подемократска и пообединета ЕУ.

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер