Израел и Хамас подготвени за нови преговори во Катар, овој пат со големи шанси за успех

Израел и Хамас планираат да испратат преговарачи во Катар и да ги продолжат разговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.  

Заливската држава, заедно со САД и Египет, посредува во разговорите, бидејќи Израел и палестинската милитантна група Хамас одбиваат директно да разговараат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одобри испраќањето на преговарачка делегација. Хамас соопшти дека планира да испрати свои преговарачи, а висок функционер на групата изрази оптимизам.

-Постојат добри изгледи овој пат преговорите да бидат успешни, изјави Муса Абу Марсук за катарската организација Ал-Араби Ал-Џадид.

Тој не откри на што го темели својот оптимизам. Ќе биде тешко да се постигне компромис, бидејќи и Израел и Хамас сакаат меѓусебно да се уништат.

Израел бара список со имињата на живите заложници заробени во Газа. Хамас објави дека му е потребна пауза во борбите за да се утврди локацијата и здравствената состојба на заложниците, што Израел го смета за изговор, пренесуваат медиумите.

Војната започна со напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, при што загинаа околу 1.200 луѓе и беа заробени околу 250.

Според палестинските податоци, од почетокот на војната во Газа се убиени над 45.500 лица.

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик

 Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик.

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Пд мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање утре напладне во Скопје и други градови низ земјава, ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во Скопје се очекува да биде формирана досега најдолгата бадникова поворка, а за дечињата се подготвени повеќе од 3.500 коледарски пакетчиња.

Поворките ќе тргнат пред Музејот на Град Скопје, со движење низ улицата „Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде што ќе се одржат голем Божикен концерт, креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото раѓање.

На плоштадот во Скопје уште претходно беше поставена пештера на Христовото раѓање, создадена од врвни уметници и волонтери,

- Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото раѓање, порачаа од Здружението „Бадникови поворки“.

[Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 6 јануари, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.]

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик./МИА

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција.

Првиот асфалт на експресниот пат Страцин – Крива Паланка е поставен уште во 2023 година.

Од увид во веќе започнатиот процес за асфалтирање има слики и објава на официјалната

Фејсбук страница на Јавното претпријатие за државни патишта на 23 ноември 2023 година.

(Лини до објавата: https://www.facebook.com/share/p/12J4Jdn9MSx/ )

Китењето со туѓи перја е едно но ова патолошко лаже ДПМНЕ зборува за нив и покажува колку се неспособни па мора да измислуваат дека нешто направиле.

За експресниот пат Страцин – Крива Паланка ДПМНЕ само пресече лента и направи неколку стотина метри асфалт и ништо друго. А како опозиција го блокираше проектот во Собранието.

Проектот за експресниот пат Страцин – Крива Паланка беше почнат во 2018 година, првиот асфалт беше поставен во 2023 година и над 90% беше завршен до првата половина на 2024 година, во време на СДСМ.

Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше да се заврши уште во 2024 година.

Очекуваме и Мицкоски и ДПМНЕ денеска да излезат и да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа.

СДСМ

Бајден го врачи престижниот „Претседателски медал на слободата“ на голем број познати личности

Американскиот претседател Џо Бајден им го врачи престижниот „Претседателски медал на слободата“ на голем број познати личности.

На церемонијата во Белата куќа, американскиот претседател ја додели највисоката цивилна награда на пејачот и активист Боно, кошаркарската легенда Меџик Џонсон, модната кралица Ана Винтур, актерите Дензел Вашингтон и Мајкл Џеј Фокс и модниот дизајнер Ралф Лорен.

Исто така, им оддаде чест на посветени поединци како готвачот Џози Андрис, основач на невладината организација World Central Kitchen и Џејн Гудал, водечки глас во областа на заштитата на животната средина.

„Навистина извонредни луѓе кои го дадоа своето драгоцено време за да ја обликуваат културата и каузата на Америка“, рече Бајден.

Осумдесет и двегодишниот демократ одликуваше и неколку други политички личности. Престижниот медал го доби и финансиерот и филантроп Џорџ Сорос. На церемонијата во негово име ја примил неговиот син. Демократката Хилари Клинтон, која беше претседателски кандидат на изборите во 2016 година, исто така беше наградена за „оставањето белег на светот“.

Престижната награда ја доби и Лионел Меси, аргентинскиот фудбалер и напаѓач, но тој не присуствуваше на церемонијата.

Џо Бајден, исто така, постхумно му оддаде чест на политичарот Џорџ Ромни, таткото на републиканскиот сенатор Мит Ромни, како и на Роберт Френсис Кенеди. /МИА

притисни ентер