Јовановски: Жалосно е да живееме во енормно загаден град, единствен прогрес за жал се жртвите

Еко активистот Горјан Јовановски во разговор за Канал 5 алармира на последиците од аерозагадувањето кое е штетно по здравјето на граѓаните. 

Единствено прогресираат жртвите секоја година поради аерозагадувањето, никакви конкретни мерки не се презедоа ниту било каква конкретна заштита кон населението, поразително е да живееме во град кој не сака да направи ништо за да ги подобри и спаси нашите животи – реагираа еко-активистот Горјан Јовановски на повторното аерозагадување.

Очекува сериозни контроли на индустријата и мерки за домаќинствата, а бара и одговорност за ваквите состојби, бидејќи, според него, неказнивоста само придонесува за влошување на состојбата.

Во видеото погледнете го целиот разговор на Дејан Трајковски со еко активистот Горјан Јовановски.

Исправете се веднаш!- Неочекувани симптоми предизвикани од лошото држење на телото

Лошото држење на телото не е само естетски проблем; тоа има долгорочни последици врз бројни аспекти на нашето здравје за кои не сме ни свесни.

Важно е да бидете свесни за важноста на правилното држење на телото како дел од секојдневната здравствена заштита и веднаш да се исправите бидејќи долгорочното лошо држење е тесно поврзано со бројни други заболувања кои ги чувствуваме без да бидеме свесни за нив.

Постојаното подгрбавеност носи бројни последици, а еве кои пет непријатни симптоми и болки најверојатно се поврзани со тоа што постојано одиме како да носиме десет килограми тежина врз грбот, а исто така седиме.

Дигестивни проблеми

Многумина не се свесни дека лошото држење може значително да влијае на дигестивниот систем. Кога телото е подгрбавено, се намалува просторот во абдоминалната празнина, а тоа може да предизвика притисок врз органите за варење. Ова го успорува варењето, што може да доведе до непријатност, надуеност, па дури и хронични проблеми како синдром на нервозно дебело црево (IBS). Исто така, подгрбавеноста може да предизвика рефлукс на киселина особено после јадење.

Влијание врз дишењето и капацитетот на белите дробови

Нашето држење директно влијае на респираторниот систем, иако ова можеби не е очигледно на прв поглед. Свитканото држење ги компримира градите, го намалува просторот на белите дробови и го спречува целосниот капацитет за дишење. Како резултат на тоа, телото добива помалку кислород, што може да предизвика чувство на замор, намалена концентрација и пад на енергијата во текот на денот.

Покрај тоа, помалку кислород во телото негативно влијае врз работата на мозокот и другите органи бидејќи кислородот игра клучна улога во нивното правилно функционирање.

Хронични главоболки и напнатост во вратот

Кога главата е навалена напред или рамената се свиткани надолу, мускулите на вратот и горниот дел од грбот работат понапорно отколку што би требало за да ја поддржат тежината на главата. Поради постојаната напнатост на овие мускули, често се јавуваат главоболки и мигрени, кои можат да станат хронични. Затегнатите мускули, исто така, ја намалуваат циркулацијата на крвта во пределот на вратот, што дополнително може да ја влоши главоболката и да предизвика замор.

Влијание врз расположението и менталното здравје

Изненадувачки е колку држењето може да влијае на нашата емоционална состојба и менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека подгрбавеноста може да ги зголеми чувствата на стрес, депресија и анксиозност. Кога стоиме или седиме исправено, телото природно испраќа сигнали до мозокот поврзани со подобро расположение и самодоверба.

Подгрбавеното држење на телото, од друга страна, може да предизвика чувство на несигурност и тага, што може дополнително да биде појачано во стресни ситуации.

Влијание врз зглобовите и мускулите на целото тело

Кога сме стуткани, телото не е во својата природна рамнотежа, што доведува до нерамномерно оптоварување на мускулите, лигаментите и зглобовите. Со текот на времето, ова може да предизвика болки во долниот дел на грбот, колената, колковите, па дури и зглобовите, бидејќи секој дел од телото се обидува да ги компензира неправилностите.

Мајка задремала и кога се разбудила ѝ го снемало 5- годишниот син, три дена нема трага од него

Мајка која се разбудила по попладневната дремка во мирен град во Орегон видела дека нејзиниот 5-годишен син со аутизам е исчезнат, соопшти полицијата.

Џошуа Џејмс Мекој (5) исчезнал од својот дом во округот Кус, Орегон на 9 ноември и оттогаш не е виден.

Неговата мајка на полицијата ѝ рекла дека во саботата околу 13 часот отишла да спие со момчето, но дека тој не бил во куќата кога се разбудила околу 17.30 часот.

Канцеларијата на шерифот на округот Кус започнале потрага следниот ден. Полицијата соопшти дека пронашле траги, но ништо дефинитивно. Тие не кажале ништо повеќе за претресот, пренесува Daily Mail.

„По завршувањето на првичната проценка, локалните тимови почнаа да ги пребаруваат околните области и нивните напори се интензивираа утрото на 10 ноември, користејќи беспилотни летала, надзор и детективи“, велат тие во ажурирањето вчера вечерта.

Одделот додаде дека „ништо не е исклучено во овој момент и тие ги разгледуваат сите опции“.

„Се надеваме дека Џошуа ќе биде пронајден жив и здрав“, додаваат тие.

Полицијата ја замоли јавноста да се држи подалеку од областа за пребарување бидејќи е загрижена дека доказите може да бидат уништени.

Германец си ја убил и ограбил сопругата и избегал со љубовницата од Романија, ги уапсиле

Германец, осомничен дека заедно со љубовницата од Романија ја убил сопругата во Германија, бил уапсен на граничниот премин меѓу Романија и Унгарија, кога се обидел да побегне од земјата.

Според медиумите, Германецот (39) живеел со сопругата (68) во германскиот град Трир. Тие двајца често изгледале како совршено семејство, но реалноста била поинаква, објавија романските медиуми.

Германецот водел двоен живот и имал љубовница, жена (36) од Романија, со која смислил план да ја убие сопругата.

Телото на несреќната жена го пронашол роднина пред една недела во нејзиниот стан и веднаш повикал полиција. Обдукцијата покажала дека се работи за убиство.

За убиството се осомничени нејзиниот сопруг и неговата љубовница, кои веднаш по злосторството побегнале во Романија.

Окружниот суд во Трир издал европска потерница поради сомневање за заедничко убиство. Во соработка меѓу германските и романските власти, осомничените биле уапсени во Романија минатиот петок.

Јавното обвинителство во Трир, наводно, побарало екстрадиција на обвинетите во Германија. Одлуката сега е на романските судски власти.

Според романските медиуми, двајцата по убиството се сокриле во стан во романскиот град Сату Маре. Меѓутоа, кога мажот се обидел да ја напушти земјата преку граничниот премин со Унгарија, едноставна контрола му ги расипала сите планови. Згора на тоа, по проверка на багажот на осомничениот, полицијата пронашла сто грама дрога.

Неговата љубовница и соучесничка набрзо биле фатени од агентите и двајцата сега се зад решетки.

Се сомнева дека ја убиле жената од алчност. Од станот се украдени пари, накит и други вредни предмети, додека истрагата продолжува.

притисни ентер