Јанчев: Уште две нови игралишта, скијачки центар Михајлово станува реалност

Кавадарци добива уште две нови игралишта, ракометно и кошаркарско!

Започна асфалтирањето на игралиштата кои се во склоп на новиот парк во СОЗШУ ,,Ѓорче Петров’’ Кавадарци.

Ракометно и кошаркарско игралиште со вкупна површина од 1500м2, комплет со конструкција за кошеви и гол, каде што се изведени и пешачки патеки, осветлување, озеленување и систем за наводнување.

Изведувач на работите е фирмата Павер Трејд, а вкупната вредност на договорот е 9.870.000 денари.

Кавадарци за сите, стои во објавата на градоначалникот Митко Јанчев.

Скијачкиот центар Михајлово станува реалност за жителите на Општина Кавадарци, соопшти градоначалникот Митко Јанчев.

Се очекува оваа сезона да биде ставен во фукнција.

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 93,2 процента од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, соопшти ДЗС.

Во однос на е-трговијата, 19,7 отсто од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, додека 18,9 проценти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба. /МИА

Две невакцинирани деца починаа од голема кашлица во Србија, се зголемува бројот на заболени

Во Србија од почетокот на годинава до крајот на септември пријавени се 1.483 случаи на голема кашлица, од кои 14 во септември, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштенеито, од почетокот на годинава се пријавени два смртни случаи предизвикани од голема кашлица кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци.

Најголем број заболени се пријавени во јануари, а од март е регистрирано намалување на бројот на заболени.

Најголем број случаи се регистрирани кај возрасните групи на лица постари од 20 години, односно на возраст од 10 до 14 години, додека највисока возраст на специфична стапка на инциденца е забележана во возрасната група на доенчиња помали од 12 месеци и кај децата на возраст од 10 до 14 години.

Од вкупниот број пријавени случаи, 140 (9,4 отсто) се хоспитализирани, од кои најголем број хоспитализирани се во возрасната група помлади од 12 месеци (101 случај или 72,1 отсто од хоспитализираните).

Најголем број случаи на голема кашлица во однос на местото на живеење се пријавени од територијата на Јужнобачкиот округ и градот Белград, каде што се регистрирани и највисоки стапки на инциденца.

Извршен вонреден инспекциски надзор во кумановската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти денеска в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. 

Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво на Македонија ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

- Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.

- Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Од ЈОРМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

притисни ентер